МРО (Македонска Револуционерна Организација)
Главен иницијатор за формирање на на МРО бил Дамјан Груев. По враќањето во Солун се поврзал со Иван Хаџи Николов и заедно разговарале со други интелектуалци за формирање на МРО. Основачкиот состанок се одржал на 23 октомври во Солун, на него присуствувале пемина учители и еден доктор: Даме Груев, Иван Хаџи Николов, Петар Поп Арсов, Христо Батанџиев, Андон Димитров и д-р Христо Татарчев, Тие се формирале како група без формалности, која во Јануари 1894г. пристапила кон конкретно оформување на организацијата. Петар Поп Арсов бил задолжен да подготви устав на организацијата и да напише брошура со која ќе се разобличи бугарската пропаганда во Македонија. На состанокот било решено организацијата да има Центарлен Комитет (ЦК) на чело со д-р Христо Татарчев и секретар-Даме Груев, а членовите ќе се викаат "централисти" и ќе се борат за политичка автономија на Македонија.
Раководните членови на МРО, воспоставиле врски со многубројните македонски емигранти во Бугарија. Од нив очекувале помош во борбата за ослободување и автономија. Во март 1895г. бил формиран Македонски комитет на чело со претседател Трајко Китинчев, чесен и енергичен Македонец. Борбата на нашиот народ не и одела во прилог на бугарската буржоазија, затоа таа решила да ги искористи македонските емигранти за постигнување на својата цел-присоединување на Македонија кон Бугарија и затоа вешто ги злоупотребила и изманипулирала патриотските чуства на Македонците. Веднаш по формирањето Македонскиот комитет почнал да испраќа чети во Македонија. Оваа активност била подржана од бугарската влада и дворот. Во Македонија биле уфрлени 600 четници, распоредени во 4 чети и неколку помали одреди. Во секој одред се наоѓале офицери на бугарската армија и стари арамиски војводи кои го познавале теренот.. Привте два одреда се распаднеле веднаш по влегувањето на османска територија. Третиот одред го запалил машкото село Деспот, но неговите арамиски војводи се дале на пљачка и одредот се распаднал. Најголем успех постигнал четвртиот одред кој броел 65 луѓе, а бил под команда на Борис Сарафов. Овој одред влегол во градот Мелник, притоа ја запалиле зградата на уќуматот, поштата и неколку турски куќи. Потоа се повлекол во Бугарија. Оваа акција била наречена Мелничко востание. Жртва на ова востание станало невиното население од Пиринска Македонија, кое било изложено на жестоки репресии од страна на власта. Бугарија откако увидела дека посакуваниот ефект е постигнат ја прекинала подршката на уфрлените чети. Претседателот на МК Трајко Китинчев откако сватил дека МК и неговата акција се злоупотребени од страна на Бугарија, починал од срцев удар. Во Декември 1895г. Мк бил преименуван во Врховен Македонски Комитет (ВМК). Претседател бил Данаил Николаевич, близок човек на кнезот Фердинанд. Тогаш ВМК пројавил тенденција да се наметне како едниствен раководен фактор во Македонското ослободително дело. Но МРО вешто ги избегнувало намерите на ВМК без да ги прекине контактите со него. Позначајна помош МРО добила од ВМК кога нејзин претседател бил Борис Сарафов. Но набрзо дошло до заладување на односите, поради амбициите на Сарафов да го превземе раководството на МРО.
Односите посебно се заостриле во 1901г. кога во ВМК се наметнал генералот Иван Цончев, кој ја спороведувал политиката на бугарскиот кнез. Тој испраќал свои чети во Македонија за да ја превземе контролата над МРО И да прогласи востание. Во борбата против врховистите особено се истакнал Јане Сандански. Преку медиуните ВМК ја обвинувала МРО дека не е способно да крене востание без помош на Бугарија.
Во средината на 1902г. во Македонија посебно во источниот дел се нашле повеќе врховистички чети, кои имале за задача да испровоцираат востание. Во Септември 1902г. со село Железница-Горна Џумаја започнало врховистичко востание познато како Горноџумајско востание. Врховистите се повлекле а последиците биле врз македонското население. МРО остро ја осувало ВМК. Во борбата против ВМК, МРО изгубило драгоцено време,луге и средства.
Највосок орган на МРО бил Конгресот, кој го избирал ЦК, потоа биле избирани окружни, околиски и селски комитети. Конгресот ги решавал општите проблеми се одржувал по потреба. Организацијата имала своја пошта со шифрирана азбука и невидлниво мастило, курирска служба и псевдоними за градови села и личности.

Летото 1896г. во Солун се одржал првиот конгрес на организацијата на кој присуствувале 16 делегати. Гоце Делчев и Ѓорче Петров биле задолжени да изработат устав и правилник со кој Македонија била поделена на 6 револуционерни окрузи (серски, битолски, скопски, струмички, солунски и одрински).
Организацијата се проширила и во одринско и се преименувала во Тајна македонско-одринска револуционерна организација-ТМОРО.
Иако била преименувана во Тморо сепак било многу тешко организацијата да остане тајна. Прва провала во редовите на Тморо била Битолската од 1896г.преку која Османлиската власт дознала дека во Македонија постои и делува тајна организација. Најголема била Виничката провала од 1897г. Тешки последици оставила Битолската провала 1990г. од која повеќе членови се нашле во затвор меѓѕ кои и Даме Груев. Во периодот 1901-1902 дошло до повеќе провали, но најтешки последици оставила Солунската провала од 23јануари 1901година. Со неа во затвор се нашле Пере Тошев, Христо Татарчев и Христо Матов. Единствен член кој останал на слобода од ЦК бил Иван Хаџи Николов; тој уплашен за да не биде откриен целокупната архива за организацијата ја предал на Иван Гарванов, професор во солунската егзархиска гимназија. Тоа значело предавство и превземање на раководството на Тморо, на нерергуларен начин, од страна на нејзините идни противници. На таков начин во редовите на организацијата влегле агенти на бугарското кнежество, кои оставиле далекусежни негативни последици во развојот на македонската ослободителна борба.
Солунски конгрес на ТМОРО од 1903г.
Неможејќи да ја уништат МРО врховистите настојувале да влезат во неа од внатре и да ја разбијат. Со влегувањето на Иван Гарванов во ЦК на ТМОРО се согласиле затворените членови на ЦК, погрешно сметајќи дека ќе ги придобијат врховистите на нивна страна. Цел на Иван Гарванов била да се покаже на светската јавност дека Македонија неможе да се ослободи без бугарска помош. Тој од 2-4 јануари 1903г. во својство на привремен претседател свикал конгрес во Солун на кој присуствувале 17делегати, при што некои членови не биле повикани. Тој успеал во својата желба конгресот да донесе решение за кревање на востание пролетта 1903г.
Против ова предвремено кревање на востанието биле Гоце Делчев, Ѓорче Петров и Јане Сандански кои не ни присуствувале на Солунскиот конгрес. Гоце Делчев заминал кон Софија со својата чета со цел да го одложи кревањето на востанието, но во Солун се сретнал со Даме Груев кој тукушто излегол од затвор и сметал дека е можнода се крене востание. Гоце Делчев разочаран од ставот на Даме го напуштил Солун и тргнал да организира окружен конгрес во Серскиот револуцуионерен округ, но на пат во селото Баница загинал во борба со турската војска на 4-ти мај 1903г. Во меѓувреме се случиле Солунските атентати. По нивното извршување почнал голем терор и апсења, меѓу уапсените бил и Иван Гарванов. Целокупната работа околу подготовките на востанието на превземале Христо Матов и Христо Татарчев кои се помириле со ВМК.
Од 2ри до 7ми мај во присуство на 29делегати се одржал Смилевски Конгрес под претседателство на Дамјан Груев. И на овој конгрес еден дел од делегатите како Никола Петров Русински, Ѓорѓи Сугарев, Никола Карев, Пере Ацев, биле против предвремено востание. Но авторитетот на Даме Груев преовладал и сепак мнозинството го подржало предлогот. За таа цел бил форимиран Главен Штаб во состав на Даме Груев(претседател) а членови биле Атанас Лозанчев и Борис Сарафов.
На 26јули 1903г. на врвот Победоносец над Смилево, Главниот Штаб го донел решението востанието да започне на 2ри Август. Повеќе органи биле известени за датумот. Востаничкиот центар се наоѓал во село Смилево кое било ослободено и во него била воспоставена востаничка власт која траела околу 20дена. Најголеми успеси биле постигнати во Крушево. Иако бил против предвремено кревање на востание социјалистот Никола Карев застанал на чело на ова востание како началник на Горското началство. Градот бил нападнат на 2ри август, а востаниците ги предводел Никола Наумов- Алабакот. По неколку часовни борби Крушево било ослободено и била формирана Крушевската република од 2ри до 13август 1903г. Претседател бил Никола Карев. Бил формиран совет на републиката кој броел 60члена по 20од секоја националност. Формирана била и привремена влада на чие чело стоел Вангел Дину. По превземањето на власта, привремената влада испратила манифест.
Биле постигнати големи успеси кои ја вознемириле османлиската власт, биле ангажирани 200.000 војници и 444топови. Само за Крушево била испратена армија од 20.000 која требало да се пресмета со 1200востаници. На 12август градот бил опколен, им било понудено на востаниците да се предадат, но тие одбиле. Поголемиот дел од востаниците се повлекле, но една мала група предводена од Питу Гули откажала да се повлече и загинале храбро. На 13август турската војска го завзела Крушево. на 2ри октомври 1903г. Востаничкиот Штаб наредил акциите да престанат, а оружјето да се складира. Главна причина за неуспех било предвременото кревање на востанието
По неуспехот на востанието организацијата се нашла во тешка положба. Многу значајни членови загинале. Во редовите на значително ослабената организација биле поведени остри дискусии околу тоа кои биле причините за неуспехот на востанието. Вроховистите на чело со Христо Матов сметале дека Македонија може да се ослободи само со помош на Бугарија.
Се предвидувало обновување на организацијата, затоа биле одржани повеќе окружни конгреси. Во октомври 1905г. бил одржан конгрес во Рилскиот Манастир во Бугарија на кој присуствувале 22делегати. На конгресот победила левицата. Бил донесен нов Устав и Правилник на Организацијата, со кој таа го променила името во ВМОРО. Привременото спокојство било кратко. Војната меѓу левицата и десницата продолжило. Десното крило ставајќи се во служба на големобугарските интереси целосно се одлепило од левицата. Резултат на нивните пресметки биле убиствата на: Никола Карев, Христо Узунов, Ѓорѓи Сугарев, Даме Груев. Врховистите сакале да се прошират и во Серскиот округ, но таму дејствувал Јане Сандански кој пратените врховисти ги убил, а нарачателите Борис Сарафов и Иван Гарванов биле осудени на смрт. Смртната казна ја извршил Тодор Паница во ноември 1907г. На местото на убиените застанал Тодор Александров.
Извор: Македонско братство
No comments:
Post a Comment