Showing posts with label Мирчо Кикиритков. Show all posts
Showing posts with label Мирчо Кикиритков. Show all posts

February 6, 2015

Спомени - Мирчо Кикиритков, 7

Спомени - Мирчо Кикиритков

IV

ЗА АТЕНТАТОТ НА СЛАВЧО КОВАЧЕВ. Една вечер, околу 12 часот, во хотелот дојде Тодор Георгиев-Гуштерот (Штип) и нѐ зеде со еден автомобил. На прашањето: „Каде?“, одговори: „Ќе дознаете!“ Не одведе во куќата на еден од богатите Македонци. Нѐ воведоа во една широка соба, полна со наши другари четници. Соседната врата до неа се подотвори и се покажа Иван Михајлов. Нѐ поздрави и возбудено си повторуваше самиот на себеси: „Не плашете се! Македонија е слободна“. При секое влегување тој одвојуваше еден по еден од другарите, кои не се враќаа. Разбравме дека нешто се случило и дека претстои работа за вршење. Телефонот од другата соба непрекинато ѕвонкаше во неговата рака. Самиот тој двапати истата ноќ одлета со автомобилот. Но каде? Тоа нас не нѐ интересираше. Најпосле, кон осум часот изутрината, дојде и мојот ред.
- Ќе го смааш ли (по штипски) Славчо Ковачев?[29]
- Каков е?
- Предавник! Согласен ли си?
- Согласен.
- Бакнете се тогаш со Страхил Развигоров[30], тој ќе ти го покаже.

Се бакнавме и се договоривме за планот на дејството. Ковачев живееше на улицата Цар Борис, спроти Романската црква. Беше петок, 13 септември 1924 година, и ние се сместивме крај масата во една кафеана, на истата улица, од каде што набљудувавме и ја чекавме нашата жртва. Околу 12 часот (чекавме 4 часа), Страхил ненадејно стана и посочи еден човек. „Ете го!“ Потоа излезе и сврте по улицата Пиринска.

Јас останав во недумица. Еден човек врвеше по тротоарот кон куќата каде што живееше Ковачев. И тука ми дојде на помош една друга околност. На вратата излегоа неговите деца. Едно од нив викна: „Тате!“ Човекот, на кого се однесуваше повикот, се сврте и насмеан, кимнувајќи со главата, зачекори побрзо кон нив. Тоа и го издаде. Застанав зад неговиот грб и стрелав трипати. Падна како сноп уште при првиот смртоносен куршум. Но јас не го оставив. Се приближив до него и стрелав уште трипати. Се насобра народ и јас се стрчав по улицата Егзарх Јосиф. Но тука ме пресретна началникот на Првиот полицоски участок и немаше како - требаше да се предадам.

Вечерта, истиот ден по атентатот на Света Недела[31], во 12 часот, избегав заедно со Владо Димитров - Черноземски (кој на 13 септември истата година го уби Димо Хаџи Димов) и со Стевчо Караклашев (од селото Богданци, кој го уби П. Д. Петков - земјоделски претставник). Ипокрпт Развигоров, пак, го уби Харалампи Стојанов. Бегството беше организирано од Организацијата.

Јас не знаев во што се состоеше внната на од мене убиениот Ковачев. Наполно верував во справедливоста на решенијата издадени од Организацијата и сметав дека е мој долг беспоговорно да ги извршам. До моето затворање не знаев дека Тодор Александров е убиен[32]. Инаку, тогаш ќе ги убиев и неговите деца.

29 Владислав (Славчо) Ковачев, роден во Штип, штипски околиски војвода, идеолог на Македонската емигрантска федералистичка организација (МЕФО), судија, адвокат, новинар и публицист 
30 Страхил Развигоров, роден во Штип, син на македонскиот револуционер Мише Развигоров, член на ЦК на ВМРО (1928), по Втората светска војна бил уапсен и убиен без судење од бугарската комунистичка власт
31 Атентатот во софиската катедрална црква Света Недела е извршен на 16 април 1925 година, а во него загинале околу 150 бугарски високи офицери и тој беше искористен од страна на бугарските власти за засилување на теророт против комунистите и лево ориентираните бугарски и македонски дејци.
32 Тодор Александров е убиен на 31 август 1924 година, а неговото убиство е објавено на 12 септември истата година

[Конвертирање: Macedonian Documents; скен: Македонска Библиотека]

February 2, 2015

Спомени - Мирчо Кикиритков, 6

Спомени - Мирчо Кикиритков

III

Решивме веднаш да се добереме до Штип. Ние не се разочаравме по Калиманската битка. Не беа изминати 12-13 дена и ете нѐ пак на пат, но сега веќе тројца: Владо Димитров (Черноземски) - Бугарин од Чепинските села), Ипокрит Развигоров и јас. Тодор Александров ни даде лични исправи, нѐ снабди со цивилни алишта, секој со два револвера, со четири бомби и се прости најтрогателно со нас, искажувајќи жалење дека не може заедно со нас да дојде внатре и одблизу да ја следи нашата работа. На 7 август 1924 г. ја преминавме границата со началникот на групата Григор Хаџи Кимов. Без никакви пречки, за четири дена слеговме од с. Кучичино низ кочанските планини, го пресековме Кочанското Поле меѓу двата Подлога - Горни и Долни, и стигнавме над Кучичино - веќе Штипско. Оттаму се разделивме со двајцата другари што нѐ придружуваа до Хаџиевата група, и ние самите преку Вардариште, в зори се најдовме во каваклиските лозја и ниви - Штип.

Се сокривме во една колиба и чекавме да се стемни за да се провреме низ градот до дома. Стојан Мишев живееше таму во близина и мислевме дека најлесно можеме да се пресметаме со него без никаков ризик за нашиот живот. Малку мислевме, се разбира, на татко ми и последиците што ги очекуваа него и семејството ако, за несреќа, бевме успеале да го извршиме нашиот план. Тој ден татко ми ги повел на грозје мајка ми - маќеата, моето братче Славчо, на 10 години, со неговото другарче од маалото. Празникот Преображение беше на следннот ден и обичај е тогаш секој на трпеза да има полски плодови. Ипокрит го забележа прв. Со магаренцето татко ми влезе во лозјето, го врза за едно дрво и седна. Седнаа и другите до откинатите зрели сочни гроздови. Извадија леб и сирење да каснат.

Не се осмелив да им се јавам за да не се случи некое од децата подоцна да ме издаде. Но го издемнав кога си тргнаа, татко ми остана назад, и јас го повикав: „Татко, татко!“ Тој целиот пребледе, ме погледна зачудено и потоа ги свитка веѓите намуртено. Забележувајќи ги моите другари, тој ми подвикна: „Немам син!“ И почна да се извлекува од лозјето. Тогаш и јас налутено му подвикнав: „Ела ваму!“ На што ми одговори веќе покротко: „Ќе дојдам“. Но наместо да го стори тоа, тој забрза кон жена си и децата. Се впуштив по него, го настигнав, им удрив на децата по една шлаканица за да ги замајам, за да не ме познаат кој сум, и муја вперив цевката на револверот во неговите гради. „Како не ти е срам? Зошто бегаш? Толку ли ти е мил жпвотот? И ти си ми бил Македонец“. „А бре се откажувам ли јас од мојот син?“ Нејсе, се разбравме. Дојди кај моите другари. Се запозна. Нѐ почести со тутун и се заприкажа. Штипјанецот Каламатиев[27] го извикал пред 10 дена во „Удружението“ („против бугарских бандита“[28]) и стравот му бил голем кога го повикав, мислејќи дека е стапица на истиот, којшто го распрашувал за мене. Сигурно власта била предупредена за терористичкиот акг што ни претстоеше да го извршиме во Штип. Запознавајќи се со сѐ што го интересираше, на разделба, татко ми се сврте кон мене: „Е нема ли да се жениш, синко? Доста одеше така. Јазек за твојата младост“. Тогаш му ги спомнав зборовите на мојот чичко Славејко Арсов дека за нас ќе се пеат песни, а не за такви како него, кои задомени го свиткуваат вратот пред тираните за да ја зачуваат својата челад.

На стемнување, Ипокрит сам посака да појде в град и лично да се запознае со ситуацијата. Откако накупил храна и тутун, тој се врати по половина час. Необични беа смелоста и спокојството кај тој човек.

Приближувајќи се кон нашата скривница, над Кавкалијската чешма, тој сретнал една српска патрола. Без да се уплаши ѝ рекол: „Добра-вечер“, на што го прашале: ,Ди чеш?“ (,,Каде?“). „Одам да го чувам виноградот“ (лозјето), одговорил и продолжил понатаму, без дури и окото да му трепне. Следната вечер, пак, јас и Владо влеговме во градот, но без резултат. Констатиравме бескорисност на какво било дејство во Штпп, а од друга страна и изолираност на граѓанството од борбата за ослободување на Македонија. Навистина, тоа беше привремено и се должеше на аферите што се случуваа една по една, од кои мнозина настрадаа.

Во градот Кочани исто така влеговме. Се прошетавме низ улиците и извлекувајќи се, по три часа се сретнавме со Хаџијата (Хаџи Григор Хаџи Кимов) во селото Долги Дол, со кого ја минавме границата на 4 септември 1924 година. Пристигнувајќи во Ќустендил, пунктовиот Узунов нѐ замоли да не го чуваме оружјето кај нас во второто распоредување. Тој ми предаде поздрав од Панче Михајлов и наредба да заминам веднаш за Софија, кај него. Ми наложи да се вратам назад и да земам 6 револвери оставени во семејството Хаџи Костадинови - Ќустендил. За целта ми даде 500 лева. Се настанивме заедно со веќе пристигнатиот Ипчо во хотел „Лидо Венеција“- Софија.

27 Михајло Каламатиев, штипски трговец, во септември 1923 година станал претседател на „Здружението против бугарските бандити“, формирано од властите на Кралството СХС за борба против комитските чети на автономистичката ВМРО на Тодор Александров, претседател на Штипската општина и пратеник во народното собрание.
28 Во ракописот е запишано на српски

[Конвертирање: Macedonian Documents; скен: Македонска Библиотека]  

January 30, 2015

Спомени - Мирчо Кикиритков, 5

Спомени - Мирчо Кикиритков

II

КАЛИМАНСКИОТ СУДИР започна на 22 јули 1924 г. во 11 часот, претпладне. Уште при првото пукање Панче ни се обрати: „По вас стрелаат!“ И ни се развика зошто сме тргнале дење да одиме и така сме се откриле - а и него сме го откриле. На негова заповед станавме и се оддалечивме од местото кај нивата каде што се беше расположила четата на околу 100 метри растојание. Се сокривме во шуместиот брег на реката Брегалница и почнавме да се советуваме. Лека-полека забележавме дека од сите страни Србите почнаа да не заобиколуваат. Беше еден часот кога сите височини беа заземени од нив. И самиот војвода разбра дека таа организирана опсада не е случајна. Со гнев и презир тој процеди: „Нѐ предал нској!“ И тоа беше вистина. Курирот Иљо Калимански ја извршил таа подлост. Подоцна, добро платен, од страв да не настрада од судот на Организацијата, се пресели во Виница и, ми се чини, стана контрачетник.

Опколени од кордон војска, жандармерија и контраџии снабдени со митралези, на број околу 500 души, ние почнавме да се советуваме што да правиме. Мише Неделков, секретар на четата, кој подоцна беше убиен, го некажа своето мислење веднаш да си пробиеме пат и да се добереме до границата. Панче, напротив, нѐ убеди сите да заземеме позиции и да чскаме. Штом ќе ги дознаеме нивните сили и слабата точка - тогаш... И тоа беше најпаметно. За тоа време обрачот околу нас се повеќе се стеснуваше. Слушнавме гласови, пцости, закани, како: „Предајте се! Не ќе можете со нас да се борите - малку сте. Слушна ли?... Мајка... Предадени сте!“ Но ние молчевме скриени. Наеднаш пред нас се покажаа три-четворица жандарми. Едниот од другарите не се воздржа п згрме по нив. Плутон од стотици пушки одговори. Од сите страни полетаа врз нас куршуми. Панче излезе напред и нѐ поведе кон една од височините каде што се надевавме на помал отпор, бидејќи претпоставуваше дека таму се контрачетниците (на сила вооружени селани и платени четници, комплетирани од федералисти) - познати страшливци. Веднаш заповеда: „Напред јунаци! Не плашете се, по мене!“ Тој извика : „Ура!“ и ја запеа „Изгреј зора на слободата“. Силното ура и песната ние ги прифативме. Со бомби почнавме да се качуваме и успеавме да ја постигнеме целта откако дадовме уште една жртва. (Првата беше ранувањето на еден другар, кој не можеше да бега и остана под нивата. Го фаќаат жив и подоцна го убиваат). Братот на Шарен Ампо од селото Дулица издивна тешко ранет и се стркала. Легнавме зад височинката, добро скриени од грмушките. Водевме борба со бомби до 6 часот вечерта. Потоа се спуштивме да си пробиеме пат и тука ги дадовме повеќето наши жртви. Ни претстоеше да минеме низ неколку заседи. Минавмс три заседи. На четвртата смртоносно го ранија Мишо Неделков. Но не претчувствувајќи ништо опасно, тој продолжуваше да оди. На петтата падна Мише Наутлиев Трајчев од Штип и беше ранет Стоил Бичаклиев. По желба па М. Неделков седнавме. Изнемоштен, тој замоли: „Убиј ме Панче!“

- Не ти е ништо! Ќе те изведам.
- Убиј ме, ти велам.

Панче посегна да го подигне, но тој ја климна главата и издивна. Се прекрстивме над него. Панче го бакна, простувајќи се од него.

А во тоа време затрешти над нас една бомба, но напразно. Ја поминавме и шестата заседа и пред нас се отвори слободен пат. (Злосторничко племе! Не заслужува човек да умре за него.) Се упативме за Саса, каде што потерата ни ги загуби трагите. Ја минавме границата на 27-28 јули истата година, по што се соединивме со групата на Пане Жигански во Церско. Според тврдењата на селаните, Србите таму дадоа (Калиманци) многу жртви, меѓу кои и еден капетан, убиен од прецизното око на Панче Михајлов. Ние дадовме вкупно 5 души жртви. Борбата траеше од 1 до 7 часа - вкупно 6 часа. Според Т. Александров, тоа беше најголемата борба од 1918 година наваму. Бичкалиев се самоубил, како што разбравме, и братот на Шарен Ампо, но откако најпрвин убиле мнозина непријатели.

[Конвертирање: Macedonian Documents; скен: Македонска Библиотека]  

January 27, 2015

Спомени - Мирчо Кикиритков, 4

Спомени - Мирчо Кикиритков

По враќањето во Петрич имав средба со Алеко Паша [16], којшто беше восхитен од мојата постапка да бидам комита. Моите години го зачудија и тој со една беседа ме посочи за пример на таму собраните. Ме упати до Караџов[17], тогаш пунктов началник во Горна Џумаја. Со него се советував што да правам. Изјавив желба пак да одам внатре, кон Штипско. Љубезно ме ислуша, но ме убеди во невозможноста да се оствари оваа моја желба заради наближувањето на зимата. Се вратив во Петрич и таму останав до пролетта. Штом грејна насмеаното сонце, повеќе не можев да издржам. Го замолив Алеко Паша и тој ми даде писмо за Иван Михајлов[18], тогашен пунктов  началник на Софија, да ми издејствува место во некоја чета што му припаѓа на Скопскиот револуционерен округ.

Минувајќи пред Дупница, под сомнение на власта дека доаѓам со задна цел (бидејќи прогонувањата меѓу федералистите од една страна и автономистите, и меѓу последниве и владата на Земјоделскиот сојуз беше во полн разгор), за да го убијам околискиот началник, бев уапсен со неколкумина другари, меѓу кои: Илија Лилинков, Трајчо Тошанов и Нанчо Витларов-сите од гр. Штип, мои сограѓани. Нѐ одведоа во Софија и нѐ фрлија во Петиот участок - Подуене. Условите беа многу мизерни во нашето ново жнвеалиште. Весниците послани на подот ги заменија чергите, и тулите под глава - перниците. Четворица во една ќелија - едноставно се задушувавме и со нетрпение го очекувавме часот кога ќе ни ги отворат вратите. Не знаевме што ќе стане со нас.

Во очекување најпосле да ја разбереме прочината за самоволноста на власта нѐ затече 9 јуни 1923 г. [19] Тоа за нас дојде неочекувано. Потполковникот Георги Атанасов[20] упадна со милиција, јункери и војници. Нѐ ослободија откако нареди ние Македонците, да се облечеме во војничка униформа. Мене ми дадоа задача да бидам клучар на другите криминални претстапници. Петар Бабамов го презеде управувањето на участокот. Целиот ден ги извршувавме нашите задолженија со голема точност. Другиот ден, на 10 јуни, се сретнавме со Иван Михајлов. Тој накратко ни го објасни значењето на превратот и ни даде по 300 лева. Во апсењето на министрите и на другите раководители на паднатиот режим Организацијата имаше најголем удел. Автомобилите фрчеа, се запираа пред високите зданија и еден по еден од довчерашните моќници заминуваа во апс (случајот со министерот Христо Стојанов - министер за внатрешни работи, со полицискиот наредник и со началникот на участокот).

Два дена по ослободувањето заминав за Дупница. Се вработив во една пиварница. Во септември стапив но врска со Брло преку неговиот син Димитар. Брло ме прими во својата чета - Штипска, околиска. Заедно со Кочанската, под водство на Панчс Михајлов[21], ја минавме границата. Пред тоа, уште на бугарска земја, ги ислушавме говорите на своите војводи. Пламениот Панче Михајлов ни ги трогна нашите срца и веднаш ги придоби нашите симпатии. Брло се задоволи само да каже: „Се согласувам со зборовите на другар ми П. Михајлов да ја минеме границата. Да одиме смело!“ И толку.

Внатре во Македонија престојувавме околу еден месец. Вршевме тековна организациона работа: собирање налози, разгледување спорови меѓу селаните и казнување на шпионите и на оние што направиле прекршок. Една група од 12 души, меѓу кои и јас, се оддели од четата и тргна кон Штип со задача да изврши атентати. Не успеавме. Се вративме пак во Петрич. Подоцна ни дадоа задача, мене, на Ипокрит Развигоров, на Стоил Бичаклиев и на Владо Димитров (шоферот - Черноземски)[22], да одиме и да го убиеме Стојан Мишев[23] или некои од ренегатите што им се предале на Србите и се населиле во Штип. По желба на Т. Александров требаше П. Михајлов да ни помогне внатре во поробена Македонија. По тој повод Брло се засегна. Дојде кај мене и навреден го искажа своето незадоволство дека не сме го претпочитале него туку Панче. Јас му одговорив, а и другарите, дека тука се слуша зборот на Александров, а освсн тоа безначајно е кој ќе нѐ префрли. Нели за делото? Да се изврши поставената задача - тоа е најважното.

Заклучив дека има извесно ривалство меѓу Брло и Панче. Послсдниов како поинтелигентен, талентиран и поспособен не можеше да се обвинува за завист заради заслугите на стариот и искусен штипски војвода. Зависта беше всадена кај другиот. Брло не можеше а да не се плаши за својата популарност и слава пред делата на почетникот, храбриот млад војвода и пламен оратор, организатор и борец во вистинска смисла на зборот, некој што ги има сите неопходни квалитети за да ги привлече масите кон себе. (Писмото на Т. Александров за таа работа.) Освен тоа, некои членови на Организацијата, уплашени од брзиот подем на Панче и негови отворени непријатели, како Ангел Узунов[24], пунктов началник на Ќустендил, сами ја раширија омразата и зависта кон него.

Како и да е, јас и Бичаклиев со уште двајца од четата на Панче Михајлов ја преминавме границата под Руен. Србите нѐ открија. Првата работа ни беше да побараме врска со Панче. По еден курир го испративме писмото од Т. Александров до него. Тоа успеало да стигне до неговите раце и по еден судир во месноста Пониква - кочанска планина, се извлекол од кордонот жандарми, контрачети и војници само со една жртва (Мите Церски од Цер – Царевоселско[25]) и не најде во селото Чиперник. Го скроивме планот за дејствување. Со една група од 20 души на чело со Панче Жигански, по еден краток судир од заседа и упатување назад кон границата, повеќето од другарите посакаа да се вратат во Бугарија. Панче се спротивстави на тоа, посочувајќи ни и велејќи: „Уште она што сме го јаделе во Бугарија не сме го оставиле тука, а вие сакате да се вратиме. Навистина две недели талкаме, но ќе се стрпиме уште. Но, тој што не се согласува со мене, можс да си оди. Патот му е слободен. А јас останувам со четворица“. Нѐ посочи мене, Бичаклиев и Ипократ Развигоров. Четвртиот - Владо не беше дојден уште и ништо не знаевме за него, дали ја минал границата или не. Во тоа време, човек и сам ја минуваше. Ние се одделивме од четата кај Калимански Осој – Царевоселско, Панче остана со десет души момчиња, од нив некои се разболеа, а и тој самиот не изгледаше добро. Страдаше од чир во стомакот и повеќе гладуваше, па беше ослабнал и се исушил како трска. Но духот му беше силен во тој човек. Издржлив беше како иикој од нас Неговата наредба, Жигански (од село Жиганци) да нѐ одведе до под, Виница (Кочанско), не беше исполнета. Жигански сигурно не сакаше да си го изложува животот на опасност и затоа, по една ноќ одење, ни јави дека не може повеќе напред. Тогаш јас и Ипчо - Бичаклиев се разболе и остана со Панче, откако не можевме да го разубедиме Жигански од мислата дека е невозможно понатаму да се оди, се вративме назад да го стигнеме Панче. Мислејќи дека тој е уште во Калиманци, појдовме таму. Но тој си заминал. Тропнавме на вратата на раководителот Иљо Калимански. Ја затекнавме жена му. Таа ни кажа дека Панче заминал и го повел мажот ѝ кои Иљовските Осои до село Илиево – Царевоселско[26]. Сe упативме натаму. Беше дeн. Нѐ забележаа контрачетниците. Жетвари насекаде низ полето. Без да знаеме дека непријателите нѐ следат по стапките, намерно газевме преку нивите. Најпосле, застанавме до едни жетвари. Го прашавме најстариот од нив каде се наоѓа Панче. Но тој промрморе нешто неповрзано. Едно мало момиче тогаш се исправи: „Ама нели ние дедо собиравме храна утринава за него?“ Стариот немаше каде. Таму под нивата веднаш истрчавме и уште не се ни поздравивме, грмна пушка-две и потоа зачестија повеќе. Така дојде до Калиманскиот судир.

17 Иван Караџов, роден во с. Лешко, Горноџумајско, пунктов началник на Горна Џумаја, член на ЦК на ВМРО (1928)
18 Иван Михајлов, роден во Штип, сeкретар и благајник на ВМРО, пунктов пачалник на Софија, од 1925 година член на ЦК ил ВМРО и лидср на Организацијата.
19 Во 9-то јунскиот преврат 1923 година беше соборена владата на Александар Стамболиски, лидер на Бугарскиот земјоделски народен сојуз (БЗНС), која имала непријателски став спрема автономистичката ВМРО на Т. Александров и настојувала да ги спречи нејзините комитски аксии во вардарскиот дел на Македонија.
20 Георги Атанасов, родеп во Горна Џумаја, резервен потполковник на бугарската армија. заедно со Александар Василев (Алеко Паша) го раководеле Петричкиот револуционерен округ, приврзаник на левото крило на автономистичката ВМРО, убиен во горноџумајските настани во септември 1924 година.
21 Панчо Михајлов, роден во Штип, кочански околиски војвода, поет, книжевник и собирач на народни песни, убиен 1925 година, по наредба од И. Михајлов.
22 Владимир Георгиев - Черноземски, роден во с. Каменица, Велинградско, еден од најпознатите професионални терористи на ВМРО, убиец на Димо Хаџи Димов, Наум Томалевски и на југословенскиот крал Алаксандар Караѓорѓевиќ, 1934 година во Марсеј.
23 Стојан Мишев, роден во Штип, штипски војвода, по 1922 година се отцепил од автономистичка ВМРО и се приклучил кон Македонската федеративна револуционерна организација (МФРО), по 1923 година преминал во вардарскиот дел па Македонија и им се ставил на располагање на државните власти на Кралството на СХС во борбата против комитските чети на Т. Александров. убиен 1924 година во Штип од страна на испратениот атентатор на михајловнстичката ВМРО.
24 Ангел Узунов, роден во Охрид, брат на Христо Узунов, долгогодишен пунктов началник на ВМРО и ВМРО на Ќустендил, член и секретар на Македонската парламентарна група (1927), припадник на протогеровистичката струја на ВМРО.
25 Денешно Кочанско
26 Денешно Делчевско

[Конвертирање: Macedonian Documents; скен: Македонска Библиотека]   

January 12, 2015

Спомени - Мирчо Кикиритков, 3

Спомени - Мирчо Кикиритков

I

Роден сум 1904 г. во Ново Село. гр. Штип. од родители: Пане Арсов Кикиритков и Фимка Тинчева, од кои го помнам само татко ми, бидејќи мајка ми умре кога уште не бев навршил 6 години. Влачар, со многубројно семејство, татко ми криво-лево ја истеруваше издршката на сите и дури, либерален во многу односи, ме даде и во училиште, а бидејќи со бујна нарав, таму во почетокот никако не ми се допаѓаше редот, но наскоро свикнав благодарение на другарите со кои во игра го поминував поголемиот дел од своето време, не обрнувајќи им многу внимание на книгите. Игрите не беа многу интересни. Слушавме од нашите татковци дома и чувствувавме дека султанската империја се тресе под притисокот на Македонскиот револуционерен комитет, речиси сите ние, гледајќи го угнетувачкиот црвен фес, не скривајќи ја тајната омраза спрема него и една силна желба, порано или подоцна, со оружје в рака, со нашите поголеми браќа, крстосувајќи ги планините и цветните рамнини, да ѝ го дадеме својот долг на поробената Татковина. Уште тогаш нашите игри имаа карактер на борби помеѓу аскерот и комитските чети, во кои често пати за малку не си ги кршевме главите.

Си спомнувам, еден ден откако се разделивме на две групи и ја завршивме борбата, кога јас со неколцина од моите другари пак паднав во рацете на другите што ги претставуваа Турцнте. По наредба на нивниот началник, ние одвај не бевме тепани, корнети за уши и најпосле со јажиња качени на дрвјата во крајречната градина. Сакаа да обесат. За да нè спаси, сфаќајќи го лошиот крај на играта, втрча еден возрасен сограѓанин и ги натера да нè симнат и да нè одврзат, за да не се случи некаква несреќа. Ништо не е за чудење. Мојот чичко Славејко Арсов, како ресенски војвода, учесник во Илиндснското востанис и убиен 1904 г. во борба со редовната турска војска, неговиот бурен живот што од приказните на татко ми постојано воскреснуваше пред моите очи, не можеше, а да не ни повлијае во тој правец.

А потоа, кога веќе потпораснав, стапив во в второто, третото и четвртото одделсние и сам почнав да разбирам и да се досетувам за онаа мрежа на ВМРО, која беше распослана низ целата македонска земја на која не ѝ беше туѓ ни мојот татко. Подоцна веќе дознав дека тој бил десетар, а брат му Мише Кикиритков - член на Раководното тело. Старите значи работеа. За да не останеме и ние подолу, немоќни и мали, не можејќи да бидеме како нив, го истуравме својот гнев врз незаштитените турски бостани. Во сезоната иа нивното зреење, се собиравме во групи и доближувајќи се скришум до нив, се предававме на безмилосно сечење. Дињите беа Турчинките, а лубениците Турците. Тиквите, пак, околу бостаните - пашите и големците. Воопшто, нанесувајќи им штета на таков начин, ние ги изразувавме своите „симпатии“ кон нашите поробувачи и така ги задоволувавме нашите неостварени желби поради возраста да станеме комити и да се бориме за ослобдувањето на својот народ.

Необичен настан за моето детство беа и атентатите од 1911 г. по градот, сред чаршијата - кај шадрванот. Исценирани од ВМРО, тие предизвикаа големо негодување од страна на Турците. Нивниот бес се изрази со најтажни последици врз населението, повидните граѓани, од сите сомнителни лица од самиот град и околината, беа фрлени во затворите, тепани и измачувани. Претчувството за нешто што рееше над сите нас, ме тераше да живеам со трепет и со едно возбудено очекување дека најпосле од тој хаос ќе се роди денот на македонската слобода.

Балканската војна во 1912 г. дојде да ја потврди надежта, но таа радост не траеше долго за сите нас. Во тринаесеттата година изникнаа недоразбирањата меѓу сојузниците и наместо црвеннотфес пред очите ни се појави шајкачата. Со неа татковците почнаа да нè плашат. Под притисок на властите, по завршувањето на основното бугарско училиште, требаше понатаму да продолжам во српска гимназпја. Немав жслба ни ногата да ми стапне таму, но го заплашија татко ми со голема казна. Што ти не требаше да слушам на неразбирлив јазик за мене, со кој често се подигрувавме на еден или друг начин. Тие години ништо значајно не содржеа за да го растресат секојдневниот тек на мојот развој и суштествување. И кога 1915 г. над Хисарот се разнесе громогласното бугарско „ура“, јас дури не се ни зачудив. Знаев што трбаше тоа да биде. Но сепак, и тоа време не помина без страшни моменти. При објавување на европската војна 1914 г., зет ми Коце Андонов, убавиот Коце, беше повикан во војска. Татко ми го скри а јас, 10-годишно детиште, знаев дека со помош на четите подоцна ќе биде префрлен во Струмица. Така и се случи. Озлобени, Србите направија претрес дома и толку лошо се однесоа со татко ми и маќеа ми, а особено со сестра ми, што во мене остави неизбришливи впечатоци за нивната нечесност. Напуштајќи го во тоа време училиштето, јас требаше да му помагам на татко ми. Тој имаше желба да ме направи трговец и ме водеше по пазарите. Но никако не ме тераше срцето натаму. Сакав и јас да одам во војна. Би ме зеле ли како доброволец? Та јас уште немав ни 12 години.

1918 г. ме затече уште момче со врзани раце. Несреќниот крај на војната не ме порази. Нешто обично, си мислев. Нема да биде за долго и пашите пак ќе дојдат. Србите, како и Турците, нема да се осудат да ги газат нашите светости и потполно да забранат да ја исповедаме својата вера и бугарштината. Се излажав. Татко ми беше замешал во аферата со избеганите затвореници во... година (Веројатно тука станува збор за Констаитин Ципушев[4] н неговите другари). Го затворија, но на крај го ослободија. Таков беше српскиот систем: виновен или не, секој да помине низ затвор, и на тој начин да се заплаши народот и да стане послушен, да им поверува во своите „ослободители“, „брача“.[5]

Станав глава на семејството - нешто многу тешко за мене. Со татко ми се гледав често, благодарение на жолтиците со кои ги подмачкував клучевите на темничарот во затворот и на полицискиот началник. Животот ми стана неподнослив. И затоа, по пуштањето на татко ми од затвор, со неколцина другари решивме да избегаме во Бугарија и таму да се ставиме во услуга на ВМРО. Таа, во тоа време, почна да развива засилена дејност. Не минуваше ден а да не слушнеме за судири меѓу четите и српската или грчката жандармерија или редовната војска. Успехот, пак, на Брло војвода[6] (штипски) кај селото Судик, каде што паднаа неколку души од страна на Србите, на чело со полицискиот капетан Елиќ, сосема нè поулави. Чекавме само подобар момент за да го реализираме замисленото: првиот пат, доверувајќи му се на мојот пријател Нанчо Витларов[7], којшто го извести татко ми за сè без зла намера, бегството ми излезе јалово. Но подоцна, околу 19 души, заедно со спомеантиот Нанчо, еден петочен ден тргнавме од разни патишта кон селото Чардаклија. Колку и да ги криевме намерите, не можевме да не им го откриеме на нашите блиски. Татко ми немаше што повеќе да се опира. Ме благослови и ми пушти во раката 500 динари. Мајка ми исто. Не нè заборавија ни љубените, кои долго време мавтаа со своитс марамчиња од Камениот мост и го извикуваа своето проштално „збогум“. Еден Србин дури ни дофрли: „Во Бугарија ли заминувата? Ве знам јас, знам!“

Во селото Чардаклија влеговме во врска со Брловите луѓе, уште повеќе што некои од моите другари како Ипокрит Развигоров[8], Пане Цицонков - брат на Јордан Цицонков[9], Алабакот - Блажо Георгиев, Илија Лилинков[10], одамна ги познавав. За тоа бегство беа уапсени првите луѓе на ВМРО во Штип. Од Чардаклија ме спроведе еден селанец во с. Крупишта, а оттаму, преку чифликот и Облешево, се упативме преку планината над Кочани кон Султан Тепе од каде што ја минавме границата.

Таква беше желбата на Тодор Алсксандров[11]. Нанчо Витларов и Трајчо Тошанов, пред бегството од Штип, му беа испратиле писмо со молба да ги прими како четници. Нè префрлија куририте. Со ниедна од дејствувачките чети не се сретнавме. Најпрвин застанавме во Саџеник. Потоа во с. Богослов, од кадс ШТО едем жандарм нè поведе пеш кон Ќустендил. Нè ставија во участокот (1922 г.). Дојдоа Славе Иванов[12], Ване Арсов, Дане Црнолишки и Нако Трогерски. Нè прашаа за Тодор Александров и за начинот на којшто сме ја минале границата. Тогаш ВМРО преживуваше „земјоделска“ криза. Таа беше нејзин противник. Научени уште однатре што да одговориме на слични прашања, ние ги заблудивме. Тогаш се ни обрти Славе Иванов: „Да ви ги јаде лајната тој што ве научил така да говорите“.

Од Ќустендил ме доведоа право во Софија, каде што нè пуштија. Првпат видов голем град. Минувајќи преку Шарениот мост[13], не можев да им се нарадувам на лавовите. Ги гледав. Речиси уплашен од тротоарот ги гледав трамваите што летаа. Во полицијата нè испитаа и нè пуштија со предупредување дека не смееме да стапиме во Петричкиот и во Ќустендилскиот округ. Отидов кај чичко ми Лазо Арсов Кикиритков - часовничар.

-     Добра вечер. чичко!
-     Добра вечер, момче, што сакаш?
-     Јас сум син на брат ви.
-     Ама на кого си? Не слушнав добро.
-     На Пане сум син - Мирчо.
-     А од кога си тука?
-     Сега дојдов.
-     Зошто си избегал? Што ќе правиш тука? И тука е криза, а пак таму сте добро. Војник ли те бараа или што?
-     Не, не сакам кај Србите да живеам и затоа побегнав.
-     Седни!
Ми посочи еден стол. Порача една лимонада со две чаши.
-     Ајде на здравје! Седи тука додека се вратам.

Зеде една мрежа и појде во магазините. Потоа ме покани дома, но се однесуваше кон мене како кон туѓинец. Не ме претстави дури ни на своите деца - моите братучеди.

Ми најде работа: да носам тули во една постројка. Разгеле, ги сретнав другарите. Дадов оглас во весниците. Јас и Лилинков станавме служители во хотел. Но не издржавме. Избегавме во Петрич. Таму ме пречека многу добро тетин ми, Коле Пиперевски. Се фатив на занаетот - леблеџилакот. Тој ми даде капитал. Но од мојата намера да станам комита не се откажав. Бев 18-годишен. Никој не ми обрнуваше внимание. Најпосле, преку Атанас Попето, ме прифати околискиот војвода Георги Хаџи Димитров Гевгелиски.[14] Тој нè прими мене и Лилинков. Па српската граница кај селото Габрене се собравме три чети: Гевгелиската со Георги, Ениџевардарската со Атанас Чанев и Воденската со нејзиниот секретар Борис Изворски[15] - м. август 1922 г.

Одев со четата околу два месеца. Имавме само два кратки судира, не можев да се служам со оружјето. Еден од постарите четници ме научи. Кога исправен и треперејќи грмнав, не разбирајќи дали куршумите паѓаат во целта, тој ме клоцна и јас се испружив на земја до еден окоп останат од војната. Добив уште еден удар со кундакот од неговата пушка: „Пази со нозете, момче, штом ќе ги изгубиш, што ќе правиш со главата?“

[4] Константин Ципушев, роден во Радовиш, пунктов началник на ВМРО во Струмица. Организатор на нападот на Удово и Валандово на 1-2 април 1915 година. Во 1919 година бил уапсен од српските власти и осуден на смрт. Подоцна бил помилуван и одлежал 19 години во затворите на Кралството Југославија.
[5] Така стои во ракописот, на српски
[6] Иван Јанев - Брло, роден во село Горни Балван, Штипско, штипски војвода, во 1925 година од ЦК на ВМРО бил осуден на смрт и ликвидиран.
[7] Нанчо Витларов, роден во Штип, припадник на михајловистичката струја на ВМРО и еден од атентаторите на генералот и член на ЦК на ВМРО, Александар Протогеров. Подоцна и самиот ќе биде убиен од припадниците на протогеровистичката струја на ВМРО.
[8] Ипокрит Развигоров, роден во Штип, еден од атентаторите (заедно со Илија Лилинков и Благој Кралев) над генералот Михајло Ковачевиќ во октомври 1927 година во Штип. При обидот да бидат фатени од српската потера, заедно со Илија Лилинков избршиле самоубиство.
[9] Јордан Цицонков, роден во Штип, по наредба на ЦК на ВМРО во 1923 година во Прага го убил Рајко Даскалов, еден од водачите на Бугарскиот земјоделски народен сојуз (БЗНС). Бил осуден на 20 години затрвор, во 1926 година се обесил во затворот во Кароузи.
[10] Илија Лилинков, роден во Штип, еден од атентаторите на генералот Михајло Коваќевиќ.
[11] Тодор Александров, роден во Ново Село. Штипско, член на ЦК на ВМРО и лидер на автономистичката ВМРО, организатор на четничкото движење во вардарскиот дел на Македонија.
[12] Славе Иванов, роден но Штип, штипски војвода. Во 1921 година се отцепил од ВМРО и се приклучил кон Македонската федеративна револуционерна организација (МРФО), а подоцна кон ВМРО (Обединета). Бил во служба српската Разузнавачка служба, а во 1941 година и на ГЕСТАПО, за што во 1948 година бил осуден од југословенските власти.
[13] Се мисли на Лавов мост.
[14] Георги Гевгелиски, роден во Гевгелија, гевгелиски војвода, припадник на протогеровистичката струја на ВМРО.
[15] Борис Изворски, роден во с. Извор, Ениџевардарско, ениџевардарски војвода, убиен 1928 година.

[Конвертирање: Macedonian Documents; скен: Македонска Библиотека]  

January 10, 2015

Спомени - Мирчо Кикиритков, 2

Спомени - Мирчо Кикиритков

СПОМЕНИ

Со Мирчо Кикиритков се познавав уште од моите ученички денови во Штип, од српско време. За првпат сс сретнав во Бугарија со него по повод мојата брошура „Не можам повеќе да молчам!“, кога тој, како телохранител на Јордан Ѓурков, заедно со уште двајца терористи, дојдоа во куќата на мојот чичко Симеон Хаџи Кимов, каде што живеев - ул. Добруџа. бр. 15, за да побараат изјава од мене. Истрагата заврши во моја полза. Јас одреков дека сум автор на брошурата, но изјавив дека со радост би му ја стиснал раката на тој човек за неговата смелост да ја изнесе вистината. Додадов уште дека нашата борба е во Македонија, а не по софиските сокаци и дека сум подготвен да ги фрлам книгите, да го напуштам Универзитетот, да ја грабнам пушката и да одам да се борам таму, доколку и тие се согласат да го сторат истото. Овие зборови и другите искажувања во врска со македонската и општобугарската дејност предизвика симпатии кај терористите, па и на самиот Ѓурков кон мене, но тоа ме им попречи да ме предупредат дека ако продолжам по тој пат не е исклучено да ми ја скинат главата.

Се разбира, јас тукушто тргнав по патот на македонското прогресивно движење (1928-1929) и немав намера да се откажам од него. Тоа беше повод за „гостувањето“ на Мирчо. во семејството ма бижутерот Димитар Коцев, во чија куќа живеев со семејството на мојот чичко. Бевме скоро на иста возраст и наспроти околноста дека е убиец на мојот вујко Славчо Ковачев, станавме пријатели. Мирчо го придоби моето пријателство и искрено се каеше пред мене дека бил жртва на своето незнаење и на младоста, а јас на неговото. со надмоќта на прогресивната идеологија на мак. прогресивно движење по нац. прашање над исповедувањата на ВМРО (врх.), во која тој членуваше. Наснроти тоа, јас се чував од него како од чума, наполно уверен дека е испратен од својот шеф Ванчо Михајлов, не да „гостува“, туку да ме шпионира. Еден ден открив во неговата соба писмо од неговиот шеф со слична содржина, во кое, меѓу другото, имаше укоро дека паднал под мое влијание (за агитација и пропаганда, бев оценет од Партијата со 6) и дека не си ја гледа работата како што треба. Не се воздржав и го разобличив. Тој сè ми призна, но ме успокои да не се плашам, зашто интимно и тој раскинал со Организацијата и решил да си ја смени професијата. Дека не ме лажел имав пеколку конкретни докази, меѓу кои беше и повикот „Кон убијците“, за кои јас и Христо Хролев - Грофот бевме набедени во Истражното и обвинети за неговото објавување. Сигурно ќе добиевме уште некоја година затвор. А тоа што не се случи му го должам на Мирчо. Отишол кај тогашниот пунктов на Софија, Кирил Дрангов, му го извадил револверот и му рекол дека ако не нареди да ме пуштат од Истражното, „ќе пука“. Тогаш имаше најтесни врски помеѓу режимот и Организацијата, и по долги расправии Дрангов го кренал телефонот и ние со Хролев се најдовме на слобода. Подоцна Мирчо го исполни ветувањето да раскине со Организацијата и стана помошник во еден дуќан за бижутерија иа Димитар Коцсв, дури со помош на разни ортаци отвори и сопствен дуќан на аголот меѓу Дундуков и поранешната Трговска. Бидејќи ме копкаше да дознаам на кој начин е извршено убиството на мојот вујко Славчо Ковачев, а исто така да дојдам до некои други податоци за дејиоста на ВМРО (врх.), успеав во тоа време да го убедам да ми ги издиктира своите спомени.

Мирчо го заврши својот живот во Скопје, каде што по 9 септември 1944 г. избега од Бугарија и падна во рацете на ОЗНА. Тој е убиен таму без суд и пресуда. Злите јазици зборуваат дека убиството се случило од некои алчни службеници на ОЗНА за златото, што е најдено во неговиот багаж. Убивајќи го, на тој начин, успеваат да си го присвојат.

15. IV. 1973  г.
Софија    
В.    Хаџи    Кимов

Од спомените на еден македонски револуционер. Започнати на 2 септ. 1929 г.[3]

[3] Реченицата е напишана со ракопис

[Конвертирање: Macedonian Documents; скен: Македонска Библиотека]  

January 8, 2015

Спомени - Мирчо Кикиритков, 1

Спомени - Мирчо Кикиритков

Спомените на Мирчо Кикиритков Претставуваат интимна исповед на еден крајно предан припадник на внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО), комита во четите на Тодор Александров, терорист и телохранител на највисоките раководни луѓе во Организацијата и убиец на идеологот на Македонската емигрантска федералистичка организација (МЕФО), Владислав (Славчо) Ковачев.

Мирчо Кикиритков е роден 1904 година во Штип во револуционерно семејство. Татко му и чичко му биле активни членови на револуционерниот комитет во Штип, а еден од чичковците е познатиот ресенски војвода Славејко Арсов. Во 1922 година избегал во Бугарија, каде што се вклучил во четите на ВМРО, на војводите Иван Јанев-Брло, Георги Гевгелиски, Панчо Михајлов и Ефтим Ташов - Полски. По убиството на Александар Протогеров во 1928 година и по зачестените меѓусебни убиства во ВМРО, тој се повлекол од Организацијата.

Животот на овој заблуден револуционер и покајник завршил по ослободувањето на Македонија. По 9-септемвриските настани 1944 година, тој избегал од Бугарија во Скопје, каде што бил уапсен и стрелан од македонските полициски власти.

Во неговите спомени мошне впечатливо е даден чинот на убиството на неговиот сограѓанин, штипскиот војвода, новинарот, публицистот, судијата, адвокатот и идеологот на МЕФО, Владислав (Славчо Ковачев).

Спомените на Мирчо Кикиритков ги забележал Васил Хаџи Кимов, негов сограѓанин од Штип, приврзаник на протогеровистичката струја на ВМРО и член на ВМРО (Обединета), а подоцна исклучен од неа. Хаџи Кимов е автор на брошурата „Не можам повеќе да молчам“ објавена 1929 година во Софија, во која жестоко ги осудува убиствата над македонските дејци од страна на михајловистичката струја на ВМРО. За време на бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна, Хаџи Кимов бил претседател на Бугарскиот централен акционен комитет во Скопје, за што по војната бил осуден на повеќегодишна казна затвор. По издржувањето на казната, работел во Народната библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Хаџи Кимов спомените на Кикиритков ги запишал во септември 1929 година, кога веќе тој, разочаран од ВМРО, се повлекол од организациските работи и се зафатил со трговија.

Спомените на Мирчо Кикиритков се наоѓаат во Централниот државен архив во Софија, Р. Бугарија, на вкупно 16 страници, Пишувани на машина, на бугарски јазик.[1] Еден дел од спомените ги објавив 1993 година во магазинот „Збор“[2].

[1] Централен държавен архив, София. Фонд 1932 – Национално освободителни организации на македонските българи след Берлинския договор 1878 година, оп. 4. а.е. 33, л. 1-16
[2] „Македонски судбини – Заблудениот револуционер“, „Збор“, Скопје, 1 XI 1993 – 1 V 1994 (фељтон во 8 продолженија)

[Конвертирање: Macedonian Documents; скен: Македонска Библиотека]