Излегувањето на површина на македонското прашање, за европските и балканските сили претставува нов предизвик во нововековниот период, кој денес, стотина години подоцна е сè уште актуелен, овој пат зафаќајќи уште поголеми размери. Политиката на соседите на Македонија кон самата Македонија поминува низ повеќе фази и го достигнува денешниот облик, сè уште држејќи се до својата основна цел - да ја прикаже Македонија за своја и сосема да ја негира нејзината посебност.
Ова се однесува на сите аспекти - јазик, народ, црква и така натаму. Оваа конзистентна политика на Грција, Бугарија и Србија (во поново време и Албанија), се должи на нивната добро развиена пропаганда, која ги опфаќа сите аспекти на политичко - општествениот живот во Македонија - црквата, училиштето итн. Истата проаѓа низ неколку фази, од кои во последната добива и вооружен облик. Соседите на Македонија постепено развиваат своја пропаганда и освојувачка политика директно насочена кон самата Македонија. со сите сили се борат да го докажат нејзиното непостоење, преку негирање на името, јазикот, црквата - сето она што го прави еден народ посебен и различен од другите.
Присуството на странските пропаганди во земјата несомнено треба да се поврзе со создавањето на нови држави на Балканот. Имено, младите балкански држави, навистина агресивно и со полн елан работат во насока на создавање на национални митови и што е уште поинтересно, на исполнување на истите. Меѓутоа, со текот на времето еволуирале и методите и средствата со кои се служеле пропагаторите, а тука водечката улога ја презема Бугарија.
Не само тоа, туку балканските земји развиле и живи дипломатски односи, кои првенствено биле насочени кон поделба на сферите во Македонија, а на крај резултираат со создавањето на Балканскиот сојуз и поделбата на Македонија. Со создавањето на модерната грчка држава во 1830 година и црковната самостојност од 1850 година биле створени услови за почеток на грчката пропаганда во Македонија. Во прилог на големогрчките цели било и тоа што Цариградската Патријаршија се наоѓала директно во рацете на Грци. Така, на македонскиот народ му било наметнато грчкото свештенство и грчкиот јазик, како во богослужбите, така и во училиштата.
Од 1870 година, кога е формирана Егзархијата, борбата меѓу Грција и Бугарија за превласт во Македонија најмногу ќе се чувствува токму на црковен план, а за сметка на тоа ќе страда населението. Во оваа група треба да се вброи и српската пропаганда, која можеби не била со толку силен интензитет како претходните, но сепак стварала раздор меѓу населението и подоцна ја отежнувала работата на Организацијата. Покрај овие, во Македонија е забележано и присуство на католичка пропаганда. Во XIX век, а особено во првата половина и 60тите години, мисиите организирани од католичката црква биле сè побројни, но и бројот на нивните приврзаници започнал да се зголемува.
Главната улога во тој процес ја имал редот на Лазаристите, задолжен за пропагирање на католицизмот. Како и да е, унијатството било само привремен излез за народот од тортурата која ја вршела Патријаршијата и манипулациите на Грците, па токму затоа биле склучувани униите - за да се издејствува црковнословенска богослужба, словенско свештенство и настава на мајчин јазик. Создавањето на Македонската Револуционерна Организација во 1893 година, значела и почеток на ново поглавје во борбата на македонскиот народ против странските пропаганди.
Но, тоа воедно значело и засилување на истите и обид по секоја цена да се уништи Организацијата. Во таа насока Бугарија оди најдалеку, правејќи обиди да ја покори Организацијата и да ја стави под своја закрила. Преку инфилтрирање на бугарски елементи во Македонскиот комитет, тој станува орудие на бугарските власти, настојувајќи да создаде раздор во редовите на МРО. Иако Врхивниот Комитет ќе го снема од сцената, последиците ќе бидат фатални по МРО. Семето на раздорот е веќе посеано. По востанието, пропагандите ќе го сменат својот карактер и ќе отидат уште подалеку - стануваат вооружени. Четите се движат слободно, соработуваат со османските власти, финансирани се од матичните држави и тенденциозно ги разоткриваат македонските чети, сè со цел да го подготват теренот за нивното дејствување.
Грчките - андартски чети се присутни на теренот уште од почетокот на востанието, а по неговото завршување ја почнуваат својата широка дејност. Значи, ако досега се обидуваа на мирен начин да го придобијат населението, сега насилството е главното оружје. Во исто време, од север границата ја преминуваат српските чети, кои за разлика од грчките се потактични во својата активност.
Наспроти нив е Бугарија, која го имаше главниот збор во претходниот период, кога се работи за пропагандата, па така бугарските власти се обидуваат да ги зачуваат веќе стекнатите придобивки и влијанија во Македонија.
Договорот за пријателство и сојуз меѓу Бугарија и Србија е склучен на 29 февруари/13 март 1912 година, во Софија, од бугарскиот цар Фердинанд I и српскиот крал Петар I, како и нивните министри за надворешни работи - Гешов и Миловановиќ. Овој договор е потпишан како своевидна реакција на новонастанатата ситуација на Балканот, која првенствено ја загрозувала Србија. Имено, со анексијата на Босна и Херцеговина од страна на Австро - Унгарија, непосредно пред избувнувањето на Младотурската револуција, како и со евентуално создавање на албанска држава, Србија не би можела да ги оствари целосно своите територијални претензии.
Од друга страна, Бугарија во текот на 1910 и 1911 година водела преговори со Османската Империја, како би ги подобрила односите. Но, по неуспехот било нужно приближување кон Србија и потпишување на некаков договор. Иако уште во почетокот на октомври 1911 година била постигната согласност за потпишување на договор за пријателство и сојуз, конечното потпишување станува неколку месеци подоцна. Како и да е, големосрпската, бугарската и грчката политика кон Македонија не престанале и постојано се барало начин да се остварат истите.
Овие договори, сојузи и слично, само ја наговестуваат поделбата на Македонија со Балканските војни (1912 и 1913 година) и задоволувањето на туѓите апетити. Букурешкиот договор се чини дека ја запечатува судбината на македонскиот народ, но голготата не запира тука. Веќе следната 1914 година Европа и светот ги зафаќа нова војна - Првата светска војна. За Македонија и македонскиот народ тоа значи ново страдање.
Силите на Антантата и Централниот сојуз на Балканот, тргувале со Македонија. За да ги придобијат балканските државички, тие ја користеле македонската територија како главно средство за пазарење. Двата блока се судруваат повторно во Македонија овој пат делејќи ја и со Македонскиот фронт, на чија линија од двете страни имало Македонци. Регрутирани од различни војски, на македонскиот фронт се бореле брат против брат, татко против син.
Нема начин да се опише трагедијата која македонскиот народ ја доживеал во тие мигови. Испеани се песни, напишани книги, за горка судбина на еден народ. Колку жени останале вдовици, колку мајки закопале синови, колки деца станале сираци ... Сонот за сопствена држава се чинел подалечен од било кога.

Д-р Филип Петровски,
Пред аудиториум и на покана на воениот музеј во Стокхолм, декември 2015
No comments:
Post a Comment