Најсветлиот историски настан за македонскиот народ одржувањето на Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година во манастирот Прохор Пчински, најде силен одглас сред сите македонски иселеници во светот, зошто беше настан што на македонскиот народ му донесе слобода и сопствена држава во рамките на Демократска Федеративна Југославија по тешките и крвави вековни борби.
Водејќи сметка за своите сонародници што поради различни причини, пред сé економски и политички, биле принудени да ја напуштат својата родна земја, делегатите на АСНОМ им испратија посебни телеграми на македонските иселеници и сонародници во Бугарија и во Америка, зошто во овие земји нашата емиграција беше најмногубројна. Значи, свеста за новоформираната македонска држава и за сите придобивки што им ги донесе слободата и државноста на Македонците уште од почетокот се ширеше многу брзо.
Од многубројните телеграми, ртадиограми иписма што делегатите на Првото заседание на АСНОМ ги имаат упатено до одделните личности, организации, институции и сл. посебно внимание заслужува телеграмата до македонската емиграција во Америка, во која меѓу другото се вели:
“Исрорическото народно собрание на македонскиот народ, кое тржествено се откри денес - Илинден, 1944 година - и со тоа сиболично (го ) соедини духот на Илинденската епопеја и делата на денешната крвава борба на македонскиот народ, прокламирајќи ( ја ) Македонија за слободна федерална држава, во нова демократска и федеративна Југославоја, ви праќа топли, братски и борбени поздрави". Во телеграмата потоа се повикуваат иселениците да ја поткрепат морално и матерјално Народноослободителната борба на македонскиот народ, да земат учество во неа и еден ден да се вратат во татковината “за да изградиме среќна иднина на нашиот народ. “
Поради важноста и решавањето на еден вековен проблем на Балканскиот Полуостров- прогласувањето на првата македонска држава- исрориските одлуки на АСНОМ се ширеа брзо не само во Македонија и Југославија туку насекаде во светот. За нив добро е известена и американската воена мисија, а пак делегатите му испратиле телеграма на претседателот на Соединетите Американски Држави Франклин Рузвелт.
Во овој прилог ќе ги разгледаме искрените патриотски заложби на македонскиот иселеник Стојан Христов, кој е една од оние личности што многу придонесуваат за ширењето и афирмацијата на историските одлуки на АСНОМ и на АВНОЈ сред нашите сонародници за Соединетите Американски Држави и во Канада. Неговите патриотски заложби за ширењето на вистината за Македонија во светот можат да се сметаат и како особено показателен пример за непосредното разраснување на македонскиот патриотизам веднаш по создавањето на македонската држава.
Стојан Христов е роден во 1898 година во село Кономлади, Костурско, Егејска Македонија, и уште како дете заминува во Америка. Во текот на својот напорен и тежок печалбарски живит тој успева да се издигне до многу плоден и ценет американски писател, кој поради квалитетот на своите неколку објавени книги на англиски јазик, денеска е застапен во повеќе американски литературни и други енциклопедии. Во своите книги Стијан Христов речиси целосно тематски е свртен кон историјата на македонскиот народ, кон неговите револуционерни борби и Илинденското востание, или пак, кон едно психилошко претставување на судбините на македонските печалбари и иселеници во Америка
Можеме со восхит да подвлечеме дека тој со голем пиетет ги следел сите револуционерни борби на македонскиот народ, а за славната и крвава Народноослободителна борба зборува со големо воодушевување поради извојуваната слобода, рамноправност и демократија на југословенските народи. Впрочем, историските одлуки донесени на Второто заседание на АВНОЈ и на Првото зааседание на АСНОМ нему му биле мошне добро познати, зашто во текот на Втората светска војна тој бил задолжен да го следи одблизу отпорот на грчките патриоти против фашистичките и нацистичките окупатори на Балканот.
Своите возвишени идеи и размислувања за борбата на македонскиот народ и за веќе извојуваните придобивки со одлуките на АСНОМ, тој најцелосно ги изнесува во еден свој говор поднесен во Детроит пред делегатите на Собранието на Македонско- американскиот народен сојуз, одржан на 2 септември 1945 година, а потоа објавен и како одделна брошура под наслов Нова Македонија. Кон брошурата е приклучен и Предговор од секретарот на Сојузот Џорџ Пирински, кој истакнувајќи ги околностите во кои бил поднесен говорот на Христов и давајќи основни податоци за него, меѓу другото истакнува дека “Македонско- американскиот народен сојуз им го препорачува неговиот говор на сите оние што се интересираат за борбата на македонскиот народ за слобода и за национална независност. “
Многу возбудливи чуства и длабоки размислувања зрачат од овој говор на Стојан Христов, но ноговата голема гордост што е Македонец како да излегува на површина, иакопоради конкретните животни услови во родната земја, заедно со многу други Македонци, тој морал да се вгради во тековите на американското општество. “Ние овде дојдовме како сираци, - вели тој,- би можело да се рече- луѓе со татковина, но без држава. Америка ни стана држава. Нејзе и ја должиме нашата прва верност. Никој нема потреба да бара доказ за нашата крв во оваа војна, таму течеше и македонска. Ако биде погребан во Арлигтонските гробишта еден незнаен војник од оваа војна, како што беше погребан од минатата, кој може да биде сигурен дека тој можеби не е роден од македонска мајка? “
Со потесни зборови тој ги изнесува основните причини за напуштањето на родната грутка од голем број Македонци, но истовремено збрува со восхит и со длабоко почитување за оние што останаа во татковината, што ги реализираа идеалите од минатото. “ Ние сме Македонци по раѓање,- вели тој,- а Американци по избор. Повеќето од нас дојдоа овде, бидејќи Македонија не беше слободна, а беше толку многу економски експлоатирана, што моравме да бараме политичка слобода и економска сигурност во Америка. “ Меѓутоа, подвлекува тој : “Сите Македонци не емигрираа во Соединетите Држави, во Канада и во Австралија. Повеќето останаа во татковината за да ја продолжат борбата да се создаде слободна Македонија, така што Македонците во иднина да не мораат да одат пет илјади милји подалеку од своите огништа за да бараат политичка слобода и економска сигурност. “ Овој чувствен говорник е полн со длабока почит кон безбројните борци за слободата на Македонија.
“Тие останаа таму,- извикува тој,- за да се сретнат в лице со страдањата и да ја заштитат и овековечат Македонија. Тие се бореа, тие страдаа, многумина од нив загинаа. Ним им изразуваме почит. Ги наведнуваме главите пред благородниот дух на илјадниците што загинаа и им подаваме братска рака на оние што преживеаја и што сега ја градат онаа Македонија што загинатите си ја замислуваа во моментот на својата смрт“.
Колкаво е воодушевувањето на Стојан Христов од извојуваната слобода и од прогласувањето на првата држава на македонскиот народ, најубаво може да се види од овие негови зборови:
“Една или две недели по 2 август 1944 година, секое утро по разбудувањето морав да застанам и да си речам дака сега има слободна македонска држава. Тоа ми изгледаше како чудо, па морав да се принудувам себеси за да верувам во неговата вистина. “ И потоа: “Но наскоро новата македонска држава ми стана втора природа. И сега ми се чини како отсекогашда да постоела македонска држава.” Стојан Христов воопшто не ја крие својата безгранична радост поради историските настани што се случија на Балканот во полза на Македонија. ”Пријатели мои, - извикува тој чувствено пред македонските иселеници во Детроит, - сега има слободна македонска држава, таа е најслободна држава на Балканот.”
Од говорот на Стојан Христов, исполнет со длабок патриотизам кон родната земја, може недвосмислено да се заклучи дека тој бил наполно објективно и сестрано запознат со водечките идеали и со извојуваните придобивки на нашата Народно ослободителна борба, односно дека бил добро запознат со содржината на јавно прокламираните документи и одлуки на Првото заседание на АСНОМ и на второто заседание на АВНОЈ, па токму затоа овој негов текст би можело да се определи и како нацрт за манифест што им го предлага на иселениците во Америка на свечената прослава во чест на новата македонска држава. Во него , речиси програмски, тој ги сумира и ги пропагира понатаму историските придобивки на македонскиот народ, и тоа не само сред Македонците туку и сред пошироката американска јавност.
Средно уверливо и мошне образложено Стојан Христов ги надоврзува своите мисли и идеи, па на релативно мал простор успева да даде богат историски преглед на македонските револуционерни борби и на почетните општествено- политички успеси во слободна Македонија, една од шесте републики на Демократска Федеративна Југославија, особено во областа на јазикот, литературата и културата. Во дадена политичка констелација, се разбира, тој зборува со болка и загриженост за судбината на неослободените Македонци во Егејска Македонија, што во тоа време се подложени на силен грчки монархофашистички терор. Од друга страна, за грчкиот народ и за борбата на грчките патриоти против фашистичките и нацистичките окупатори тој зборува со голема љубов. Ослободувањето на сите Македонци и обедувањето на Македонија во мигот на свеченото произнесување на својот говор за него представува света желба. Сепак неговите поводи се возвишени и логично образложени во докажувањето на потребата од тоа обединување.
"Мирот и единството на Балканскиот Полуостров се поврзани со единството на Македонија. Балканското единство е невозможно со распарчена Македонија",- вели тој и подвлекува: "Ако нема друга причина, трите дела на Македонија треба да бидат обединети поради балканското пријателство и единство. "
"Мирот и единството на Балканскиот Полуостров се поврзани со единството на Македонија. Балканското единство е невозможно со распарчена Македонија",- вели тој и подвлекува: "Ако нема друга причина, трите дела на Македонија треба да бидат обединети поради балканското пријателство и единство. "
Значи, клучот кон остварувањето на возвишените идеали во заедничкиот живот на балканските народи- мирот, единството и пријателството - Стојан Христов визионерски го гледа во Македонија. Оваа негова тогашна желба и натаму останува како визија на иднината.
Силата и иднината на новоформираната македонска држава Стојан Христов недвосмислено ја гледа во федеративното уредување на Југославија, во братсвото и рамноправноста на југословенските народи и народности, извојувани во текот на Народно ослободителната борба. Но корените на желбите за федеративен живот на балканските народи навлегуваат во минатото.
"Често беше подвлекувано во минатото од страна на верните македонски претставници,- вели Стојан Христов,- дека македонското прашање не е изолирано прашање, дека тоа е составен дел на едно поважно прашање- на прашањето за ослободување на сите балкански народи и за нивната федерација. Кога еднаш ќе се постигне тоа, слободата и независноста на Македонија ќе станат природен и неминовен споредбен проблем.”
Иако според него “никој не може да ја намали епската борба на Македонците за својата слобода и независност”, сепак “не смее да се заборави дека Македонија ја издвојува својата слобода со помош на федерацијата на јужнословенските народи”. Така уследи и нејзино признавање како одделна држава, на нејзиниот народ како посебна јужнословенска нација.
Овие изводи од говорот на Стојан Христов најочевидно говорат дека тој бил силно надахнат од документите на АСНОМ и од програмските постулати на ова највисоко македонско претставничко тело. Во говорот на Стојан Христов е особено интересен и важен делот во кој се искажува за македонскиот јазик, а јасно се гледа дека му била добро позната не само една од најважните одлуки на АСНОМ за заведување на македонскиот јазик како службен во македонската држава” туку и нејзините плодни резултати, иако не е одминато многу време од завршувањето на Втората светска војна. ”Јазикот на Македонците,- подвлекува Стојан Христов,- сега е признат со официјална декларација како одделен и различен словенски јазик и како таков тој се предава во училиштата и весници се печатат на него, и раскази се пишуваат на него, и официјални државни документи се пишуваат на него- со сите оние зборови со кои нашите мајки ни ги раскажуваа старите народни приказни и со кој ги пееја старите македонски приспивни песни”.
Творештвото на Стојан Хрисов јасно покажува дека тој живо ги следел сите историски, економски, политички и културни случувања во Македонија, а неговиот интерес продолжува во текот на НОБ и по ослободувањето. Така, во времето кога го поднесол својот говор пред македонските иселеници, се гледа дека бил информиран за работата на втората Правописна комисија, којашто само два три месеци пред ова негово јавно истапување, ја донесе македонската азбука на 5 мај 1945 година и првиот Македонски правопис на 7 јуни 1945 година. Имено, тој вели: “ Бидејќи образованите Македонци го зборуваа литературниот јазик на Бугарија или на Србија, а вистинскиот јазик на Македонија беше зачуван кај обичните селани што зборува без да знаат каква и да е граматика, сосема природно немаше македонска граматика. Една група од компетентни и непристрасни словенски филолози сега ги формулираа граматичките правила на македонскиот јазик. А вие можете да бидете сигурни дека овие правила се диктирани и определени од генијот на македонскиот јазик, а не од поткрепата на бугарските националисти или на српските шовинисти.” Споменувањето на “комисија од компонентни непристрасни словени филолози” може да се поврзе со неуспехот на првата Правописна комисија, назначена од Президиумот на АСНОМ, што работеше во ноември и декември 1944 година, но што не даде конечни резултати, односно која,- подвлекува Блаже Конески,- “изнесувајќи во своето образложение до Поверенството на народната посвета, на 20 јануари 1945 година, која го дава предлогот не во дефинитивна форма, ами крајно решение за нашето јазично прашање треба да се земе дури кога ќе дојделе да ни помогнат некои руски научници. Се разбира дека ова беше сосем наивно и погрешно мислено”, зашто всушност руски филолози никогаш не пристигнаа во Македонија, па втората Правописна комисија успешно ја доврши веќе започнатата работа.
Стојан Христов е полн со убави зборови за развојот на македонскиот јазик и за создавањето на младата македонска литература: “ Словенската филологија,- подвлекува тој,- наскоро ќе биде орнаментирана со убавината на македонскиот говор, а словенската литература ќе биде збогатена со мудроста и со многустраноста на македонскиот ум.”
Говорот на Стојан Христов, произнесен на свечениот собир пред македонските иселеници во Детроит во 1945 година, и тоа само неколку месеци по завршувањето на Втората светска војна, секако е само еден од многубројните светли примери што го покажуваат брзото прифаќање и натамошно афирмирање на првата македонска држава, основана по долги и крвави борби во рамките на Демократска Федеративна Југославија. Токму за тоа, топлите и патриотски зборови на овој познат американски писател, кој со своето творештво речиси целосно е свртен кон Македонија и македонските иселеници во прекуокеанските земји, ќе останат како трајно сведоштво за силниот одглас на историскитеодлуки на АСНОМ сред нашите иселеници во далечна Америка.
Александар Џукески
Стојан Христов - МАКЕДОНСКА ГОЛГОТА
приредил Раде Силјан. - Скопје: Мисла, 1992г.
приредил Раде Силјан. - Скопје: Мисла, 1992г.
No comments:
Post a Comment