November 2, 2020

Востаници, коишто себеси се нарекуваат 'Македонци'

Македонците дигале востанија и се бореле за својата слобода и пред Илинденското востание. Такви биле Македонското (во литературата познато и како „Кресненско“) и Разловечкото востание.

На денешен ден, пред точно 142 години, британскиот конзул во Солун, Едвард Б. Баркер, во телеграма/извештај до неговиот претпоставен Остин Х. Лајард од 2 ноември, 1878 г. (пасусот каде е потцртано со црвено):

„...Владиката од Мелник е овде, дојден е како и сите други владици да му изрази почит на новиот Патријарх Јоаким, пред да го напушти Солун на пат за Константинопол.
Тој изјавува дека востаниците, коишто себеси се нарекуваат 'Македонци' побарале голема сума пари од него за неговите парохијани, и понудиле да му издадат сметкопотврда, велејќи му дека парите ќе му бидат вратени кога тие ќе си го повратат поседувањето врз својата земја 'Македонија'. Бидејќи сумата била огромна, и немало како да се исплати, владиката ноќта избегал во Серес...“


Great Britain Foreign Office "Correspondence, etc., respecting the affairs of Turkey, Issues 53-54", London, 1878. pp.228-229.


Подготвил: Г.П.

No comments:

Post a Comment