*Името на ВМРО е употребувано како нивното првично име МРО
За постоењето на МРО било неопходно да се обезбедат пари. Во почетокот парите се обезбедувале од доброволни прилози. Трговци и занаетчии симпатизаери во Солун давале помали суми, а и емигрантите во Бугарија давале свои прилози. Во 1989 станало јасно дека овој начин не и носи на организацијата доволно пари за нејзините потреби и покрај тоа што прилозите се зголемувале.
За постоењето на МРО било неопходно да се обезбедат пари. Во почетокот парите се обезбедувале од доброволни прилози. Трговци и занаетчии симпатизаери во Солун давале помали суми, а и емигрантите во Бугарија давале свои прилози. Во 1989 станало јасно дека овој начин не и носи на организацијата доволно пари за нејзините потреби и покрај тоа што прилозите се зголемувале.
Може да се каже дека малобројната класа на трговци била поделена околу прашањето за подршка на МРО. Некои од нив кои практично сите живееле по градовите и гратчињата, биле задоволни со постојаната ситуација и се плашеле од одмаздата на Турците која би се истурила врз нив во случај на востаниа на МРО; сосем е сигурно дека во тој случај би биле загрозени нивните животи. Така, излегува дека честопати токму најбогатите биле најнеподготвени да ја помогнат каузата.
Некои од нив давале материјали и друго задоволување на потребите, но бидејќи оваа помош очигледно не била доволна, Организацијата била принудена со време да разгледа и алтернативни извори за финансирање. Кражбите и грабежите станале прифатливи методи за тоа.
МРО се почесто се замешувала во ситни кражби и на тој начин успевала да дојде до помали суми за својата благајна. Но, во крупни размери, Наум Златарев, млад поштенски работиник во Ќустендил, украл голема сума пари од Бугарското Поштенско претставништво во јануари 1897 им избегал на властите и се префлил во Македонија. Вкупно тој зел 28 000 левови (5 600долари) оди кои 25 000 левови ги предал на МРО. Тој парите ги предал на Васил Главнинов, за овој да му ги предаде на Гоце Делчев. Главинов немајќи можност веднаш да се поврзе со Делчев решил парите да ги закопа крај некоја река. Набргу реката надошла и го поплавила местото, така што парите никогаш не биле најдени. Делчев бил гневен! Никој точно не утврдил дали парите биле украдени од страна на Главинов или тој ја кажал вистината. Сепак се чини дека навистина се случила неговата приказна бидејќи Делчев имал во него голема доверба.
Покрај кражбите повремено биле разгледувани и применувани други незаконски начини за доаѓање до пари. Плодниот ум на Борис Сарафов испланирал неколку шеми кои вредат да бидат споменати. Во 1896 и покрај тоа што бил дел од Врховистите Сарафов се понудил да помогне со тоа што самиот би бил киднапиран. Користејќи лажен руски пасош, тој се надевал дека неговото грабнување ќе извелече откуп од руската влада. Сарафов предложил и киднапирање на кралот на Србија Александар Обреновиќ, со идеја да го грабне и да го задржи во текот на неговата посета на планината Атос во 1897 година, Сарафов направил уште еден план кога бил во посета на брата си во Русија во 1898 година. Сарафов тврдел дека се запознал со Американскиот амбасадор таму и му понудил да собере едниница од пет до шестотини Македонски револуционерни борци за да им помогнат на Соединетите Држави во нивната војна против Шпанија во Шпанско-Американската војна, во замена за материјална помош од Вашингтон. МРО одбила да постапи според сугестиите на Сарафов, а Американскиот амбасадор следствено ја одбил третата. Во американските дипломатски документи нема трагови од оваа случка.
Иако методите на Сарафов биле неортодоксни, плановите за киднапирање и изнудување добивале свое место во МРО.
Во Велес, на пример некаде меѓу 1896 и 1897 година бил грабнат синот на еден богат Христијанин, заговорот бил осуетен, но преседанот бил сторен. Кон крајот на 1897 година самиот Делчев испланирал киднапирање на синот на Назим-бег, муслиман-велепоседник со чифлик во Струмичко.
Ако неговиот син не успеал да им збега на грабнувачите нив ќе морала да им биде исплатена сума од 6 000 лири.
Властите грабнувањето го сметале за дело на разбојници па не му придале никакво политичко значење иако голем број луѓе биле приведени и испрашувани.
Малку потоа, Делчев направил два нови обида за да изнуди пари од турските газди. Тој и неговите придружници фатиле пусија за да го ограбат некој си Черкез од село Буковец. Пофтатот пропаднал, исто како и еден друг во кој тој се обидел да го ограби Мафи-бег.
Во постојаната борба за пари, активистите на МРО не се премислувале да изнудуваат, како што направиле во јули 1903 кога влашкото село Гопеш (преспа) било принудено да плати голема сума пари.
Во една друга случка двајца бегови биле принудени да платат прилог.
Веројатно најголем единечен паричен прилог дошол од аферата Мис Стоун. Тогаш МРО собрала околу 14 000 златни лири (66 000долари), од кој најголемиот дел отишол за оружје. Како и да е, сепак многу пари не се слевале, туку повеќе стигнувале капка по капка во касата на МРО. Организацијата немала добра финансиска поткрепа и никогаш не создала фиксен износ, или приходи на кои можела да смета
Извор: Македонско братство
Извор: Македонско братство
1 comment:
Hello mate great blog postt
Post a Comment