December 13, 2019

Првото заседание на АСНОМ

Како што е општо познато, Првото заседание на АСНОМ се одржа на 2 август 1944 година во конаците на Манастирот Свети Отец Прохор Пчински.
 
Заседанието го отвори Панко Брашнаров, учител од Велес, кој на 122 народни пратеници им се обрати со поздравна реч. Тој на делегатите им се обрати со следниве зборови:
 
“Другарки и другари народни представници,

Во овој момент, во ова историско место Св. Отец Прохор  Пчински и на овој историски ден - Илинден, кога објавувам дека е отворено првото Антифашистичко собрание на народното ослободување на Македонија, душава ми е преполна со радодост и пред премрежените очи гледам како се раздвижиле сите реки од Пчиња до Вардар до Места и до Бистрица, заплискувајќи ја целата македонска земја, сакајќи од македонскиот народ да го измијат десетвввековниот  ропски срам од пропаста на Самоиловата држава, за да се роди денеска нова, светла и слободна македонска држава.
 
Во овој момент ,земјата на нашите покојници - многубројни народни херои, кои што паднаа и ги посеаа коските по цела Македонија, им станува полесна и тие во мир веќе го гледаат изгревот на нашата слобода, ја гледат идеалната дружба старите илинденци - на Гоце Делчев и на денешните илинденци - младата македонска војска, и поставените темели за остварувањето на идеалот, на две поколенија, на две епохи- слободна, обединета Македонија.
 
Во знак на почит кон паднатите јунаци, ве поканувам да им ја изразиме со едноминутно молчење нашата вечна, бескрајна благодарност. Вечна слава на паднатите херои за слободата на Македонија!
 
Другари народни представници, жив сведок сум на два Илиндена -1903 и 1944 година. Во моите спомени се нижат безброј моменти за илинденската народна епопеја за Крушевската република. Бескрајни беа напорите на вооружениот македонски народ, огромна беше жедта за слобода, борбата го дарува со слободна Кришевска република. Но, разјарениот башибузук и турската регуларна војска се нафрлија и го затрупаа оазисот на слободна Македонија-Крушевската република, го задушија востанието и го стегнаа искрвавениот народ во ново робство.

Животворниот извор на слободата не секна. Македонија ја поделија, ропствата се сменија, но борбата на македонскиот народ не престана. Кога сите поробени народи на Југославија се дигнаа против денешниот непријател на целото човештво- фашизмот, и македонскиот народ се нареди во таа борба. Тој во неа виде можност да ја помогне општата борба, на сите поробени народи и на целото  слободољубиво човештво и да го оствари својот вековен национален идеал.

И ете, како резултат на тригодишните крвави борби, македонскиот народ ја врза својата судбина со судбината на сите југословенски народи, пооомогна, со крв и со борба, да дојде до нова братска, демократска и федеративна Југославија. Денес на вториот славен Илинден, последен Илинден на неослободена Македонија, се ставаат темелите на македонската држава, во која што нашиот   народ ќе се обедини и ќе заживее онаков среќен живот каков што заслужува по своите претрпени ропски маки и петвековни борби.

Да е жива нашата мила македонска федерална држава!

Да е жива федеративна, демократска Југославија, заеднички покров на братските јужнословенски народи!”

Од говорот на членот на Иницијативниот одбор, стариот илинденец Панко Брашнаров, повеќе од очигледно е дека македонското Собрание го одржуваат на македонска територија и во македонски манастир.

Ставре Џиков - СВЕТИ ПРОХОР ПЧИНСКИ, Скопје, 2000

No comments: