Showing posts with label Христијанство. Show all posts
Showing posts with label Христијанство. Show all posts

March 2, 2016

Fresco-painting, Icons and Carvings in Macedonia

Fresco-painting, Icons and Carvings in Macedonia

The Macedonian medieval artistic treasury is a subject of numerous research works performed by the Macedonian and world historians of art. The scientific research works present that the Macedonian fresco-painting, iconopainting and carving with their representative specimen are considered to be supreme world achievements. No anthology of icons could be conceived without works created in Macedonia. The connoissance of the Macedonian fresco-painting is a condition for comprehension of the general development of the Byzantine mural painting.

The beginnings of the mural painting were connected with the appearance of the monumental Christian architecture. After four century long pause, monuments and works of supreme artistic values appeared in the 11th century. These are: the church "St. Sofia" in Ohrid with the best preserved fresco-composition in the whole Byzantium from the 11th century, "St. Panteleymon" at Nerezi - Skopje, "St.George" at Kurbinovo and "St. Leontie" at Vodocha - the monuments that signify the period of the Komnen dinasty.

The development of the Macedonian art is the most evident in the turbulent 13th century and the beginning of the 14th century during the activities of the well-known fresco-decorators (zografs) Michael and Eutuchius - inaugurators of new fresco-decorative canons. Their supreme artistic achievements were realized on the walls of the churches "St. Bogorodica Perivleptos" in Ohrid ("St. Clement" nowadays), "St. Nicolas" in Skopska Crna Gora and "St. George" in Staro Nagorichane. The fresco-decorations and the icons of Jovan and Makarie, created by the end of the 14th century, as well as the painting in the "Monastery of Mark" near Skopje, inframe the immense opus in the medieval painting.

The Macedonian medieval frescoes and icons are characterized with monumental figures and composition, animated drawings, rich and refine colors.

The creation of fresco-decoration in the Macedonian churches continued in the following centuries. Those decorations were of minor value. Some artistic paintings done by contemporary painters are based on the rich and abundant Byzantine tradition.

Among the numerous connoisseurs of the medieval art in Macedonia are: Dimche Kotso, Tsvetan Grozdanov, Konstantin Petrov, Kosta Balabanov, Petar Miljkovich etc.

After Petar Delyan was proclaimed a czar, as a successor of the Samoil’s tradition, he received his relative Alussianus (a miniature of the Chronicle of Skilitsa-Kedrin).

“Annunciation”, the litany icon from the 14th century, a famous piece of art of the Ohrid fresco-painting school of Michael and Eutychios.(The Gallery of Icons - Ohrid)

“St. Matthew” - the famous icon of the Ohrid painting school painted by the fresco painters Michael and Eutychios, 1295 - 1317.(“St. Clement” church - The Gallery of Icons in Ohrid nowadays)

The monastery “St. Panteleymon” in the village of Nerezi near Skopje, erected in 1164, a memorial of Alexey Angel, the duke of Skopje, from the Byzantine dynasty of the Komnens. The fresco-painting is one of the greatest achievements of the Macedonian medieval painting art from the second half of the 12th century.

The Bitola Triodion, the second half of the 12th century, a transcript of a Glagolitic original, Macedonian language redaction, on parchment. It is found near Bitola (the Library of the Bulgarian Academy of Sciences - Sofia, No. 38). This manuscript is significant for the historical dialectology of the Macedonian language as it reflects the colloquial language of Western Macedonia.

The fragment from the prominent fresco-composition “The Descent from the Cross” in “St. Panteleymon” church in Nerezi (near Skopje)

The Dobreysho Fourfold Gospel, the beginning of the 13th century, a Macedonian language redaction, an oblique capital script with semi-capital elements and profuse illumination, on parchment. It reflects the language of South-Western Macedonia. (the National Library “Cyril and Methodius” - Sofia, No. 307; The National Library - Belgrade, No. 214)

The Floral Triodion, a Church Slavic Manuscript, a Macedonian language redaction, the end of the 13th - the beginning of the 14th century, non-calligraphic Cyrillic capitals on parchment. It originates from the Prespa District.(The Archives of Macedonia - Skopje,No.1)

The imperial doorway - a portal in wood-carving on the iconostasis in “St. Naum” church, 1711

The Kratovo Fourfold Gospel, a manuscript of the prominent Kratovo Literary School in Macedonia, the second half of the 14th century, written with calligraphic capitals.(The National and University Library “St. Clement of Ohrid”, manuscript 20)

The Macedonian Prominent Gospel of Yovan the priest, the end of the 12th - the beginning of the 13th century, capital Cyrillic script on parchment, with orthography typical for the Macedonian Old Church Slavic manuscripts from this period.(The Archives of the Croatian Academy of Sciences and Arts - Zagreb III, 1)

Copyright The Archive of MACEDONIA

May 21, 2015

Македонските епископи биле на првиот собор во Никеја и на осветувањето на црквата во Ерусалим!

Блаже Миневски

Во мај се навршуваат 1690 години од Првиот вселенски собор во Никеја, а Македонската православна црква, иако била присутна со тројца архијереи на овој историски чин, очигледно с` уште не е на списокот цркви што ќе го слават овој значаен настан од црковната историја на христијанството. Првата европска земја која ја посетил апостол Павле и првата европска земја каде што се проширило Христовото учење формално с` уште не е дел од христијанска Европа, а парадоксот да биде уште поголем с` уште нема ни своја призната црква, иако е прва европска земја во која се проширило христијанството! Станува збор за истата оваа Македонија, односно истата оваа Европа, која не само што не ги почитува двата основни факти на својата христијанизација туку бара земјата од која го примила христијанството да се прекрсти, всушност самата да изврши распнување на крстот што доброволно ќе си го однесе на својата Голгота. Врз основа на расположливите изворни податоци, а тука пред се влегуваат текстовите од Новиот завет, житијата на христијанските маченици во и од Македонија, како и црковните документи од IV - VII век, но и оние кои се датирани подоцна, може да се заклучи дека ширењето на христијанството на територијата на Македонија почнало многу рано, уште во средината на I век и истото е тесно поврзано со мисионерската дејност на апостолот Павле. Според д-р Драган Зајкоски од Институтот за национална историја во Скопје, новозаветните библиски текстови соопштуваат дека апостолот Павле бил првиот христијански мисионер што ја посетил Македонија проповедајќи го Христовото учење. Со цел да го проповеда и шири христијанството, не само меѓу Хебреите туку и меѓу паганите, апостол Павле презел три мисионерски патувања, посетувајќи повеќе градови во денешна Мала Азија, Македонија и Хелада.

Првата посета на апостолот Павле

Својата прва посета на Македонија апостол Павле ја остварил за време на неговото второ мисионерско патување. Упатувајќи се во внатрешноста на Мала Азија, по патот посетувајќи ги христијанските општини основани за време на неговото прво патување, апостолот пристигнал во градот Александрија во Троада, дваесетина километри јужно од Троја, каде што се запознал со идниот евангелист Лука. Според новозаветниот текст под наслов ,,Делата на светите апостоли“, а чиј автор е токму Лука, токму овде, во Александрија, Павле добил откровение дека треба да оди и да проповеда во Македонија. Ако ги изземеме митските елементи карактеристични за библиските текстови, оваа епизода упатува на претпоставката дека апостолот Павле имал можност поконкретно да се запознае со податокот дека во неколку македонски града има поголеми хебрејски заедници, финансиски моќни и политички влијателни, меѓу кои можеби има и извесен број христијани конвертити. Токму затоа решил од Мала Азија да се упати на европска почва, во Македонија, претпоставувајќи дека ќе има успех во проповедањето на Христовото учење среде хебрејските заедници во македонските градови. Веднаш по наведеното провидение, апостолот Павле со своите соработници Сила, Тимотеј и Лука, се упатил во Македонија, пристигнувајќи најпрво во Kавала а потоа заминувајќи во македонскиот град Филипи. Според д-р Зајкоски, поаѓајќи од овој податок, со полно право се смета дека Македонија е првата европска земја што ја посетил апостол Павле и воедно првата европска земја во која се проширило Христовото учење. Притоа, првиот посериозен успех во проповедањето на христијанството на македонска почва, апостолот Павле го имал токму во Филипи. Во првите денови од неговото доаѓање во градот со своите проповеди успеал да преобрати во Христовата вера повеќе жители на Филипи. Библиската традиција вели дека прва која го прифатила христијанството била Лидија, продавачка на црвени ткаенини, која, заедно со целото свое семејство, ја прифатила христијанската вера, но им понудила и сместување на апостолот и неговите придружници. Новозаветните текстови соопштуваат дека христијанската вера за релативно кус период била прифатена од значителен број Македонци, граѓани на Филипи. На тој начин, во македонскиот град Филипи била формирана првата христијанска општина во Европа основана лично од апостолот Павле. Веднаш потоа, по престојот и проповедањето во Филипи, апостолот Павле, заедно со Сила и Тимотеј заминуваат за Солун каде што имало голема хебрејска заедница, и каде повторно со успех го проповедаат христијанското учење. На патот за Солун ги посетиле градовите Амфипол и Аполонија. Иако нема изворни податоци сепак може да се претпостави дека Павле и во овие градови одржал проповеди, покрстувајќи засега непознат број верници.

По пристигнувањето во Солун, Павле најпрво ги почнал своите проповеди меѓу локалните Хебреи, силна заедница во градот. Тој во прво време проповедите ги држел во хебрејската синагога ширејќи го Христовото учење. Меѓутоа, не се ограничил само на проповед во локалната хебрејска заедница туку, напротив, според својата добро востановена практика, тој во христијанството преобратил и голем број друго нехебрејско македонско население, жители на Солун и околината. Според д-р Зајкоски, апостол Павле, запознавајќи се со состојбите во хебрејската заедница во Солун, сфатил дека Хебреите нема лесно да го прифатат христијанското учење па затоа својата мисионерска дејност ја насочил кон автохтоното македонско население, придобивајќи за кратко време во христијанските редови многубројни солунски Македонци, поставувајќи ги на тој начин основите на солунската христијанска општина. За македонскиот карактер на христијанската општина во Солун говори и фактот што за еден од првите нејзини епископи бил избран Аристарх, кој, според етничкото потекло, бил Македонец.

Маченичката смрт на трите солунски сестри Агапија, Хионија и Ирена

Само неколку години подоцна, или поточно во периодот од 56 - 58 година, апостол Павле повторно двапати ќе ја посети Македонија. Мотивот за неговиот втор престој во Македонија треба да се бара во неговата желба да ги посети од порано формираните христијански општини во Македонија за лично да се увери како функционираат но да им даде и упатства и совет на тамошните христијански верници како да продолжат понатаму да се справуваат со секојдневните проблеми. Во таа насока треба да се разберат и неговите две посланија упатени до христијанската општина во Солун и посланието упатено до христијаните во Филипи.

- Со самото тоа што апостолот Павле почувствувал потреба да им напише писма на христијаните во Солун и Филипи со голема веројатност може да се претпостави дека христијанските општини во овие македонски градови за релативно кратко време прераснале во големи и моќни христијански заедници, со углед надалеку познат не само во Македонија туку и пошироко. А постоењето на силни христијански црковни општини во Солун, Филипи и Бер претставувало основа за брзо ширење на христијанството и во другите делови на Македонија, смета д-р Зајкоски,

Според историски извори, но и библиски извори, со голема сигурност може да се претпостави дека христијанството продолжило да егзистира во македонските градови и за време на големите прогони против христијанската црква. Тоа е период кога христијанската црква се нашла пред можеби еден од своите најголеми предизвици. Имено, почнувајќи од времето на императорот Нерон, кој владее од 54 до 68 година по Христа, римската власт започнала со масовниот прогон против христијаните и христијанската црква, а со единствена цел да го искорени христијанството како религија. Прогоните против црквата, повеќе или помалку, ги засегнале христијанските црковни општини на целата територија на Империјата. Се разбира дека не била исклучок ниту Македонија, каде уште од првиот век почнало да се шири христијанството и да се формираат силни црковни општини. Па оттука, разбирливо е што римската власт во Македонија започнала со жесток и континуиран прогон против членовите на христијанските заедници кои егзистирале во македонските градови. Kако резултат на овие прогони животот го загубиле голем број христијански верници чиишто имиња во најголем дел се уште остануваат непознати. Сепак, д-р Зајкоски наведува дека во науката постојат конкретни податоци за извесен број христијански маченици во Македонија, чии имиња и биографии останале посведочени благодарение на нивните сочувани житија, како и на сочуваните судски записници.

Врз основа на досегашните изворни податоци за прв христијански маченик од Македонија се смета великомаченичката Ирена, која живеела кон крајот на I век. Kако што соопштува анонимниот автор на нејзиното житие, Ирена се родила и до примањето на христијанството живеела во градот Мигдонија во Македонија, кој за жал с` уште не е лоциран на теренот. Според црковната традиција, Ирена се упокоила во градот Ефес, кон крајот на првиот или можеби почетокот на вториот век. Великомаченичката Ирена од градот Мигдонија била првиот христијански маченик кој потекнувал од Македонија, но за прв маченик кој пострадал во Македонија се смета Матрона Солунска. За нејзиниот живот, дело и маченичка смрт има многу оскудни податоци. Единствено што се знае е дека таа живеела во Солун, работела како робинка во куќата на солунскиот управник и била слугинка на неговата жена, хебрејката Павтила. Матрона Солунска се смета за прв посведочен во изворите христијански маченик пострадан на територијата на Македонија во вториот век. Жестоките прогони против христијаните продолжуваат и во следниот век. Во овој период посведочени се имињата на неколку маченици, кои, или потекнувале, или пострадале во Македонија. Меѓу нив е и името на Еликонида која била родена во Солун, но пострадала во Kоринт, како и маченичката смрт на една поголема група христијани кои пострадале во градот Аполонија во Македонија. Последниот голем прогон против христијаните датира во времето на Диоклецијан од крајот на третиот век, и неговиот совладетел и подоцна император Галериј од почетокот на четвртиот век. Масовните прогони против христијанската црква од овој период, со сета своја суровост, се почувствувале и во Македонија – центар на христијанството на Балканот уште од првиот век. Од овој период на прогонот против Црквата постојат изворни податоци за повеќе христијански маченици кои живееле и пострадале во Македонија, како, на пример, Домнин Солунски и свештеномаченикот Мокиј, потоа Таврион, Авкт и Тесалоникија од Амфипол, како и Александар, Анисија, Агатопод, Теодул и Теодосија од Солун. Во овој период е и маченичката смрт на трите солунски сестри Агапија, Хионија и Ирена. За нив постои нешто поопширна литература иако некои епизоди од нивниот живот се уште се контрадикторни и предизвикуваат различни мислења и толкувања во науката. Едно од прашањата за кое во науката с` уште се води полемика е поврзано со нивното место на раѓање. Според едни автори сестрите биле родени во Италија во регионот на градот Аквилеја, а според други тие биле родум од Солун. Меѓу најпознатите христијански маченици кои потекнувале или пострадале на територијата на Македонија се вбројуваат и епископот од Антиохија – Еразмо, но и солунскиот великомаченик – Димитриј. Kултовите на овие двајца маченици ги поминале локалните граници на Македонија и се прошириле не само во другите места на Балканот, туку и пошироко, во Европа. Затоа, со право се сметаат меѓу најпочитуваните христијански маченици во историјата на христијанската црква.

Црковна мрежа на целата македонска територија

По признавањето на христијанството за рамноправна религија со Миланскиот едикт од 313 година биле отстранети сите правни пречки за нејзино слободно исповедање, а со тоа биле создадени сите неопходни услови за брз развој на црквата. Во новите услови за мошне кусо време дошло до консолидирање на постојните христијански општини во македонските градови и создавање цврста и добро организирана црковна мрежа на епископии на целата територија на Македонија. Притоа христијанската општина во Солун послужила како центар за организирање на Македонија како посебна црковна област. Освен солунската, на територијата на Македонија во четвртиот век посведочени епископии имало и во Бер, Дион, Аполонија, Партикопол, Амфипол, Kасандреја, Сер, Аргос, Хераклеја Линкестис, Стоби, Баргала, Запара, Добер, Лихнидос, Скупи и други поголеми македонски градови. Притоа, еден од најважните настани, по признавањето на христијанството за рамноправна религија во Римската Империја, било одржувањето на Првиот вселенски собор, кој почнал со работа на 20 мај 325 година во свечената сала во царскиот двор во Никеја, а во присуство лично на императорот Kонстантин Велики.

Меѓу учесниците на овој собор најмалку тројца епископи биле од Македонија: Александар од Солун, Будиос од Стоби и Дакус од Скупи. Нивните имиња се наоѓаат меѓу потписниците на актите кои биле донесени на Соборот. Учеството на македонски епископи на Првиот вселенски собор е факт кој сам по себе укажува на значителниот степен на развој на црковната организација во Македонија. Епископи од Македонија присуствувале на сите поважни црковни настани организирани во наредниот период, а предводени од Александар, епископот од Солун, учествувале и во осветувањето на црквата во Ерусалим во 335 година. Само осум години подоцна, на Соборот во Сердика, присуствувале деветмина македонски епископи: Евгариј од Хераклеја Линкестис, Зосим од Лихнидос, Аециј од Солун, Басус од Диоклетијанопол, Порфириј од Филипи, Јонас од Партикопол, Паладиј од Дион, Геронциј од Бероја, како и Парегориј од Скупи.

На Вториот Вселенски Собор во Kонстантинопол во 381 година со сигурност е посведочено присуството на епископот Ахолиј од Солун. Тој уште се спомнува како примател на две писма од римскиот папа Дамас I датирани во 381 година, а учествувал и на Синодот во Рим во 382 година. Солунскиот епископ Ахолиј уживал полн углед пред императорот и сред останатиот христијански свет ширум Империјата. Во времето на овој епископ, Солун, и понатаму, продолжил да претставува едно од најугледните епископски седишта во христијанскиот свет. И сега, овде, се поставува прашањето – каква христијанска Европа е оваа Европа која не ја признава државата, народот и црквата на првата европска земја каде што се проширило Христовото учење? Следниот месец се навршуваат 1690 години од Првиот вселенски свет собор одржан во Никеја Витиниска, собир на 318 божествени архиереи одржан од 20 мај до 30 јуни 325 година во присуство на императорот Kонстантин Велики, а на кој учествувале и тројца македонски епископи Александар од Солун, Будиос од Стоби и Дакус од Скупи, а нивните имиња се наоѓаат меѓу потписниците на актите кои биле донесени на Соборот.

Ако аспостол Павле ја посетил Македонија како прва европска земја, ако македонските епископи учествувале во работата на Првиот вселенски собор и осветувањето на црквата во Ерусалим, кој е сега тој „вселенски силеџија“ што не дозволува еден народ да се нарекува така како што се нарекувал со милениуми, а неговата црква, што е во темелот на христијанската историја, неправедно да биде тргната настрана само затоа што така мислат некои извесни персони, па дури и педофили скриени зад своите демонски мантии и таканаречени канони?

Извор: Дневник

March 22, 2015

Унијатството во Македонија

По 1859 година се случил важен настан во Кукуш. Жителите на казата, за посигурно да го избегнат грчкото влијание, изјавиле дека ја признаваат власта на Папата и дека тие се соединуваат со Римската црква. (зборот унијати доаѓа од францускиот збор соединува). Тие и пристапиле на католичката-унијатската црква која штотуку била конституирана во Цариград задржувајчи го ориенталскиот обичај-ритуал, го вовеле словенскиот како литургиски јазик и традиционалните правила на поредокот.

Непријателството на Русија го спречило развитокот на унијатската црква во Бугарија, но таа опстојувала во Македонија, Тракија и Цариград се до војните од 1913-18 година, кои ги принудувале нејзините верници да емигираат во Бугарија, со исклучок на мал број кои останале во Едрене. Откако патриаршијата дознала за тоа таа веднаш испратила свој владика во Кукуш.

Во тоа време од 1857 во Кукуш учител бил Димитар Миладинов. Со неговата помош населението успешно го спреведувало отпорот против еленизмот, иако грчкото свештеништво со подршката на отоманските чиновници успешно ја спроведуало пропагандата, посебно по укинувањето на Охридската Архиепископија во 1767 година. Но и бугарската пропаганда во текот на XIX век игра голема улога во Македонија. Уште пред подигањето на Бугарската Егзархија во Битола било отворено нардоно училиште во 1863 година а женското во 1869. За добивање на дозвола за основање на Бугарска црква и нејзина пропаганда во Македонија најголема заслуга имал господинот Игнатиев, руски амбасадор во Цариград којшто многу влијаел на Султанот.

Велешката епархија, борејќи се против еленизмот е една од првите во Македонија која и пристапила на Егзархијата.

Извор: Македонско братство

February 22, 2015

Богомилизам - "Македонска Ренесанса"

Драган Ташковски ќе нагласи: "Две џиновски фигури стојат на прагот на средновековната македонска историја: Климент Охридски и поп Богомил. Првиот - просветител и книжевник, кој со своето дело претставува гордост не само за Македонија, туку и за целото словенство, и вториот - идеолог и револуционер, чие еретичко учење стана знаме на угнетените во цела Европа во средниот век.

Презвитер Козма во "Беседата против богомилите", меѓу другото, ќе запише: "Така се случи и во бугарската земја, во време на правоверниот цар Петар. Тогаш се појави поп по име Богомил, но поправо е да се рече Богунемил. Тој почна како прв да ја шири ереста во бугарската земја... Откако почнав да ги разобличувам нивните зборови и постапки, мене ми се чини дека и воздухот се опоганува од нивните дела и проповеди..."

По својата форма, богомилството е верски ерес, по својата суштина, пак, тоа е социјално движење, обусловено од економските и политичките прилики во земјата во која настанало. А недвојбено е дека богомилството настанало во Македонија. Поголем дел од Македонија тогаш беше под бугарска власт. Целта на новите покорувачи на македонската земја беше јасна: по пат на вклучување на македонските области во рамките на воено-административните области на Бугарија, што побрзо и што побезболно, да се разбие родовско-племенското уредување на македонските кнежевства. И тоа на бугарските властодршци им успеа: племенската самоуправа на Македонските Словени слабееше, а на нејзино место почнаа да се јавуваат новите феудални односи. Тоа значи дека наместо самоуправните традиции на Македонските Словени, сè поголем простор заземаше феудалната експлоатација. Војните стануваа почести, даноците поголеми, грабежите и насилствата веќе беа појави од кои се немаше каде, природните несреќи доаѓаа како дополнителна казна за народот. Селото беше сè посиромашно: селаните ги изгубија имотите и средствата за производство. Многу од нив попаднаа во ропство. Огромното мнозинство од нив, пак, станаа робови на земјата што ја обработуваа, благодарејќи на економскиот зафат на цар Симеон, кој, наместо племенската сопственост на земјата, почна да создава феудална сопственост, при што прикрепениот селанец исцело стана зависен од феудалецот. "За да ги задоволи своите војници и старешини, Симеон мораше да ги пљачкосува победените. А бидејќи победените и покорените беа Македонските Словени, тој удри врз нивните имоти". Роман Лакапен преку писмо го информира царот Симеон дека 20.000 луѓе од Македонија пребегнале во Византија. Во него буквално стои дека избегале "поради насилствата и самоволијата на бугарските војски". Некои историчари сметаат дека дури и посетата на Климент Охридски на бугарската престолнина и неговата оставка на епископската должност до царот, неколку месеци пред неговата смрт, била од заради насилствата и пустошењата на освојувачите на просторот на Величката епископија.

Свештенството во Бугарското царство беше привилигирано, меѓутоа, не сето. Постоеше и непривилигиран слој - нижото свештенство, кое потекнуваше од народот, а го сочинуваа селските и градските попови. Добар дел од нив не само што не беа добро платени, туку беа обременети со обврски и давачки. Во такви услови на живејачка, кога царот Петар, за да може да ги издржува огромните воено-административни и црковни апарати, ја засили експлоатацијата, револтот и незадоволството, чиј карактер би можел да се третира и како антицрковен, антифеудален, па и ослободителен, беа неминовни. Од тие причини, незадоволниот народ ја прифати "новопојавената ерес", што би рекол Козма. Тој, како што видовме, го споменува попот Богомил како основач на ова движење. Драган Ташковски, пак, оди понатаму: тој тврди дека Богомил бил Климентов ученик, кој страсно ја прифатил глаголицата, како и Климент Охридски, впрочем. Тој учеше "да не се потчинуваат на болјарите и сметаа дека оние што му служат на царот му се одбивни на Бога и му заповедат на секој слуга да не работи за својот господар".

Александар Матковски вели дека нема докази оти попот Богомил, воопшто, постоел. Тој поаѓа од фактот дека Ефимие и Ана Комнен, кои пишувале за богомилите, попот не го ни споменуваат, туку за основачи на сектата ги именуваат Чурило и лекарот Василиј. Матковски го прифаќа тврдењето дека словенскиот збор "богомил", просто, значи она што значи - мил на Бога.

Богомилската космогонија и есхагологија за создавањето и пропаста на светот била општа теорија за овој свет, негова логика во популарен облик, што би рекол Драган Ташковски, што религиозните маси на далечното средновековие можеа да ја разберат, а со тоа да се стават во активно движење за решавање на конфликтните општествени состојби наметнати од новите господари. Богомилите учеле дека постојат два бога: Богот на доброто и Богот на злото. Богот на злото го создал целиот материјален свет, па и човекот, а Богот на доброто душата на човекот. Богомилите ги отфрлале сите молитви, освен "Оче наш", не ги почитувале ни крстот, ни иконите, ни црквите. Се молеле дома и меѓусебно се исповедале. Побунетите на бискупите им ја оспорувале власта над верниците. Го отфрлале Стариот завет и го признавале само Евангелието. Ги поттикнувале верниците на непокорност кон оние што се на власт. Проповедале сиромаштија и остро истапувале против богатите и нивното богатство.

Појавата на учењето за двата бога, т.н. дуалистичка хереза, е израз на револтот против хиерархијата на христијанската црква, која ја користи идејата за Господ за да ги држи во покорност верниците. Таа, исто така, е израз и на револтот против државната власт, која се потпира на христијанската црква, како на идеолошко средство на своето владеење. Добро е речено дека оваа двојна хереза го акуелизира вечното прашање што го поставува човекот: зошто Господ на едни им дава многу добра, а малку зла, а на други многу зла, а малку добра? Идеолошки, богомилското движење во Македонија во целост беше насочено против византиските и бугарските освојувачи, против новоформираните домашни феудални господари и против црквата, која, како што вели и Презвитер Козма, била крајно расипана.

Антифеудалната суштина на богомилството се огледа во неговите општествено-политички ставови и во рамките на мистично-религиозните концепции и затоа потпора имало, главно, кај посиромашните маси. Проповедајќи демократија во сиромаштијата, скромен и едноставен живот, непослушност кон власта, богомилството содржело силна антифеудална нота и го поттикнувало народот на бунт и револт.

Подеталното анализирање на карактерот на богомилството ќе не доведе до битната констатација дека тоа, со самиот факт оти се свртело против царот и болјарите, против владејачката номенклатура, која беше, пред се и над се, составена од Бугари, значи богомилското движење за Македонските Словени имало и ослободителен карактер. Н. П. Благоев со право увидел дека Македонија била центар на опозицијата против цар Петар, не само затоа што тој на незаконски начин дошол до престолот, туку и затоа што богомилството во тоа време било единствено борбено движење во Македонија. Драговичката и Мелничката црква, на пример, биле претставници на екстремната ориентација, за разлика од бугарската богомилска црква, која била за помирен и поумерен став. Клучен податок дека богомилството поседувало и јасни белези на ослободително движење е вистината дека комитопулите Давид, Мојсеј, Арон и Самоил, синови на комитот Никола, го прифатија учењето и како негови приврзаници кренаа востание (869 год.), што доведе до ослободување на Македонија од Бугарското царство, создавање на првата словеномакедонска држава и дефинитивно оформување на Македонците како народ. Симпатиите на цар Самоил кон богомилите и нивното бројно учество во неговото востание и во востанието на неговите браќа, просто се објаснува: богомилите биле единствената делумно организирана антивизантиска партија во Македонија со јасна словенска и народна ориентација. Интересно: востанието на Македонските Словени избувнало онаму каде што било најсилно учењето на богомилите. Тоа било на просторот ограден со тријаголникот Вардар - Охрид - Шар Планина.

Противмерките на Византија и Бугарија против ова "зло" биле жестоки. Цариградскиот патријарх Теофилакт ќе го советува царот Петар: "Оние, пак, што остануваат во зло, болни од непокајување, божјата црква ќе ги отсече како изгниени и сосема погубни делови и ќе ги предаде на вечна осуда... Општествените закони на христијанството... предвидуваат смрт за нив, особено кога се гледа дека злото се влече сè повеќе, напредува и мнозина погубува".

Наспроти се, богомилството се проширило, првин во Бугарија и Босна, потоа во Италија и Јужна Франција, и станало движење кое влијаело на текот на историските настани.

Извор: Македонско братство

January 29, 2015

Олтарен дел од ранохристијанска базилика

МК - Олтарен дел од ранохристијанска базилика од 5-6 век не

Откриена 1933 година во археолошкиот локалитет Манастирец во битолското село Суводол општина Новаци.

На подот од олтарот имаме мозаик кој оригинално бил изработен во техника опус тесалатум со мотиви од рибјини крлушки како симбол на Исус Христос.

Челните мермерни плочи имаат релјефни декорации во форма на ромб кој го симболизира влезот во рајот.

EN - Altar of an early christian basilica from 5-6 century AD

Discovered 1933 in the archaeological site Manastirec in the village Suvodol near the city Bitola in southwestern Macedonia.

On the altar floor we have a mosaic made in the style opus tesalatum with motifs of fish scales as symbols of Jesus Christ.

The front marble panels have reliefs with decorations of rhomboids that symbolize the entrance into heaven.

© Археолошки Музеј на Македонија
© Archaeological Museum of Macedonia

January 21, 2015

Теодосиј Гологанов

Теодосиј Гологанов (Скопски митрополит) е македонски национален деец, и поборник за обновување на Охридската архиепископија и создавање на македонска национална држава. Роден е во село Трлис, Сереско во 1846 г. Световното име му било Васил Гологанов. Првата писменост ја добил кај татка си поп Илија, а потоа бил испратен во манастирот Св. Јован Претеча крај Серес. Неговиот брат Јован Гологанов бил собирач на македонско народно творештво од пред се од Серско и учител кој сметал и ги учел младите и старите во Серско дека тие се Македонци, посебен народ од Србите, Бугарите и Грците.

Во 1884 г. Теодосиј Гологанов бил назначен за Егзархиски митрополит на Скопје, со задача да ја спроведува политиката на Бугарската Егзархија за однародување (бугаризација) на Македонците во овој дел на Македонија. На одобрение од Високата Порта чекал цели пет години, сè до 15 март 1890 година. Но, уште со самото пристигнување во Скопје тој го крева гласот против таквата антимакедоснка политика. Во сите службени документи на црквата, бугарските именувања ги заменувал со македонски, и се однесувал како раководител на возобновената Охридска архиепископија. Уште во почетокот на есента 1891 г. ги заменил црковните свидетелства кои во себе го содржеле името Бугарска егзархија, со нови свидетелства и документи на македонски јазик. Извршил чистка на кадрите на Егзархијата во црковно-училишните општини, и ги заменил со Македонци.

Во почетокот на октомври 1891 г. за прв пат почнал јавно да ја критикува Егзархијата заради посегањето по самостојноста на македонските црковни општини и нејзината великобугарска политика, предлагајќи отфрлање на туѓите цркви – цариградската и софиската. Знаејќи дека ниту Патријаршијата, ниту Егзархијата нема да се согласат со возобновување на Охрид како архиепископски центар на одделна црква, митрополитот Теодосиј се обидел да се договори со папскиот нунциј во Цариград за покровителствто на Римокатоличката црква над евентуално обновената Охридска архиепископија. При тоа поставил шест услови:

1. Да се обнови стародревната Охридска архиепископија, која ќе биде во канонско единство со Римокатоличката црква, со непосреден благослов на светиот отец Папата.

2. На чело на обновената Охридска архиепископија ќе бидам јас како автокефален поглавар на црквата.

3. Другите луѓе од високиот клер (епископите, свештеномонасите, и мирските свештеници) да бидат родум Македонци и назначувани од архиепископот, а епископите можат само да бидат потврдувани од вашата светост.

4. Границите на Архиепископијата да се поклопуваат со границите на Македонија, а поделбата на епархиите да се задржи сегашната.

5. Старите унијати од Кукушко-полјанската и Струмичката епархија да се изделат од јуриздикција на унијатскиот архиепископ во Цариград, Н. Б. Нил Изворов и да се приклучат како епархии кон Охридската архиепископија.

6. Католички мисионери, со исклучок на затекнатите во просветно добротворните институции во Македонија, да не се доведуваат нови, а затечените да не се мешаат во внатрешниот црковнопросветен живот на Архиепископијата

Во писмото до архимандритот Дионисиј во Софија, инаку негов истомисленик и македонец од Струмичко, од 22 јуни 1891 г. митрополитот Теодосиј меѓу другото пишува: „Ние, Македонците, не наоѓаме на таков отпор од Турците, како што имаме од Грците, Бугарите и Србите, кои како орли на мрша се пуштаат врз таа наша многустрадална земја и сакаат да ја распокинат!“

На 4 декември истата 1891 г. Теодосиј му напишал писмо на папата Лав ХIII, во кое го моли Светиот отец од свое и од името на целата православна паства во Македонија: „да нè прими под крилото на Римокатоличката црква, откако ќе ја обновиме стародревната Охридска архиепископија, незаконски укината од султанот Мустафа III во 1767 г.“

На сила е одведен во Цариград, каде што во јануари 1892 од страна на Егзархијата бил обвинет меѓу другото и за „создавање на народност што не постоела во историјата“. Во март 1892 г. му била одземена титулата „Скопски митрополит“. Потоа принудно бил испратен во еден софиски манастир, каде што починал во 1926 г.

Извор: Македонско братство

January 20, 2015

Македонска црква

Не е познато дали на Првиот васеленски собор (Никеја, 325 година) присуствувале и претставници на црквата од Македонија. Меѓутоа, на Вториот собор (Сердика, 343 година), учествувал и Паригориј, првиот скопски митрополит и неговиот суфраган, епископот на Улпијана (денешен Липљан). Тие застанале на страната на православието. Присуството на Паригориј покажува дека уште во првите децении на четвртиот век во Македонија имало организирани епископии на чело со митрополити и епископи. Веќе во 5. век црквата во Македонија била добро организирана. Од двете митрополии, Солунската и Скопската, особено влијание имала Солунската, со оглед на тоа дека неа ја основал апостолот Павле.

Населувањето на Словените на Балканот, особено по нивното покрстување, а, над се, по појавата на писменоста и служењето на литургијата на словенски јазик, внесе сосема нов квалитет во развојот на црквата во Македонија. Кнезот Борис, по формирањето на Бугарската држава, под која потпаднал и еден дел од Македонија, од политички причини, го хиротонисал Климента за епископ на Дремвица и Велика (893), со седиште во Охрид, што значи дека големиот и славен маж станал прв македоно-словенски епископ. Службата божја во неговата епископија, се разбира, се служела на јазикот на Македонските Словени. На тој начин Охрид израснал не само во крупен просветен, книжевен, туку и во голем црковен центар. Формирањето на Самоиловата држава потребата од самостојна македонска црква ја наметна како императив. До Самоила црквата во македонија била под јурисдикција на Бугарската патријаршија, основана од бугарскиот цар Симеон, без согласност на Васеленскиот патријарх од Цариград. Во тоа време се споменуваат епархии во македонските градови Воден, Меглен, Серез, Охрид, Скопје. Успехот на востанието на комитопулите, како и ослободувањето на Македонија од византиското владеење (во меѓувреме е ликвидирано Бугарското царство), бараше, согласно со установената практика, каде што е седиштето на световната власт, таму да се пресели и седиштето на духовната. Тоа значи дека седиштето на црквата требаше да се префрли во Преспа, поточно: на островот Аил, каде што Самоил во меѓувреме изгради прекрасна црква, во која беа пренесени моштите на св. Ахил од Лариса, откако тој во 985 година го освои овој град, по мошне тешка борба и опсада.

Нема конкретен податок кога Самоил црквата во Македонија, значи, во неговата нова држава, ја подигнал на ниво на архиепископија. Треба да се претпостави дека тоа го направил веднаш по своето прогласување за цар, што значи во последните години на 10. век. Пренесувајќи ја својата престолнина од Преспа во Охрид, таму го пренел и седиштето на Архиепископијата, која во историјата е позната како Охридска архиепископија.

Рускиот научник Дурново, во студијата "Имаат ли Бугарите историски права на Македонска Тракија и стара Србија?" (Москва, 1895), пишува дека во секој случај треба да се признае оти Охрид бил престолнина на Словено-македонско царство, кое се именувало како бугарско, но кое немало ништо заедничко со бившото Прибалканско и Заднодунавско царство. Македонското царство се појавило... по истерувањето на Бугарите од Македонија и тоа имало сосема посебна династија и свои епископи.

Како што се ширело царството на Самоил, така се ширела и јурисдикцијата на неговата црква. Прв епископ на Охридската епископија станал Филип, кој останал на оваа должност од нејзиното основање па се до 1015 година, значи до убиството на Гаврил Радомир. Откако престолот го презел Иван Владислав, Филип бил сменет.

Самоиловата црква не се разликувала од другите источни цркви - таа ги уживала сите феудални привилегии: располагала со црковни имоти, со парици што ја обработувале нејзината земја; освен тоа имала и друг имот, била ослободена од разноразни давачки. Самоил го фаворизирал високиот клер, дури и повеќе и понагласено отколку световните феудалци. "Самостојната Македонска православна црква во Самоиловата македонска држава го водела севкупниот духовен и просветен живот, ги регулирала правните и семејните односи и го обединувала народот под знакот на своето име, во духот на средновековното општо-прифатено државно-правно начело за единство на црквата и државата, согласно со апостолското учење според кое нема власт што не е дадена од Бога".

Управата, судот и законодавството биле трите основни функции што ги имала државата, меѓутоа, ги имала и црквата, исто така, бидејќи била организирана како самостојна општествена заедница, како и Самоиловата држава, впрочем.

Во процесот на создавањето на македонскиот народ и македонската држава, Самоиловата држава и Охридската архиепископија одиграа и една друга, историска улога:

Самоил македоно-славјанскиот јазик го вовел во државната администрација, а црквата токму тој јазик го потврдила како свој, што не беше, воопшто, чудно, зашто тоа беше јазикот на светите браќа Кирил и Методиј и нивните ученици Климент и Наум. Издигнувањето на македонскиот јазик на ниво на официјален државен и црковен јазик влијаеше на обединувањето на дијалектните форми на јазикот, што, пак, од друга страна, беше главен предуслов Македонските Словени да се формираат во самостоен и автохтон народ - македонски. Треба да се нагласи и ова: колку што повеќе Самоиловата држава се стеснувала, епархиите од областите што останувале надвор од неа ги прекинувале врските со Охридската архиепископија. На тој начин, таа, кон крајот на Царството на Самоил, имала власт само во неговите природни граници, значи, во Македонија, во која и свештенството и народот припаѓале на еден ист етнос - македонскиот. Формирањето на Македонските Словени во народ било забрзано и поради неодминливите факти дека основното јадро на Самоиловата држава била Македонија, а конститутивен државоносен елемент Македонските Словени. Затоа, во право е Архиепископот Охридски и Скопски и Митрополит Македонски, г. Доситеј, кој своевремено рече: "Треба ли посебно да се истакнува оти Охридската архиепископија, и потоа споменот за неа, беше единствениот источник на македонската национална свест".

Значајно е дека Василиј Втори, по уништувањето на царството на Самоил, Самоиловата црква ја оставил автокефална. Тој ја оделил Охридската архиепископија од власта на Бугарите, меѓутоа, не ја потчинил на Цариградската патријаршија.

Од византиски извори се гледа дека на тој начин е создаден инструмент на културно и идеолошко влијание врз мнозинството од словенското население во покорените подрачја, при што царот одбегнал да ја зголеми и така големата моќ на Цариградската патријаршија.

На ова мислење е блиско и мислењето на Бранко Панов, кој, проучувајќи го животот на Теофилакт, архиепископот охридски, најстрасниот меѓу страсните проповедници на грцизмот на македонскиот простор, доаѓа до историски прифатлива вистина за улогата на Охридската архиепископија под византиска власт, значи до 1485 година, кога Византиското царство се распадна. Имено, Панов ќе констатира: "Суштината на автокефалноста на Охридската архиепископија била во тоа што охридскиот архиепископ го имал правото сам да ги управува потчинетите епархии (за време на Самоил нивниот број изнесувал 32, а потоа 25, со тенденција оваа бројка постојано да се намалува -з.н.), кога притоа ја спроведувал византиската црковна и државна политика. Сето ова значи дека охридскиот архиепископ бил самостоен во однос на управувањето на потчинетите цркви на Охридската архиепископија, но не и спрема византиската државна и црковна власт".

Ова мислење на Панов е само дел од една доста широка и прифатена теза дека, не само Теофилакт, туку и многу негови претходници и наследници, Грци, самостојноста на Охридската архиепископија ја врзувале со самостојноста на архиепископијата Јустинијана Прима, формирана во 535 година. Овие архиепископи Грци ја бранеле автокефалноста на Охридската архиепископија, не за да ја сочуваат неа како народно-словенска црква, туку да имаат одврзани раце во широко зацртаната програма за погрчување на паствата, во огромно мнозинство, словенска.

Под јурисдикција на новата архиепископија влегол и северниот дел на Македонија Втора со градот Вилазар (денешен Велес), дел од Панонија Прва со Сирмиум (Сремска Митровица) и Таурунум (денешен Земун). Веќе во 545 година Јустинијан Први Јустинијана Прима му ја потчинил на римскиот папа и оттогаш нејзините архиепископи биле луѓе на Рим.

Извор: Македонско братство

December 25, 2014

Раѓањето на Богородица

Раѓањето на Богородица, околу 1535 година, работилница на зограф Јован Теодоров од Грамоста, црква Св. Јован Претеча, манастир Слепче, Демир Хисар.


November 20, 2014

Архангелот Господов Михаил Страшниот чувар

Архангелот Господов Михаил Страшниот чувар, околу 1400-1405 година, црква Св. Димитрија, Марков манастир, Скопје.

October 23, 2014

Св. Параскева

Св. Параскева, 1852 година, зограф Дичо Крстевич од Тресонче, непознато потекло, Музеј на Македонија.

October 6, 2014

Св. Димитрија

Св. Димитрија, прва половина на XVI век, непозната црква во село Враниште, Струга. Музеј на Македонија.

October 5, 2014

Крштевањето на Христос

Крштевањето на Христос, 1730-1739 година, работилница на зограф Давид од Селеница, црква Св. Димитрија, Битола.

September 23, 2014

Воведението на Богородица

Воведението на Богородица, прва четвртина на XVII век, непознато потекло, Музеј на Македонија.

August 22, 2014

Успение на Богородица

Успение на Богородица, околу 1818 година, работилница на зограф Крсте Поп Трајанович, црква Св. Спас, Скопје.

August 3, 2014

Св. Димитрија, Св. Петар и Св. Илија

Св. Димитрија, Св. Петар и Св. Илија, 1861 година, работилница на зограф Дичо Крстевич од Тресонче, непознато потекло, Музеј на Македонија.

June 4, 2014

Покривот на Богородица

Покривот на Богородица, крај на XVIII век или почеток на XIX век, од прилепско. Музеј на Македонија.

May 12, 2014

Распетието

Распетието, 1730-1739 година, работилница на зограф Давид од Селеница, црква Св. Димитрија, Битола

April 13, 2014

Воскресението Христово

Воскресението Христово, прва четвртина на XIX век, непознато потекло, Музеј на Македонија.

March 26, 2014

Архангелот Михаил

Архангелот Михаил, средина на XVI век, црква Св. Ѓорѓи, Струга.