June 25, 2015

Пренесувањето на моштите на Димче Могилчето

Димко Сарванов (некаде познат и како Димче) меѓу народот попознат како Димче Могилче, Димко Могилче или Димче Могилчето е македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Роден е во 1879 година во селото Могила (Битолско), од каде го добива и својот прекар Могилчето со кој ќе стане познат и популарен помеѓу народот. По завршувањето на основното училиште Димко Сарванов, станува член на ВМОРО и активно се вклучува во борбата за ослободување на Македонија и македонскиот народ од неподносливата положба во Отоманската империја. Набрзо влегува во четата на Ѓорѓи Сугарев со која дејствува во битолскиот крај и Мариово. За време на Илинденското востание дејствува во реоните на Пелистер и Преспа. Во 1904 година станува војвода на самостојна чета. На 4 јануари 1908 година, со својата чета паѓа во заседа на турскиот аскер во селото Ношпал (Битолско), каде што се самоубива за да не падне жив во рацете на турскиот аскер

Особено се истакнува по својата храброст и јунаштво во борбата со турските даночници - арачлии како Селим и Шефкија, поради што Димче Могилче станува омилен херој на народот опеан во повеќе народни песни со комитска тематика од битолскиот крај. Меѓу народните песни за Димче Могилче од кои има повеќе разни верзии најпозната е песната Абер ми иди од Могила.



No comments: