ДО МАКЕДОНСКИО НАРОД¹⁷⁶
Брајкја,
Скопје, ХI 1940 г.
Многу тешки времена преживуеме. Влегофме во втората година от оваа
втора империалистичка војна, на која крајо уште ве можи да се види.
Вашите синои, татковци и мажи сет мобилизирани. Вие старци жени и деца
страдате от скапотиа, немашчина и глад. Црни облаци на војната сет
собрани на Балканскио Полуостров. Грциа е во војна са Италија. Гласет на
топоите от Охридското и Преспанското Езеро се слуша низ цела Македониа.
Македониа под Грчко е напраена пепел от талијански бумби. Битола е исто
така бумбардирана от страна на талијански ероплани. Неколку десетини
жени, деца и старци станаа жртва на талијанските бумби. Битола наново е
разрушена. Ова бумбардиране беше само новата ластаица. Секој момент можи
да се повтори во поголем размер. Секои сат можи огинот на војната да ја
зафати и Југославиа.
Во ваквиа критични минути големосрбите и големобугарите спорат чиа е Македониа и кој треба да ја управлјава. Тоја спор се зафати по повод речите на П. Думанов во Народно Собрание,¹⁷⁷ кој рече оти Македониа требало да сјаи како драгоцен камен во короната на цар Борис. Српските шовинисти и поробители му отговориа, оти Македониа ке сјаи како елмаз во короната на југославенскио крал.
Специално во Македониа под србско зафати еден талас на шовинизам от страна ва српските големци. Голема устна и печатна агитациа се поведе против ослободуенјето на Македониа, за незиното вечно ропство. Целата големосрпска штампа, заедно со скопскио лист „Глас Југа“ чији редактори сет македонски предатели и шпиони, викнаа: „Македониа неа даваме на Бугариа, та е била српска и српска ќе остани“ и т.н.

Драги брајкја,
Првото нешто, кое бие на очи е признаването от страна на српските
големци да постои Македониа. До сега секогаш си го дереа грлото оти
Македониа нема, а има само „Јужна Србиа“, а сега признаа оти Македониа
има не само во Грциа и Бугариа, ами и во Југославиа. Ама сушноста на споро мегју српските и бугарските шовинисти е кој да владеи во Македониа и кој да cтрижи македонската овца.
Господата от Белград и Софиа спорат за Македониа, а македонскиот народ ич не го питат. Тије поробители на Македониа имаат тепегјозлук да зборуат оти македонскио народ бил српски, бил бугарски и да Македонците немале историа, јазик и др. Македонските поробители лажат! Во сушност Македонците не сет нити Срби, нити Бугари, а сет само Македонци.
Поробителите на Македониа ке се раскина да докажат оти Македонците биле слободни. Навистина пак во Македониа не постои слобода, а апсани, џандари, кјотеци, национално претепуенје, колониална експлоатациа, политичко ропство и бесправие. Поповите со евангелие и џандарите со камшик биат македонскио нарот по очи, по глава да му докажат оти тој бил Србин. Жални големосрпски чоечина!
Благодарение на големата страна на социализмо - СССР овиа дена затегнато положение во Југославиа, Бугариа и Турциа попушти. Конфликто можеше да избувни и да станиме сите балкански народи плјачка на империалистите. Големата заслуга за запазуење на мирот е на СССР.
Спасението на Македониа е во борбата за слобода во сојуз со сите народи и потиснати во Југославиа.
ДОЛУ ВОЈНАТА!
ДА ЖИВЕЈ МИРОТ!
ДОЛУ РЕАКЦИОНОТО ПРОТУНАРОДНО ПРАВИТЕЛСТВО НА ЦВЕТКОВИЌ-МАЧЕК-КОРОШЕЦ!
ДА ЖИВЕИ НАРОДНАТА ВЛАСТ ВО ЈУГОСЛАВИА, КОЈА КЕ ДАИ РАВНОПРАВИЕ И СЛОБОДА НА МАКЕДОНИА!
ДОЛУ ЕЛМАЗИТЕ И КОРОНИТЕ!
ДА ЖИВЕИ СЛОБОДНАТА МАКЕДОНСКА РЕПУБЛИКА!
Ноембри,
Илегалнио печат на КПЈ во Вардарска Македонија... цит. 361-363.
Господата от Белград и Софиа спорат за Македониа, а македонскиот народ ич не го питат. Тије поробители на Македониа имаат тепегјозлук да зборуат оти македонскио народ бил српски, бил бугарски и да Македонците немале историа, јазик и др. Македонските поробители лажат! Во сушност Македонците не сет нити Срби, нити Бугари, а сет само Македонци.
Брајкја,
Вие имате свои јазик, своа култура, свои традиции, песни и т.н. Вие
имате славна историа и минало. Кирил и Методиа не беа ни Срби ни Бугари,
а македонски Славјани кои дадоа писменос и култура на сите Славјани.
Новата историа на Македониа е богата со борби за национална слобода. Илинден е најславнио пункт на Македонците за слобода и равноправие. Поробителите на Македониа ке се раскина да докажат оти Македонците биле слободни. Навистина пак во Македониа не постои слобода, а апсани, џандари, кјотеци, национално претепуенје, колониална експлоатациа, политичко ропство и бесправие. Поповите со евангелие и џандарите со камшик биат македонскио нарот по очи, по глава да му докажат оти тој бил Србин. Жални големосрпски чоечина!
Драги сестри и брајкја,
Српските властодржци се борат да не би да испуштат кокало (Македониа)
от устата, па затоа се готват за отпор, за војна. Ни еден народ не сака
војна во тоа число и македонскиот. От една војна помегју Југославиа и
Бугарија - за Македониа, ке страдат народите на двете држави. Во најарен
случај при една таква војна Македониа ке смени само господарите си. Вие сакате не војна, а мир, работа и добар живот.Благодарение на големата страна на социализмо - СССР овиа дена затегнато положение во Југославиа, Бугариа и Турциа попушти. Конфликто можеше да избувни и да станиме сите балкански народи плјачка на империалистите. Големата заслуга за запазуење на мирот е на СССР.
Спасението на Македониа е во борбата за слобода во сојуз со сите народи и потиснати во Југославиа.
ДОЛУ ВОЈНАТА!
ДА ЖИВЕЈ МИРОТ!
ДОЛУ РЕАКЦИОНОТО ПРОТУНАРОДНО ПРАВИТЕЛСТВО НА ЦВЕТКОВИЌ-МАЧЕК-КОРОШЕЦ!
ДА ЖИВЕИ НАРОДНАТА ВЛАСТ ВО ЈУГОСЛАВИА, КОЈА КЕ ДАИ РАВНОПРАВИЕ И СЛОБОДА НА МАКЕДОНИА!
ДОЛУ ЕЛМАЗИТЕ И КОРОНИТЕ!
ДА ЖИВЕИ СЛОБОДНАТА МАКЕДОНСКА РЕПУБЛИКА!
Ноембри,
ПОКРАИНСКИО КОМИТЕТ НА
КОМУНИСТИЧКАТА ПАРТИА
ВО МАКЕДОНИА
КОМУНИСТИЧКАТА ПАРТИА
ВО МАКЕДОНИА
l76. Леток на ПК на КП во Македонија. Објавен е по повод заострувањето на југословенско-бугатските односи во ноеври 1940 г. околу Македонија
177. Петар Думанов, пратеник во бугарското Народно собрание. ВО својот говор на 21 ноември 1940 г. во Народното собрание рекол дека „Македонија е рубин што и недостига на царската круна.“ Тоа предизвикало бурни реагирања во политичките кругови во Кралстовото Југославија, а свој став по неа зазеде и КПЈ, од аспект на одбрана на правото на македонскиот народ и мирот на Балканот.
Леток на ПК (Покраинскиот Комитет) на КП (Комунистичката Партија) во
Македонија, во тоа време предводена од прилепчанецот Методија
Шаторов-Шарло. Објавен по повод заострувањето на (кралско) југословенско-бугарските односи околу Македонија во ноември 1940 година.
Објавен во: Зоран Тодоровски (редактор) „Методија Шаторов-Шарло, Документи и
Материјали“, ДАРМ/Македоника Литера, Скопје, 2012, стр. 312-314.
Избор и скен: Г.П., дигитализација: А.С.
No comments:
Post a Comment