Showing posts with label Биографија. Show all posts

September 15, 2015
February 19, 2015
Александар (Алексо) Мартулков
Александар (Алексо) Мартулков (псевд. Бизмарк) (Велес, 23. X. 1878 – Софија, 1965) е македонски револуционер и публицист. Како член на Македонската социјалистичка група, а подоцна и на ВМРО (Об.) тој се залагал за ослободување на Македонија. Алексо бил член на Президиумот на АСНОМ и во Собранието на Македонија.
Алексо Мартулков е роден на 23 октомври 1878 година во Велес. Се школувал во Велес и во Педагошкото училиште во Скопје, од каде што бил исклучен како бунтовник против османлиската власт. Во 1895 година станал член на првата социјалистичка група во Македонија. По доаѓањето во Софија, станал член на Македонската социјалдемократска група што ги ширела социјалистичките идеи меѓу македонската емиграција и во Македонија.
Работел заедно со Димо Хаџи Димов, Иван Клинчаров и Васил Главинов. Тргнувајќи од ставот дека без национално ослободување нема економска слобода, тие тесно соработуваат со ТМОРО. По одржувањето на Првата социјалистичка конференција во јули 1900 година во близина на Крушево дел од социјалистите се вклучуваат во редовите на МРО.
Алексо учествувал во борбите на Македонската револуционерна организација против туѓите пропаганди во Македонија и бил еден од организаторите на велешкото Културно-просветно друштво „Класно сознание“.
Во 1909 година учествувал во задушувањето на контрареволуцијата во Цариград, а истата година зема учество во Комитетот за јавна безбедност во Велес, кој раководи со воените и граѓански власти во регионот.
По избувнувањето на Првата балканска војна и окупацијата на Македонија, во декември 1912 година, Алексо Мартулков учествува на Општомакедонската конференција во Велес, организирана од Димитар Чуповски. Присутните македонски дејци меѓу кои Димитар Чуповски, Алексо Мартулков, Ангел Коробар, Ризо Ризов, Петар Поп Арсов, Јован Попјорданов и други, решаваат да испратат делегација на Лондонската конференција, како и во Париз за да се борат за зачувување на интегритетот на Македонија.
По Првата Светска Војна, Алексо Мартулков се вратил во Бугарија. Во периодот 1924 – 1927 работи во македонските братства и станал член на ВМРО (Об). Поради прогресивната македонска активност, во 1931 година добил закана дека ќе биде ликвидиран. Од 1932 година Александар (Алексо) Мартулков станува уредник на весникот „Македонско знаме“, а наредната година (24 јануари 1933) бил ранет во ногата. Алексо го преживеал најавениот атентат, но поради дејството од позиција на македонска нација бил осудуван и затворан во концентрациони логори.
Во 1933 година Алексо Мартулков бил обвинет за поттикнување непријателство и омраза спрема одредени класи и власта, но благодарение на добрата одбрана на адвокатот бил ослободен. Но, во летото 1935 година повторно е уапсен од бугарските власти, заедно со други дејци на ВМРО (Об.) и осуден со парична казна и 5 години затвор.
По 9 септември 1944 година, Мартулков во Софија потпишува „Апел до Македонците во Бугарија“ и се залага за создавање на Народна Република Македонија. На 27 септември 1944 година во Бугарија пристига македонска делегација (Михајло Апостолски, Лазар Колишевски и Светозар Вукманович – Темпо) која разговарала за враќање на македонската емиграција во татковината, како и за евентуално присоединување на Пиринска Македонија кон земјата.
Македонската делегација разговарала со Александар (Алексо) Мартулков, Туше Делииванов, Крсте Гермов, Петар Трајков и други интелектуалци од македонската емиграција во Бугарија. Во октомври 1944 година биле повикани македонските интелектуалци за евентуалното учество во идното управување со земјата.
Алексо Мартулков и Крсте Гермов на 1 јануари 1945 година биле избрани за членови на Президиумот на АСНОМ и во Собранието на Македонија. Меѓутоа, набргу како неподобен бил сменет од функцијата и пензиониран. За своите заслуги во македонската револуционерна борба Алексо бил одликуван со Орден за народни заслуги и со Илинденска споменица. Живеел во Скопје каде ги пишува своите мемоари до 1953 година, а подоцна разочаран заминува во Софија каде умира во 1965 година.

Извор: Македонска Нација
January 28, 2015
Ибе Паликуќа
Ибе Паликуќа (1927, Дебар - 22 септември 1944, Шутово, Кичевско)
Учесничка во НОВ во Македонија и една од седумте партизанки од Македонија која е прогласена за народен херој на Југославија.

Ibe Palikukja (1927, Debar – 22 september 1944, Shutovo, Kichevo)
One of the seven woman from Macedonia who were decorated by the Order of the People's hero of Yugoslavia.
Википедија:

September 2, 2013
Ханс-Лотар Штепан
Ханс-Лотар Штепан (1935 - 2011)
Прв германски амбасадор во Република Македонија, нејзин голем пријател и еден од најголемите лобисти за македонската вистина. Автор на книгата “Македонскиот јазол”.

Hans-Lothar Steppan (1935 - 2011)
First German ambassador in Republic of Macedonia and one of the greatest lobbyist for the Macedonian truth. author of the book “The Macedonian Knot”.
August 21, 2013
Димитрија Чуповски
Димитрија Чуповски (Папрадиште, 8 ноември, 1878 - Ленинград, 29 октомври, 1940)
Македонски општественик, револуционер, дипломат, публицист, историчар, картограф, филолог и еден од најистакнатите организатори и афирматори на македонската национална мисла.
Dimitrija Chupovski (November 8, 1878, Papradishte – October 29, 1940, Leningrad)
One of the founders of the Macedonian Literary Society, autor of a large number of articles and official documents and publisher of the printed bulletin of the Macedonian Colony.
Македонски општественик, револуционер, дипломат, публицист, историчар, картограф, филолог и еден од најистакнатите организатори и афирматори на македонската национална мисла.

One of the founders of the Macedonian Literary Society, autor of a large number of articles and official documents and publisher of the printed bulletin of the Macedonian Colony.
August 17, 2013
Димитар Миладинов
Димитар Миладинов (Струга, 1810 - Цариград, 1862)
Македонски народен преродбеник, учител, публицист, собирач на народни умотворби и основач на македонската етнографија.

Dimitar Miladinov (Struga, 1810 - Istanbul, 1862)
Macedonian folklorist, teacher, author of an important collection of folk songs and founder of the macedonian ethnography.

August 11, 2013
Крсте Петков Мисирков
Крсте Петков Мисирков (18 ноември 1874, Постол - 26 јули 1926, Софија)
Македонски филолог, кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, славист, историчар, аналитичар, етнограф, публицист и проучувач на македонското народно творештво.

Krste Petkov Misirkov (18 November 1874, Postol - 26 July 1926. Sofia)
Author of the first book and scientific magazine in Macedonian language, where he for the first time outlined the principles of the Macedonian literary language.

July 21, 2013
Јане Сандански
Јане Сандански - Пиринскиот Цар (18 мај 1872, Влахи - 10 април 1915, Мелник)
Истакнат македонски револуционер и еден од водачите на Внатерешната македонско-одринска револуционерна организација.
Jane Sandanski - The Tzar of Pirin (May 18, 1872, Vlahi - April 22, 1915, Melnik)
Macedonian revolutionary and one of the leaders of the Internal Macedonian-Adrianople Revolutionary Organization in the Serres region.
Яне Иванов Сандански
Македонски революционер, живял в края на 19 и началото на 20 век, дългогодишен ръководител на Серския революционен окръг на Вътрешната македоно-одринска революционна организация.
Истакнат македонски револуционер и еден од водачите на Внатерешната македонско-одринска револуционерна организација.

Macedonian revolutionary and one of the leaders of the Internal Macedonian-Adrianople Revolutionary Organization in the Serres region.
Яне Иванов Сандански
Македонски революционер, живял в края на 19 и началото на 20 век, дългогодишен ръководител на Серския революционен окръг на Вътрешната македоно-одринска революционна организация.
June 18, 2013
Апостол Петков Терзиев
Апостол Петков Терзиев - Ениџевардарско сонце (6 мај 1869, Бојмица - 2 август 1911, Крушари)
Македонски револуционер, илинденец и војвода на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.
Apostol Petkov Terziev - the Sun of Enije Vardar (May 6, 1869, Boymitsa - August 2, 1911, Giannitsa)
Macedonian revolutionary and one of the leaders of the Internal macedonian - adrianople revolutionary organisation in the Aegean part of Macedonia.
Апостол Петков Терзиев - Ениджевардарското слънце (6 май 1869 Боймица - 2 август 1911 Крушари)
Македонски хайдутин и революционер, основен войвода на Вътрешната македоно-одринска революционна организация в Гевгелийско и Ениджевардарско.
Ο Αποστόλ Πέτκωφ (Μποέμιτσα, 6 Μαΐου 1869 - Κρουσιάρι, 2 Αυγούστου 1911)
Μακεδόνας συμμορίτης, κομιτατζής και επαναστάτης βοεβόδας (αρχηγός ένοπλης ομάδας) της Εσωτερικής Μακεδονο-Ανδριανουπολιτικής Επαναστατικής Οργάνωσης (ΕΜΑΟ-IMRO).
Македонски револуционер, илинденец и војвода на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.

Macedonian revolutionary and one of the leaders of the Internal macedonian - adrianople revolutionary organisation in the Aegean part of Macedonia.
Апостол Петков Терзиев - Ениджевардарското слънце (6 май 1869 Боймица - 2 август 1911 Крушари)
Македонски хайдутин и революционер, основен войвода на Вътрешната македоно-одринска революционна организация в Гевгелийско и Ениджевардарско.
Ο Αποστόλ Πέτκωφ (Μποέμιτσα, 6 Μαΐου 1869 - Κρουσιάρι, 2 Αυγούστου 1911)
Μακεδόνας συμμορίτης, κομιτατζής και επαναστάτης βοεβόδας (αρχηγός ένοπλης ομάδας) της Εσωτερικής Μακεδονο-Ανδριανουπολιτικής Επαναστατικής Οργάνωσης (ΕΜΑΟ-IMRO).
Labels:
Биографија
May 20, 2013
Ѓорче Петров, живот и дело
Името и делото на Ѓорче Петров се неразделно сврзани за Македонската револуционерна организација. Го нарекуваат идеологот на Внатрешната македонска револуционерна организација.[1] Роден е во селото Варош, прилепско во 1865 година. Основното училиште го стекнува во родното Варош. Во 1880 година доаѓа во Софија за да се запише во гимназија како стипендист на бугарската влада, но стипендијата не ја добива. Се враќа во Прилеп, каде што станува бакал. Во 1883 година се запишува во Солунската егзархиска гимназија, но во шестиот клас е исклучен поради учество во ученичките бунтови. Меѓу другите причини се и дописките во софискиот весник Балкан кои биле насочени против управата на гимназијата и општината. Бидејќи се разболува 1885 година се враќа во Прилеп. Во учебната 1888/89 година станува учител во скопската прогимназија по препорака на Методи Кусев. Тука, истовремено со учителската работа врши и истражување на скопскиот округ и резултатите од тоа истражување ги објавува во книгата Материјали по географија на Македонија. Таму се зближува со Теодосиј Гологанов, кој е познат по неговата борба за обнова на Охридската архиепископија, како автокефална Македонска православна црква. Во 1891 година е преместен во Битола, поради неговите блиски врски со митрополитот.[2] Тука поминува пет години, период за кој почнува активно да се вклучува во револуционерното движење и собира географско- фолклорни материјали кои ги објавува во книгата “Материјали по изучувањето на Македонија”. Во оваа книга се наоѓаат значајни податоци од историско и културно- политичко значење. Битолскиот округ за време на престојот на Ѓорче Петров таму станува жив центар на Револуционерната организација. Во Ресен се одржува советување во 1894 година на кое Ѓорче заедно со Гоце Делчев изработуваат заеднички устав на Организацијата.
Ѓорче Петров на Солунскиот конгрес е избран за задграничен претставник на Организацијата во Софија заедно со Гоце Делчев. Таму задачата да ја бранат Организацијата од надворешни посегања, како и организирањето на канали за пренесување оружје и погранични пунктови во Ќустендил и Дупница, Гоце и Ѓорче ја вршат сосем солидно. Истовремено, Ѓорче објавува неколку броеви на весникот Бунтовник во кој јавно се пресметува со врховистите и бугарската влада. Во 1901 година поради убиството на Стефан Михајлану во Букурешт, за кое постоело индиции дека е нарачано од Сарафов, бугарската влада го користи случајот и за пресметување со членови на ВМРО во Софија, како Ѓорче. Во 1902 година во софискиот весник Право е објавена подолгата расправа на Ѓорче - “Македонското ослободително дело на бугарска почва”, во која тој блескаво се пресметува со врховистите и ја истакнува идеолошката платформа на МРО.
Солунскиот конгрес 1903 година на кој е донесено решение за дигање востание пролетта истата година, е причина во Софија да се одржи советување на кое меѓу другите учествувал и Ѓорче. Ѓорче и Гоце Делчев се единствените што се категорични против дигање востание пролетта 1903 година. Таму Ѓорче ја развива тезата за перманентно востание.[3] Сепак, зема учество со поголема чета. По неуспешниот обид за напад на касарните во Прилеп, Ѓорче со четата се упатува кон Мариово, кај с. Чаниште се одигрува една од најкрвавите битки во востанието. Во октомври 1903 година четата на Ѓорче по преминувањето во Леринско е растурена.
Во почетокот на мај 1904 година во Прилеп се одржува т.н. подвижен конгрес. На овој Конгрес Ѓорче е најголем гласноговорник за реформи и децентрализација на Организацијата. На Рилскиот конгрес 1905 година Ѓорче е избран повторно за задграничен претставник [4]. Сепак се разидува со Петар поп Арсов поради неговата слабост кон Борис Сарафов. Во 1906 година заедно со Антон Страшимиров го издава и уредува списанието “Културно единство” во кое објавува повеќе статии од повеќе области. Заедно со Сандански и серската група соработуваат со младотурците во текот на револуцијата. Во Балканските војни Ѓорче Петров учествува како доброволец во македонските вооружени единици кои учествуваат на страната на сојузниците.
Во 1913 година е поставен на работно место во културниот оддел при губернаторството во Сер. Периодот 1916-1918 година ја врши функцијата претседател на битолската окружна комисија и кмет на градот Драма. Во 1919 година се реактивира во редовите на македонската емиграција во Бугарија, каде станува еден од шесте членови на Привременото претставништво на бившата обединета ВМРО. Во Билтенот објавува повеќе статии. Во 1921 година станува претседател на Комисијата за бегалци при бугарската влада. Заради неговата соработка со бугарската влада, станува мета на Тодор Александров, чии платеници смртно го погодуваат пред неговиот дом на 28 јуни 1921 година.
Бојан Трпевски [објавено во Македонска Ризница, бр. 10]

[1] Гане Тодоровски, Ѓорче Петров (прилози за животот и делото), Скопје 1981, стр. 7[2] Исто, стр. 13[3] Христо Силјанов, Ослободителните борби на Македонија, Том I, Софија 1933, стр. 202[4] Христо Силјанов, Ослободителните борби на Македонија, Том II. Софија 1943, стр. 374
May 9, 2013
АЛАБАКОВ ЃОРГИ
Роден сум во селото Опцирина, Леринско, во 1885 година, а сега живеам во Битола, улица „Кавала“ бр. 22. Илинденец сум со Илинденска споменица.
За Тајната македонско-одринска револуционерна организација започнав да работам веднаш по моето зачленување со полагање заклетва пред 1903 година. Заклетвата ја положив пред војводата Наум Буфчанецот, но со оглед на тоа дека бев млад бев задолжен да работам во заднината. Мојата работа се состоеше од одржување на курирски врски. Дочекував и испраќав во четите комити, а често пати пренесував и пошта.
Пред самото востание се приклучив како комита во четата на војводата Наум Буфчанецот. За време на моето приклучување кон четата таа броеше 25 комити. Заменик на војводата Наум Буфчанецот беше Мицко Гелев од селото Раково.
На вечерта спроти Илинден се собравме во ливадите над селото Опцирина. Тука беа појдени и други чети со своите војводи од околните села. За време на овој собир на четите, војводата Наум Буфчанецот одржа говор пред насобраните комити во кој ги повика да започнат напади над турските војски. По одржаниот говор тргнавме да ги напаѓаме кулите на агите и турската војска по околните села Света Петка, Клабучишта и други. Повеќето од селската милиција беше вооружена со коси, секири, вили и слично, додека мал дел имаа пушки и пиштоли. Истата ноќ го запаливме сарајот на бегот во селото Клабучишта. Се вивна таков пламен што целото село беше осветлено како на пладнина. Бегот беше избеган пред време, но ги убивме сите негови ќаи што ги затекнавме во сарајот. Ги урнавме сите бандери на телеграфската линија што минуваа тука. Ги запаливме скоро сите кули до селото Клештина. Меѓутоа, утредента се собра аскерот од Лерин и башибозукот од селото Клештина, не потераа, а бидејки бевме помалубројни и послабо вооружени бевме принудени да се повлечиме кон селото Раково, односно кон Раковската Планина. Тука се судривме и водевме жестока борба неколку часа при што загинаа 7-8 наши комити, додека другите успеавме да се засолниме во планината. По задушувањето на Илинденското востание на македонскиот народ продолжив да ѝ служам на Организацијата повремено како комита во чета, а повремено во заднина сè до 1908 година, за време на Хуриетот. Тогаш се собравме сите лерински чети и отидовме во Битола каде бевме пречекани од народот.
За време моето комитствување во четата на Наум Буфчанецот, а кога загина тој, по неговото предавство во селото Драгош од страна на грчките андарти на турскиот аскер и башибозук од селото Клештина, и во други чети се среќававме со други војводи и нивните чети, како на пример војводата Ѕоле Стојчев , чиј реон беше кон Воден, Митре Влаот кон Костур, Крсте Љондев кон Леринското Поле.
April 27, 2013
Никола Карев
Никола Карев
Македонскиот револуционер Никола Карев е роден во 1877 година во Крушево, во мошне сиромашно семејство. Поради сиромаштијата бил принуден да го прекине школувањето и да се вработи како столарски чирак, а на 16 години заминува за Бугарија каде работи во столарската работилница на Васил Главинов. Потоа се враќа во Македонија, каде што се дошколува и станува учител во Битолската гимназија. Во исто време, Карев активно се вклучува во македонската револуционерна организација и станува раководител на Крушевскиот револуционерен комитет.
Во пресрет на Илинденското востание, и покрај тоа што бил против негово кревање, сметајќи дека народот сè уште не е доволно подготвен за тоа, по одлуката да се крене востание, зел активно учествува во подготовка и организација на востанието. Спроти Востанието, тој објавува Проглас во кој го повикува народот на востание.
„....Браќа, чашата на трпението се прелеа, пламнаа нашите срца и ние, синовите на страдалниот наш народ за да ги исполниме светите завети на нашите дедовци и прадедовци, се органзииравме, дадовме заклетва за верност до смрт и востанавме да и дадеме мир на нашата маченичка мајка Македонија, чија земја е натопена со солзите, потта и крвта на нејзините синови и ќерки и да издвојуваме слобода, леб и човечки правдини...“
После ослободувањето на Крушево, Карев бил на чело на новата востаничка власт, поради што и му се припишува функцијата на прв Претседател на македонската република - „Крушевската република “.
Никола Карев загинува 2 години после Илинденското востание, во судир со турска војска на 27 април 1905 година во месноста Свиланово.
На 50-годишнината од одбележувањето на Илинденското востание, неговите посмртни останки се префрлени во родното Крушево, а на 11 април 1990 година се сместени да почиваат во споменикот „Македониум“ со што македонскиот народ достојно се оддолжи на својот голем син, учител и заштитник.
27 април, ден на загинувањето на Никола Карев

April 24, 2013
Христо Узунов
Христо Узунов
„Мила моја мајко,
Јас сум прв твој син и мој долг е да бидам околу тебе, за да не чувствуваш потреба од ништо. Но, можам ли, кога ги чувствуам болките на нашата измачена Татковина, да не се оддадам со љубов на најверен син на нејзиното свето дело?
- Маките на татковината се повеќе од сите страданија на секоја наша мајка. И јас - без ни најмалку да те навредувам - се чувствувам повеќе син на втората моја мајка - Македонија, отколку на тебе, која си ме родила.
Те молам - во името пак на моите свети чувства кон тебе - да не жалиш, ни да плачеш за мене. Најдоволен ќе се чувствувам, ако ти со своето држење бидеш за пример на другите мајки и сопруги.“
Ова се дел од зборовите на големиот македонски револуционер Христо Узунов, како дел од едно од неговите предсмртни писма упатени до неговата мајка.
Христо Узунов бил роден и пораснат во Охрид. Своето образование го започнал во родното место, а го продолжил во Солун, каде што и пристапил кон македонската револуционерна организација и раководел со тамошниот револуционерен кружок. По враќањето во родниот крај продолжува да раководи со организацијата во охридско-струшкиот регион, а поради својата активност на двапати е затворан во Битолскиот затвор.
Бил еден од најистакнатите учесници во Илинденското востанието, а по неговото завршувањето Христо Узунов заедно со својата чета останал да го штити македонското население. На 24 април 1905 година, заедно со своите соборци од Крушево заминува за село Цер, Кичевско, каде е предаден и опколен од силна турска војска. Во нерамна битка загинуваат неколку блиските соработници на војводата Узунов, а тој гледајќи дека се во безизлезна ситуација и несакајќи живи да се предадат, дава наредба за колективно самоубиство во кое загинува заедно со 11 свои другари. Турската војска откако ги пронашла мртвите тела на револуционерите, во нивна чест испукала почесен плотун како почит кон хероите.
Во едно од своите последни писма, Христо Узунов пишува:
„Последен пат збогум сестро,..... кажи им на другарите дека славно ќе умрам, зошто смртта е последна кога нема слобода. Нека бидат уверени дека делото ќе победи.....а Македонија ќе роди нови борци. Ние ќе живееме.... во спомените ваши.“
И навистина, војводата Христо Узунов со својата храброст, големина и чесност, останал длабоко врежан во меморијата на Македонскиот народ, како пример за тоа како се сака, како се работи и како се гине за својата татковина.
24 април, ден на загинувањето на Христо Узунов

April 14, 2013
„Автобиографија“ Григор Прличев
„Автобиографија“
– Григор Прличев
Кратка биографија:
Се додека Димитрија Миладинов не го посетил Охрид (1848 г.), Прличев учел кај месни учители грчки јазик, кои не ни биле вистински педагози и предавачи. Тие биле шијачи кои Прличев не можел да ги поднесува затоа често изостанувал од училиште. Му помага на „таткото“ на македонската преродба, Димитрија, за подоцна и тој самиот извесен период да предава во Тирана (Албанија).
Звучен запис:
Кратка биографија:
Григор Прличев е
роден јануари 1830 – 31 г. во Охрид, во сиромашно, но трудољубиво големо
семејство на Ставре Прличев и Марија Ѓокова. Уште не дополнил 6 месеци, а веќе
останал сираче – починал неговиот татко. Останале само неговиот дедо, висок,
белобрад и лесен земјоделец и неговата мајка која почнала да работи по куќите
како слугинка за да може да го прехрани своето многучлено семејство. Ваквата
тешка положба кај него ќе побуди потреба и должност таа мака да ја преточи во
дело, како за себе напишано, а сета македонска мака е олицетворена т.е. својата
автобиографија.
Се додека Димитрија Миладинов не го посетил Охрид (1848 г.), Прличев учел кај месни учители грчки јазик, кои не ни биле вистински педагози и предавачи. Тие биле шијачи кои Прличев не можел да ги поднесува затоа често изостанувал од училиште. Му помага на „таткото“ на македонската преродба, Димитрија, за подоцна и тој самиот извесен период да предава во Тирана (Албанија).
Во 1849 г. се
запишува како студент по медицина на Атинскиот универзитет, иако никогаш не
пројавувал поголема заинтересираност кон медицинската наука. Затоа продолжува
да учителствува во село Белица, Струшко (две години), па потоа во Битола,
Прилеп за на крај да остане 6 години учител во родниот Охрид. Во 1859 г. се
враќа на студии во Атина каде го започнува делото „Сердарот“, со намера да
учествува на големиот атински поетски конкурс. Следната година (1860) токму тој
е победникот на конкурсот и освојува Лавров венец и 1000 драхми со можност за
студирање во Оксфорд или Берлин. Но ненадејната вест за смртта на браќата
Миладиновци ќе го вознемири Прличев и силно ќе го ориентира да се насочи кон
грчките фанариоти за да ја одмазди неправедната смрт на своите патрони.
Се враќа во Охрид
каде со сите сили се обидува да го вметне словенскиот разбирлив јазик во
училиштата и црквите. Затоа стекнува голем број на непријатели на свој грб, а
меѓу нив и погрчениот владика Мелетиј, одговорен за смртта на Миладиновци. Ќе
биде затворен (1868 г.) во дебарскиот затвор, поради клевети од истиот владика.
Но по една година Мелетиј е тргнат од власта, а Прличев е пуштен на слобода.
Во 1871 г. го
објавува препевот на Хомеровата „Илијада“ на општословенски јазик – есперанто
со кој Прличев се занесувал дека може да ги обедини сите словенски народи во
една средина. Но, секако таа замисла била тешко остварлива во тогашни
општествено-културни положби. Затоа е исмејуван од многу бугарски дејци меѓу
кои и Христо Ботев, што ќе го разгневи Прличев и тој ќе се врати на учителската
дејност во Битола најпрво, па потоа во Солун. Во периодот на вршење на оваа дејност
(1883-1890) започува да ја пишува својата „Автобиографија“, која ќе биде објавена
по неговата смрт во Софија. Умира на 6 февруари 1893 во Охрид. Погрбан е во
дворот на црквата „Св.Климент“.
Содржина:
Во почетокот на
делото авторот најпрво не запознава со своето семејство, неговите браќа и
сестри, неговата мајка и дедо, и преку тешката економска положба ни дава една
издржна сеопшта слика за положбата во која се наоѓал сиот македонски народ на
почетокот од XIX век. Понатаму
ни ги предава сликите од школувањето на охридските деца кои учеле на неразбирлив
грчки јазик. Ни ги доловува сликите од денот кога за прв пат неговиот дедо го
внел меѓу училишните клупи. Тој благороден старец ќе го научи да чита и да ја
сака книгата. Неговите учители, незаинтересирани педагози не го инспирирале
Прличев да го учи грчкиот јазик најпрво па затоа наоѓал поинтересни работи од
одењето во училиште: продавал црници, јајца, препишувал ракописи итн. Уште во
детските невини години тој ќе ја почустува на свои плеќи маката на македонскиот
народ. Тешката социјална положба кај него ќе побудат револт и страст да го
одбрани правото на македонскиот народ на подобра егзистенција во рамките на
својата држава.
Исто така не
заборавил да и се оддолжи насвојата благорадна мајка. Со многу топлина и почит
ни го претставил денот кога ја видел како тешкиот мокар тепих „што и маска со
мака би го носела“, го носи на плеќи, знаејќи дека моралната обврска да го
издржи семејството ја натерало да работи по туќи куќи. Ликот на неговата мајка
го искористил како основа за да ја наслика Неда, мајката на Кузман Капидан, од
неговото најпознато дело, „Сердарот“.
Понатаму пишува
за Димитар (Митре) Миладинов, за кој вели „речта му течеше од уста како мед“.
Навистина покажал огромна почит кон големиот македонски деец, со кој имал
прилика малку да учителствува.
Поважен аспект од
неговиот живот е престојот во Атина откако се запишал на Атинскиот универзитет
на насока медицина. Но, бидејќи не покажувал некоја особена желба кон таа нему
туѓа наука, пишувал стихови. За време на престојот во Атина имал прилика да
види како царот Отон го овенчува поетот Залакоста со Лавров венец како најголем
грчки поет. Уште тогаш сонувал за тоа како тој би се наоѓал на местото на
Залакоста иако 10 години подоцна неговиот сон ќе се оствари.
Сиромаштијата ќе
го натера да се врати во Македонија, во Белица каде ќе биде учител, а потоа во
Прилеп и Охрид. По 7 години се враќа во Атина. Започнал со пишувањето на „О
Арматолос“ (Сердарот) една година пред почетокот на големиот поетски конкурс.
Токму тој ќе
победи на овој конкурс (1860 г.), тој, за кого во преполната сала немало ни
место да седне, а поетот Рангавис ќе му ја додели наградата и пред сите ќе биде
наречен Втор Хомер за неговите исклучителни лирски способности. Но неговата
радост кратко траела. Откако дознава за смртта на браќата Миладиновци, сфаќа
дека дошло времето да ја преземе работата во свои раце и да го одмазди нивното
дело. Се враќа во Охрид каде се залага за воведување на словенскиот јазик во
училиштата и богослужбата во црквите. Но овие храбри акции ќе наидат на
неодобрување на погрчениот Албанец, тогашен владика Мелетиј кој ќе го наклевети
на турските власти и Прличев ќе биде изведен пред своите сограѓани пред
уќуматот (турска управна админастративна област). Неговата мајка ќе се најде на
тој настан и постојано ќе го храбри својот син да не се плаши, да верува во
себе и храбро да издржи.
Прличев е одведен
во дебрскиот затвор, каде е затворен во нечовечки услови. Тешка смрдеа се
ширела низ ќелиите, го делел каменото легло со свирепи осуденици и убијци, но
затоа неговите маки се исплатиле! Мелетиј е искаран од Охрид! Прличев кратко и
концизно не информира за оваа победа над грчките фанариоти и влијанија врз македонскот
население. Прличев се ослободува, ужива во можноста да го шири словенското
писмо меѓу својот народ, но набрзо новопоставениот владика, Натанаил Кучевишки,
за кого и напишал песна „Пастир наш Натанаил“, ќе се покаже уште посвиреп од
својот претходник. Силум, од турски жандарми ќе биде одведен во Софија, пред
очите на своите ученици. Таму му ветувале секакви награди само да се зафати да
пишува и преведува на бугарски бидејќи одлично го владеал и тој јазик. Но
разочарувањето на кое ќе наиде од неговиот препев на „Илијада“ на оној јазик за
кој тој сонувал но немал јасна визија, општословенскиот, ќе го натераат пак да
се врати на учителската дејност, најпрво во Битола, потоа кратко во Охрид и на
крај во Солун каде го пишува ова дело.
Значењето на
„Автобиографијата“:
Ова дело
претставува моќен историски информатор и пишан сведок за социјалната,
умствената, економската состојба на Македонците во векот на будење на
националните интереси. Изобилува со издржни описи на ликови кои во тој момент
живееле во средината во која живеел авторот. Неговата мајка, дедо, разни поети,
експлоататори, подржувачи и пакосници се откриени на страниците од делово. Дело
кое секако доколку не било напишано, се разбира важен дел од нашата долга
историја би останал затскриен или изобличен во книгите на македонските
непријатели, кои во голем број живееле тогаш.
Слајдови:
Слајдови:
Звучен запис:
April 4, 2013
Митре Влаот
Митре Панџаров - Влаот (Кономлади, 1873 - Жупанишча, 1907)
Македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Mitre Pandzharov - Vlaot (Konomladi, 1873 - Zhupanishcha, 1907)
Macedonian revolutionary from the early 20-th century, member of the Internal Macedonian-Adrianople Revolutionary Organization (IMARO)
Димитър Пандуров (или Панджуров или Панджаров), наричан Митре Влаха, Митре Влаот (1873 Кономлади - 22 февруари 1907 Жупанища)
Македонски революционер, войвода на Вътрешната македоно-одринска революционна организация.
Македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Macedonian revolutionary from the early 20-th century, member of the Internal Macedonian-Adrianople Revolutionary Organization (IMARO)
Димитър Пандуров (или Панджуров или Панджаров), наричан Митре Влаха, Митре Влаот (1873 Кономлади - 22 февруари 1907 Жупанища)
Македонски революционер, войвода на Вътрешната македоно-одринска революционна организация.
March 27, 2013
Лазо Филипов Колевски – Лавски
Голем е бројот на Македонците кои го дале животот за нашата слобода денес, а ние не им ги знаеме ни имињата. Еден од нив е Лазо Филипов Колевски – Лавски, роден во 1918-та година во селото Мрзен, кавадаречко.
Рано останува без мајка. Тешкиот живот го принудува заедно со татко му да се пресели во Прилеп каде завршува основно образование. Набрзо го напушта Прилеп и еден период живее во Градско (Велес) каде работи во една пекара.
Во Велес доаѓа во контакт со тамошните револуционери и од тој момент започнува неговиот бурен живот. Станува член на работничкиот синдикат кој е предвесник на идното партизанско движење.
Македонија во тоа време била дел од Кралството СХС, подоцна Кралство Југославија (1918-1941), а Македонците не биле признаени како посебен народ и биле подложени на постојана асимилација.
Животот подоцна го носи и во Белград, каде во 1937-ма и 1938-ма работи како надничар. Во тоа време таму студирале многу Македонци. Лавски се запознава со прилепската група, и станува посебно близок со Кузман Јосифовски – Питу, кој бил еден од студентите таму.
Како и сите слободољубиви Македонци во тоа време, станува член на Комунистичката партија затоа што таа се залагала за признавање на Македонците како посебен народ. Но по Втората светска војна таа Комунистичка партија ќе се покаже како погубна за македонските патриоти кои се бореле за обединета Македонија.
По враќањето во Македонија, Лавски учествува во многу протести и демонстрации, меѓу кои и во познатите “Илинденски демонстрации“ во 1940-та, кои биле против српската асимилациона политика во Македонија.
Еден од водачите на “Илинденските демонстрации“ бил Методија Андонов Ченто, кој барал во училиштата во Македонија децата да учат на мајчин македонски јазик, наместо на српски.
Еден месец подоцна полицијата го запленува весникот “Пролетер“ и други партиски материјали. Уапсени се голем број лица меѓу кои и Лазо. Во затвор е држен 15 дена и цело време е тепан, но не признал ништо и не предал никого. Набргу го добива прекарот Лавски, кој подоцна ќе му стане и партизанско име.
Веднаш по доаѓањето на бугарските фашисти во Македонија, Лавски бил задолжен за собирање оружје и подготовки за борба. Едно од складиштата за оружје била неговата куќа. Деноноќно работел на подготовките за отпор против новите окупатори – Бугарите.
Кон крајот на Август 1941-ва, добива задача да испита еден тунел под планината Бабуна, кој требало подоцна да биде миниран. Лавски тргнува заедно со уште тројца партизани, но кај тунелот наидуваат на бугарска стража. Започнува престрелка во која е убиен еден бугарски војник, а Лавски и другарите се повлекуваат.
Во Септември 1941 год. Лавски е дел од Првата партизанска чета на Селечка планина. При крајот на Октомври 1941-ва, со само 23 години станува заменик командант на партизанскиот одред “Гоце Делчев“. На првиот партизански митинг во Македонија, на 7-ми Ноември 1941-ва, држи говор пред селаните.
После растурањето на одредот заминува во илегала, а на почетокот на 1942-ра работи на подготовките за формирање на нов партизански одред. Во Јануари и Фебруари Лавски е постојано во обиколка на околните села и ги организира доброволците за новиот одред.
На 2 Март 1942-ра, движејќи се од Кавадарци кон Прилеп, Борка Талески и Лазо Колевски – Лавски паѓаат во бугарска заседа кај Плетвар. Започнуваат престрелка со Бугарите и тргнуваат да се пробијат низ обрачот, но и двајцата се убиени. Лавски ги остава своите 24 години за слободата на Македонија.
11 години по неговата смрт, на 9-ти Октомври 1953-та, Лавски е прогласен за народен херој на Југославија. Тој е еден од 66-мината Македонци прогласени за народни херои.
За разлика од другите македонски херои по чии имиња ги препознаваме улиците, училиштата и спортските игралишта, ниту една улица или училиште не го носи неговото име. Заслужува барем толку, да не биде заборавен од својот народ.
Извор: Предвесник на бурата

January 28, 2013
Елпида Караманди
КАРАМАНДИ, Елпида (Пида) Ставрева (псевд. Бисера и Нада) (Лерин, 1. I 1920 амп; Битолско, 3. V 1942) – студент и револуционер, првоборец и народен херој. Од раното детство живеела во Битола, кадешто завршила гимназија. Како студент била учесник во македонското студентско движење на Белградскиот универзитет (1938). Како член на СКОЈ (1939) и на КПЈ (јуни 1941) била организатор на женската младина во комунистичкото движење и во НОБ. Извесен период била ангажирана во партиската техника на МК на КПЈ во Битола. По апсењето од бугарската полиција, поради немање докази, била ослободена. За да го избегне натамошното полициско проследување, преминала во илегалство. Наскоро била избрана за член на ПК на СКОЈ за Македонија (јануари 1942) и заминала како борец на Битолскиот народноослободителен партизански одред „Пелистер“ (април 1942). Во борбата на одредот кај Лавчанската Корија (кај с. Лавци, Битолско, 3. В 1942) против бугарската војска и полиција била тешко ранета и заробена, по што ја влечеле врзана за запрежна кола по битолските села за да го заплашат населението. Во такви околности и починала. Уште во истата година била објавена првата народна песна во знак на признателност кон нејзиниот лик и дело, зашто „Нада студентката за народ загина, за народ загина – за Македонија.“ (Старите револуционерни песни со ново содржание, „Билтен“ на Битолската организација на КПЈ, бр. 21, Битола, 7. XII 1942). Опеана е и во познатата народна песна „Таму ле, мајко, близу Битола“ (1950) и во други народни и авторски песни. Прогласена е за народен херој (11. X 1951).
Македонска Енциклопедија ИЗВ.: Зборник на документи за учеството на жените од Македонија во Народноослободителната војна и Револуцијата 1941-1945, Скопје, 1976, III, IX, XV, 81,95, 111, 120, 257, 524, 792, 965, 1044 и 1100.
ЛИТ.: Драга Чаловска, Елпида Караманди, „Просветена жена“, X, 3, Скопје, 1954, 2 и 5; Д(есанка) Миљовска, Елпида Караманди, „Просветена жена“, XV, 6, Скопје, јуни 1959, 4; Нада Панова, Приказна за еден крвав мај, „Просветена жена“, Скопје, мај 1961, 8; Оливера Николова, Елпида Караманди, Скопје, 1965; Љубен Георгиевски-Љупта, Студенти револуционери, I, Скопје, 1972, 113-125; Караманди Ставре Елпида-Пида (1920-1942), „Млад борец“, XXXII, 16, Скопје, 14. В 1975, 17; Д(есанка) Миљовска, Елпида Караманди, Битолските народноослободителни партизански одреди, Битола, 1982, 78-81; Елпида Караманди, „Македонски иселенички алманах 1984“, Скопје, 1984, 15; Злате Ѓоршевски, Елпида Караманди – Бисера, Битола, 1988. С. Мл.

January 2, 2013
Петар Ацев
Петар Ацев Симоновски (1877, Ореовец, - 1939, Пловдив)
Македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Petar Acev Simonovski (1877, Oreovec, - 1939, Plovdiv)
Macedonian revolutionary from the early 20-th century, member of the Internal Macedonian-Adrianople Revolutionary Organization (IMARO)
Петър Ацев Симоновски (7 юни 1877 Ореовец - 20 април 1939 Пловдив)
Македонски революционер, прилепски войвода на Вътрешната македоно-одринска революционна организация.
Македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Macedonian revolutionary from the early 20-th century, member of the Internal Macedonian-Adrianople Revolutionary Organization (IMARO)
Петър Ацев Симоновски (7 юни 1877 Ореовец - 20 април 1939 Пловдив)
Македонски революционер, прилепски войвода на Вътрешната македоно-одринска революционна организация.
December 4, 2012
Персеј Македонски

Персеј Македонски (212 п.н.е. –166 п.н.е.) е последниот македонски крал (179 п.н.е. –168 п.н.е.) од династијата на Антигонидите.

Perseus of Macedon (ca. 212 BC –166 BC), son and successor of Philip V of Macedon, was the last Macedonian king (179 BC–168 BC) of the Antigonid dynasty.

Inconnu, autrefois dit Persée roi de Macédoine ; Collection Borghèse, 1808 ; Rome antique (période) ; marbre, sculpture ; Paris, musée du Louvre
November 18, 2012
Диме Стојанов - Берберчето
Тој беше скромен, меѓу најскромните работници во македонското ослободително дело. Никогаш од него не сум слушал самиот да се се фали; никогаш од него не сум слушал зборови за подвизи и заслуги кон делото. Тој беше еден од мноштвото кое што сметаше дека секој подвиг е должност која треба да се фрли во заборав без од неа да се создава капитал.
Та во минатото малку ли работници имавме ние на кои што ако се осврнеме, би се стаписале како пред една бескрајна книга со страници - која од која пострашна и почудесна?!... Скромноста и молкот - тоа беше безценета непорочност на револуционерите во првите години. Диме Стојанов е роден во Велес во 1875 година. Уште како мало момче тој останува сирак. Берберскиот занает го учел кај својот брат во Скопје. Тука го затекнуваат револуционерните движења во кои што зема големо учество, и по убиството на Тонче Султанчев - српски пропагатор, тој заминува во илегала.
По револуцијата, тој дејствувал како кратовски војвода, и учествувал во неколку битки. Таму паднал еден од неговите браќа - Андреја.
Болен, Диме се враќа во Бугарија и од туберкулоза умира во Рилскиот манастир. Од четири браќа, тој е единствениот кој што умира од природна смрт. Другите тројца загинале во борба против потисниците на македонскиот роб.
Минуваат веќе дваесет години откако Диме е легнал во земјата (забелешка: Диме Стојанов умира во 1910 година, а овој текст во весникот „Илустрација Илинден“ е објавен во јануари 1930 година), но неговиот мил лик, стои жив пред мене - ја гледам неговата слатка насмевка која што пленува и вдахнува вера во иднината - уште многу, многу има како него.
Ал.Кипров
ОБЈАВЕНО ВО ВЕСНИКОТ „ИЛУСТРАЦИЈА ИЛИНДЕН“, ГОДИНА 3., КНИГА 2 (22), СТР. 13, ЈАНУАРИ 1930 ГОДИНА.
Subscribe to:
Posts (Atom)