April 10, 2009

Тамо долу крај Белото Море

ТАМУ ДОЛУ КРАЈ БЕЛОТО МОРЕ

Тамо долу крај Белото Море,
тамо е браќа мојот роден крај.
Тиран дојде, нас не пропади,
па скитаме по целиот свет.
Оооо, Македонијо, моја земјо напатена!

Уште памтам браќа бежанците,
со очи тажни, срца ранети.
Напуштија родно огниште,
па тргнаја в земји далечни.
Оооо, Македонијо, моја земјо напатена!

Уште памтам браќа Македонци,
Кукуш, Делчев и Бело Море.
Ќе го памтам пусто Еди Kуле,
тоа сотре многу герои.
Оооо, Македонијо, моја земјо напатена!

Дали еднаш пак ќе се вратам
во нашиот мил роден крај?
Дали еднаш сoнце ке огрее
тамo долу в Македонија?
Оооо, Македонијо, моја мила земјо родена!
Оооо, Македонијо, моја земјо напатена!



Гоце Делчев - цитати

Гоце Делчев - биографија

Delchev's death in NY Times

Гоце Делчев - видео

Гоце Делчев - слики

No comments: