Јован Филип, „Подводни гребени на политиката: Разговори со Крсте Црвенковски“
СЛУЧАЈОТ СО ВЕНКО
Во Македонија политички дисиденти немаше сѐ до шеесеттите. Во 1964 година го добивме нашиот прв политички дисидент — Венко Марковски. Се говори дека тој во Бугарија се нашол co Ваша согласност, но наводно на лекување. Како дојде до тоа овој поет да оди во Бугарија каде што остана сѐ до својата смрт?
Тоа е долга историја и за неа би можело да се говори многу повеќе, но во некоја друга пригода. Сега би го кажал следново: Еден мој близок човек за време нa целиот повоен период му беше миогу близок пријател и на Венко. Тоа беше Петре Богданов-Кочко, негов подалечен роднина со кого беiце во постојани контакти. Во еден момент Кочко ми рече дека Венко Марковски се жали на очите, дека почнал да го губи видот и дека сака да оди во Бугарија. Наводно таму имало лекари кои можат да му помогнат. Тој навистина сакал преку Бугарија да замине во Русија, затоа што таму имаше некакви институти добро познати и во светот, особено оној во Одеса, па го замолил Кочко да види како јас гледам нa тоа. Реков дека нема никакви пречки и дека може веднаш да замине нa лекување. Му се дадоа и пасош и виза и тој замина за Бyгaриja нa лекување. Оттаму Бугарите го испратија во Советскиот Сојуз од каде што повторно се врати во Бугарија. Според cѐ изгледа дека работата била уште однапред така подготвена за Beнкo да може да остане во Бугарија.
Кои и какви беа околностите што го повлекоа Венко кон таква одлука? Дали тој беше врховистични настроен?
Не. Мислам дека Венко Марковски во 1943 година отиде во партизани со искрена намера да им се посвети на борбата и на својата македонска нација. Во партизани дојде со целото семејство, со сопругата и со својот 5-6 годишен син. Тоа дете нѐ придружуваше и во партизанските походи. Венко дојде во партизани како позната личност. Особено беше познат во Бугарија, во средините на Македонците. За разлика од нас младите, кои во партизани отидовме како анонимни личности, Венко веќе беше оформен поет. На АСНОМ беше избран за член на Президиумот на ЦК. Одредено незадоволство тој почнува да пројавува дури по војната, значи во услови на слобода.
Дали Венко по ослободувањето имаше привилеегии онолку колку што во тоа време и во такви услови можеше да му ги оневозможи Македонија ?
Мислам дека тој се чувствуваше навреден. Според мое длабоко мислење тој во основата со право беше навреден, затоа шго не доби ниедна поистакната функција. Венко Марковски со своите квалитети тогаш навистина можеше да биде истакнат министер за култура на Македонија или пак за образование, па дури и потпретседател на Владата задолжен за овие сектори. Меѓутоа, не му се даде ништо, а навистина беше несфатливо амбициозен човек. Прашање е дали истово нe би можело да се каже и за оние дотогаш воопшто или недоволно познати луѓе што станаа и претседатели нa влади и министри и што сѐ не. Се зависи од кој агол сакаме да ги гледаме нештата. Ако се гледа објективно и ако се има предвид дека беше навреден, тогаш не треба да се коментира начинот на кој тој го пречека Информбирото, изјаснувајќи се за него. Што и како се случило тоа, тешко би можел да кажам. Можеби навистина нешто проговорил, но тогаш доволно беше само да кажете дека нашите направиле грешка што не отишле во Букурешт нa повик на советското раководство на состанокот на Коминформот, па да одите в затвор. Но, имаше и луѓе кои директно им служеа нa Русите и кои мораше да одат в затвор. Сега немам намера да говорам за сите глупости што се правени и за сите оние невидени психички и физички тортури над луѓето. А Венко Марковски и во периодот додека беше во партизани, и по него сѐ додека не се случи ова со него, создаде многу значајна патриотска поезија. Не е мое јас да ја ценам неговата литература, но не смеам да не спомнам дека Венко Марковски се покажа и како многу нестабилен човек. Во неговата поезија имаше контрадикции: во онаа што ја пишуваше на македонски јазик главно ја напаѓаше бугарштината, а во едно обемно дело од својот поетски опус што го напиша во Бугарија и на бугарски јазик под наслов „Преданија заветни“ ја возвеличи сета бугарска историја на начин со кој сакаше да каже дека ова сѐ што е кај нас и e наше е вештачка творба.
Да се вратам на неговото заминување во Бугарија. По година — две, кога Тодор Живков се враќаше од еден конгрес на Комунистичката партија на Унгaрија, наврати во Белград. Во Белиот Двор имаше средба со Тито на која присуствував и јас во својство нa раководител на Централниот комитет на Македонија. Toгаш Живков го праша Тито дали Венко може да ocтaнe во Бугарија. Тито му рече: „Не знам, еве ви го Црвенковски, co него согласете се“. Јас му реков на Живков дека може да остане само под еден услов: „До колку бара да оди натаму да го пуштите“. Тој ми се сврте и ми рече: „Како, мислите ќе сака да оди во Китај“? Ова го рече затоа што тогаш Венко беше напишал една песна, посветена нa Mao Це Тунг. И покрај тоа штo беше надарен за поезија, тој истовремено беше и голем стихоклепец. Во каков било момент можеше да напише песна и да му ја посвети некому! Му беше дозволеио да остане таму. Мојот став секогаш беше јасен и јас сум го истакнал во неколку интервјуа во последно време: „еден е односот спрема творештвото, а друг е оној спрема идеологијата и политиката нa поетот“. И Белински уште во минатиот век во Русија има речено, „секогаш делото треба да се брани и од самиот писател, a нe треба да се отфрла поради неговите гревови“. Така и ние нe можеме да ја отфрлиме поезијата на Венко напишана на македонски и да му препуштиме сета некому таму да ја толкува како бугарски дијалект. Ние мораме да си ја приопштиме кон нашата литературна и културна ризница.
Крсте Црвенковски за „случајот“ Венко Марковски, во Јован Филип
„Подводни гребени на политиката, разговори со Крсте Црвенковски“,
Македонско Радио, Скопје, 1993, стр. 39-42.
Избор и скен: Г.П.; дигитализација: А.С.
No comments:
Post a Comment