Тодор Александров - биографија

Тодор Александров е роден е на 4 март 1881 година во Ново Село, Штип. Завршил Педагошко училиште во Скопје (1897-98) и учителствувал во Кочани, Виница и Кратово, каде што и во исто време бил еден од дејците на ТМОРО.

Во почетокот на 1903 година бил назначен за околиски раководител во Кочанскиот реон. Како резултат на предавство, на 3 март 1903 г. е осуден на 5 години затвор и испратен на отслужување на казната во скопскиот затвор Куршумли ан. По 13 месеци, во април 1904 г. бил амнестиран. Истата година бил назначен и за главен учител во Ново Село, Штип. На 10 јануари 1905 г. стапува во четата на Мише Развигоров како секретар на четата.

По убиството на Развигоров, станал секретар на кочанскиот околиски војвода Симеон Георгиев Клинчарски. На Третиот конгрес на Скопскиот револуционерен округ (ноември 1907), е избран за еден од окружните војводи на овој округ. За време на Хуриетот не го предал оружјето и се повлекол во илегала.

Во почетокот на 1911 год., заедно со Христо Чернопеев и Петар Чаулев бил избран за член на Централниот Комитет на обновената ВМРО.

Со своја чета учествувал во Првата балканска војна. По Првата светска војна, зел учество на страната на реакцијата во военофашистичкиот преврат на 9 јуни 1923 г. и во задушувањето на Септемвриското антифашистичко востание од истата година.

Сакајќи да постигне единство во Организацијата и да ги помири левите и десните струења, во 1924 год. во Виена го потпишува Мајскиот манифест. После негативната реакцијата на целата јавност, Т.Александров го повлекува својот потпис. Напуштен од своите дотогашни пријатели и предаден, бил убиен кај село Лопово (Мелничко), на пат да присуствува на Конгресот на Серскиот револуционерен округ, на 31 август, 1924 г.

Тодор Александров - слики

Тодор Александров - цитати

Тодор Александров - The Times

A revolutionary chief

No comments: