August 4, 2015

Златен Статер на Филип II Македонски

МК - Златен Статер на Филип II Македонски

Филип II е првиот антички македонски владетел кој во 345 г. пне вовел златна номинала: СТАТЕР.

Ковница: Пела
Време : од 340 до 328 година пне

АВЕРС (предна страна): Глава на богот Аполон со ловоров венец. Аполон бил бог заштитник на земјата, пролетта, ловот, светлоста и сонцето. Аполон не бил хеленско туку бил хетско божество превземен од населението на јужен Балкан во критско-микенско време. Во Тројанската војна Аполон се борел од страна на Тројанците против Ахајците. Се претпоставува дека Филип II го ставал на своите златни монети за да се претстави себеси како одмаздник испратен од Аполон да ги казни хелените.

РЕВЕРС (задна страна) Во 356 г. пне Филип победил на Олимписките игри во трка со единечен коњ, во 352 г. победил во трка со четвороколка, а во 348 г. во трка со двоколка. Овие натпреварувања имале огромен престиж поради што победите Филип почнал да си ги кова на своите монети. На паричката е претставена Олимписката победа на Филип II на трка со двоколка од 348 година пне.

 
EN - Gold Stater of Philip II Macedonian

Philip II was the first ancient macedonian ruler which in 345 BC started to mint a gold coin called STATER.

Place : Pella
Time : from 340 until 328 BC

OBVERSE :Head of the god Apollo with a laurel wreath. Apollo was the god protector of the country, god of the spring, god of hunting, and mainly the god of the light and the sun. Apollo was not a typical Hellenic god. He has a Hittite origin. In the Trojan War Apollo fought on the side of the Trojans against the Achaeans (Greeks). It is assumed that Philip II put this gods face on the gold coins to present itself as an avenger sent by Apollo to punish the Greeks.

REVERSE: In 352 Philip won the tethrippon, a four horse chariot race, and in 348 BC the synoris, a race for chariots pulled by a pair of horses. He had also won the horse race earlier in 356 BC. These Olympic victories were so prestigious that Philip II issued coins depicting the events, and this gold stater features the two-horse chariot of his synoris win in 348 BC.

© Археолошки Музеј на Македонија
© Archaeological Museum of Macedonia

No comments: