November 4, 2020

Битолчани и Битолчанки

Честит да ни е денот на oслободувањето на Битола , имаме особена чест да го објавиме плакатот објавен на 04.11.1944 година кој е пишуван на битолски дијалект :

„Идеалот на нашите Илинденци-борци од прошлоста и на нашите денешни борци Славните Партизани је остварен:

На по големиот дел от МАКЕДОНСКАТА земја за прв пат после толку векојна ропство је господа самио македонски народ и над МАКЕДОНИЈА се веј славното МАКЕДОНСКО ЗНАМЕ.“

Битолчани и Битолчанки уште еднаш честит да ни е денот на ослободувањето од подивелиот Хитлер и неговите - Бугарски фашисти окупатори.


Благодарност до Стефан Бошков кој ни го овозможи овој прекрасен подарок од неговата лична архива.

Извор: Битола стари фотографии

No comments:

Post a Comment