Неоспорно е: вклучувањето на Македонија во границите на Царството на Василиј Втори и неговите наследници, не само што го овозможило, туку уште повеќе го засилило продлабочувањето на феудалните односи во земјата. Слободните селски општини, кои секогаш претставувале опасност за власта, во смисла на организиран отпор кон неа, почнале да се распаѓаат, макар што тој процс бил и мачен и долготраен. Нивното разложување го забрзала засилената диференцијација меѓу членовите на општината, од една страна, а од друга, се поприсутното ретчење на машкото население во општините, како резултат на големото и постојано регрутирање војници за потребите на византиската освојувачка политика. Во таква ситуација, за новодојдените феудалци особено привлечни биле оние имоти, што останале без глава на семејството.
Напоредно со растежот на бројот на феудалците во Македонија од грчко и ерменско потекло, растел и бројот на домашните феудалци. Овие македонски првенци не биле секогаш провизантиски расположени, туку често се врзувале за сопствениот народ, наоѓајќи кај него потпора и поддршка за своите намери и планови.
Финансиската политика на Византија водела кон оси-ромашување на македонското население. Работната рента - ангаријата, доколку се однесувала на државата, паѓала врз грбот на целото население, а ако, пак, била во полза на феудалецот, тогаш ги погодувала феудално зависните селани. Кастрохитисијата - бесплатното поправање на тврдините или нивното градење, била една од најтешките ангарии: населението со својот добиток носело градежен материјал до местото каде што се поправала или пак се градела тврдината. Населението било ангажирано, се разбира - бесплатно, да поправа патишта, мостови, да изработува кораби и слично. Освен ангаријата, била развиена и натуралната рента: десетина од житото, рибата, добитокот итн.
На сето ова се надоврзувала и паричната рента, која по паричната реформа од 1040 година, главно, ги заменила давачките во натура. Генерално земено, давачките на потчинетото македонско население во 11. век биле осетно зголемени. Сето тоа било само една причина повеќе во Македонија, речиси, непрекинато, да траат организирани или стихијни отпори против византиското господство. Писателот Михаил Псел пишува дека не поминало "долго време" откако императорот Василиј Втори ја уништил Самоиловата држава и откако "ја присоединил наполно разбиена под ромејска власт", а потчинатиот народ почнал одново да ја манифестира "својата поранешна дрскост". И историчарот Скилица пишува дека народот "кој тукушто го свил вратот под ропството", се стремел "силно кон слободата". "Охриѓаните, соопштува Скилица, биле готови да се вооружат и да се дигнат против Византија веднаш по паѓањето на градот Охрид под византиска власт". И Теофилакт Охридски често во своите писма го нагласувал тој стремеж на неговата паства, подвлекувајќи дека работите во провинцијата Македонија секогаш се пред "сеништето на војната", зашто "варварите (читај: Македонците - з.н.) не престанувале да мислат на нивните честити времиња"
Претворањето на данокот во натура во паричен данок, што го услови финансиската реформа на Јован Орфаногроф во 1040 година, била последната капка во преполнетата чаша - народот се кренал на народноослободително и антифеудално востание. Историчарот Скилица, возбуден, ќе запише: "Месното население не можело да го поднесува лесно тоа, па затоа, кога нашло погоден случај, со појавата на Делјан, го отфрлило ромејското господство и се вратило кон својот стар закон".
Петар Делјан (така барем претпоставуваат повеќето од историчарите) бил син на Гаврило Радомир, а внук на Самоил. Имено, кога ја освоил Лариса, Гаврило Радомир се вљубил во убавата робинка Ирина, поради која ја истерал својата жена, ќерка на унгарскиот крал, која била бремена. Таа се вратила кај татка си во Унгарија. Така, Делјан се родил таму. Тоа го вели Михаил Деволски во Виенскиот додаток на Хрониката од Скилица. Унгарскиот историчар, Г. Фехер, смета дека Гаврило Радомир, уште додека бил жив Самоил, ја истерал женаси, унгарската принцеза, не поради Ирина, што е дел на една легенда, туку поради заладените односи меѓу Самоил и младиот унгарски крал Стефан, брат на принцезата. Имено, Самоил стапил во сојуз со непријателот на Унгарија, банатскиот кнез Ајтон, што значи се определил против политиката на братот на својата снаа. Петар Делјан е роден во женскиот манастир Веспремволди, во кој се сместила бремената унгарска принцеза по враќањето од Македонија. Таму Петар останал се до доаѓањето на унгарскиот двор, каде што ја добил титулата "бан".
Историчарот Михаил Псел ќе запише, меѓу другото: "Тоа племе на Бугарите, (Додатокот "на Бугарите" е вметнат во една од подоцнежните верзии на "Хронографијата" на Михаил Псел од каде што го приведуваме и овој цитат. Византија, по мировниот договор со Бугарите од 927 година, официјално, завладеаните македонски територии, како и завладеаните територии на другите соседни балкански земји од страна на бугарските кнезови Пресијан, Борис и Симеон, ги третирала како бугарски провинции, а новите поданици на бугарската држава за Бугари. Ова поданично именување на официјална Византија беше употребувано и по пропаѓањето на Првото бугарско царство во 971 година, односно и по создавањето на Самоиловото царство и формирањето на македонскиот народ.) порано причина за многубројни опасности и битки... ослабено во секоја смисла... се потруди да се врати кон понапрежната горделивост: некое време не се појави со јавно востание, но кога дојде еден од тие што беа готови да ја подбуцнат неговата дрскост, се појави згустена веќе животна определеност за востание. Кон таква избезуменост ги поттикна едно чудовиште, зашто ним им се чинеше оти потекнува од нивниот род... Тој, откако дознал дека целиот народ замислува да се одметне од Ромеите... се претставил отпрвин како најдостоен и најискрен во советувањето, а потоа најопитен во воената вештина.
Петар Делјан, откако бил "подигнат од војската на штит", во Белград бил избран "за цар". Имено, таму бил пречекан од претставителите на востаниците дојдени дури од Македонија. Може да се претпостави дека при изборот на Делјан за цар вмешал прсти и неговиот вујко, унгарскиот крал Стефан. Од Белград Делјан тргнал кон Ниш и Скопје и, откако ги зазел, се упатил кон Солун, каде што на лекување се наоѓал императорот Михаил Четврти. Исплашен, императорот избегал за Цариград, оставајќи ја власта во Солун и целокупното свое богатство на Михаил Ивец, најверојатно син на Самоиловиот војвода Ивец. Затоа е и разбирливо зошто Ивец помладиот веднаш му се придружил, заедно со сето императорово богатство, на Самоиловиот внук. Предавањето на богатството се одиграло недалеку од Солун - Делјановите востаници не го зазеле градот. Востаниците ја ослободиле цела Македонија, без Солун, се разбира, како и областите околу Витоша, Осогово и Тесалија. Против византиската власт се кренало и населението во Епир и Албанија. Византија, немајќи сили да му се спротивстави на Делјан, повторно се погрижила на типичен византијски начин, со итрина, да се ослободи од новата опасност. Еве што пишува Михаил Псел кој, патем, бил личен познаник на Алусијан, за кого ќе стане збор подолу: "Војната уште траеше, кога се случи нешто чудесно: еден од Ароновите синови, наречен Алусијан пријатен по нарав, сјаен по ум, значаен и успешен , стана најзаслужен за победата на царот... Кога разбра за случајот кај неговиот народ, кога дозна дека тие, во недостиг на царски род, незаконит син избрале да им царува, ги напушти децата, ја отфрли љубовта на сопругата и се дрзна од крајниот исток да тргне на запад...
"Всушност, Алусијан, како директен потом на Самоил, бил избран од Михаил Четврти да создаде раздор во востаничките редови, за пари, се разбира. Петар Делјан го пречекал како близок роднина, дури, според Скилица, му дал 40.000 војници и го испратил да го опсадува Солун. Опсадата била разбиена, војската, исто така, а самиот Алусијан одвај спасил глава. Се вратил поразен во Острово. За време на една вечера тој "ненадејно го фатил (Делјана -з.н.), му го исекол носот, му ги извадил очите, а сето тоа го направил со готвачки нож", соопштува Псел. Како директен наследник, Алусијан од војската бил прогласен за цар. Новиот предводник на востаниците тајно го известил за тоа императорот во Цариград. Во даден момент Алусијан ја напуштил војската и избегал во византиската престолнина. Востаниците, оставени без водач, биле лесно разбиени. Во Цариград предавникот бил пречекан со врвни почести. Слепиот Делјан, без да дава отпор, бил фатен и испратен во Солун. "Откако го покорил и потчинил во своја власт востанатиот народ, соопштува понатаму Псел, и откако поставил стратези по темите, императорот се вратил во престолнината со многу заробеници, меѓу кои бил и нивниот незаконски предводник со исечен нос и извадени очи".
Последиците на неуспешното востание биле страшни: Македонија била опустошена. Еден добар дел од нејзиното население императорот го претворил во робје, а не бил мал бројот на оние што ги изгубиле имотите. Цариград, со цел да го разбие етничкото единство на Македонците, во нивната татковина населил туѓи колонисти.
Малото востание во Лариса, Тесалија, подигнато од македонското влашко население во 1066 година, чија цел било вклучување во востанието и на македонското население, подоцна го овозможило кревањето на востанието во Скопје, под водство на Ѓорги Војтех. И востанието во Лариса, како по правило, било предадено од неговиот водач, Никулица Делфин, богат феудалец, кој ја искористил првата можност да му се предаде на императорот Константин Десетти Дука, предавајќи го на тој начин и самото востание.
Само шест години по востанието во Тесалија, во 1072 година, Македонија повторно ја потресе востанички бран. Причина: новата финансиска политика на Византија, по нејзините порази против Италија и поразите во Мала Азија. Со поразите кај Манцикерт од страна на Турците Селџуци, Византија ги загуби богатите поседи во Мала Азија, а по заземањето на Бари од страна на Норманите, таа го загуби и последниот посед во Јужна Италија.
Центар на востанието бил градот Скопје, а водач на востаниците скопскиот првенец Ѓорѓи Војтех. Востаниците се собрале во Призрен и оттаму побарале помош од зетскиот крал Михаил, кој бил во роднински врски со Самоил. Михаил бил син на зетскиот кнез Стефан Воислав, син на Самоиловата ќерка Косара, која, како што е познато, се омажила за кнезот на Зета, Јован Владимир. Значи, кралот Михаил бил правнук на Самоил, па оттука и обраќањето на востаниците до него. Тие, фактички, го ценеле неговото царско потекло. Сметале на неговата помош и од друга причина: тој ветил дека ќе ја поддржи нивната желба да го обноват Самоиловото царство. Не се излажале: зетскиот владетел подготвил 300 души заедно со својот син Константин Бодин, и ги испратил во Призрен. Бодин во овој град бил прогласен за цар, при што го сменил името Константин во Петар, во чест на Петар Делјан.
Во својата "Историја" Никифор Вриениј, како сведок на она што се случувало тогаш во Македонија, запишал: "Императорот Михаил (Михаил Седми Дука - з.н.) тогаш се бореше со големи грижи, зашто Скитите (поточно: Печенезите - з.н.) вршеа изненадни напади на Тракија и Македонија, а Словените го отфрлија ромејското ропство и ја пустеа и пленеа земјата на Бугарите. Беа заземени Скопје и Ниш..." Како што се гледа и од хрониката на Вриениј, во почетокот востанието имало вонреден успех: покрај Скопје и Ниш, еден дел од востаниците, предводени од Петрило, го зазеле и Охрид и тргнале кон Костур, каде што биле разбиени. Тоа ги поттикнало Византијците да минат во контраофанзива. Огромна војска, под водство на Михаил Саронит, тргнала кон Скопје. Уплашен, Ѓорги Војтех им го предал градот без борба. Царот Бодин, кој во меѓувреме го зазел Ниш, тргнал назад, кон Скопје. Востаниците и војниците на Саронит се сретнале во решавачка битка кај денешен Паун на Косово Поле. Бодин доживеал пораз. Тој и Ѓорѓи Војтех биле фатени и испратени за Цариград. По пат Војтех умрел, а Бодин, по повеќемесечно ропство, бил откупен и се вратил во Зета. На двапати Византија испраќала војски во Македонија да го докрајчат востанието, при што тие сееле пустош околу себе. Меѓу другото, опустошиле многу градови, а ги уништиле и царските палати изградени во Преспа уште за времето на цар Самоил. Во последното пустошење на Македонија учествувал, како војсководител, и веќе споменатиот Никифор Вриени, кој, кон крајот на 1073 година, го "скротил народот на Словените" и одново го ставил под византиска власт.
Меѓутоа, Константин Бодин нема да мирува. Како што пишува во едно писмо Теофилакт Охридски: "Во Охрид работите се многу страшни. Пределот на Мокра (дел од Охридската тема - з.н.) е заграбен од робот и отстапникот (станува збор за К. Бодин - з.н.), а Багора (македонска планина - з.н.) ја завладеа бунтовникот. Со еден збор, се е лошо".
Пустошења, страдања, глад, помории, ја погодуваа македонската земја, бран по бран, едноподруго. И нови освојувања, востанија и буни, исто така. Јован Звонара во својата "Хроника" ќе забележи дека во 1064 година "Узите (турска група племиња - з.н.), преминувајќи го Дунав, ја преполовиле сета земја покрај реката. Имало, како што велат, 60.000 души, такви што можеле да носат оружје. Оттука упаднале во Македонија, ја заплениле и стигнале до Елада". Рудолф Кадонис во делото "Ерусалимската експедиција" (1083-1085) ќе рече дека "...гласникот... го вознемири императорот Алексиј: Босмунд Вискард (син на норманскиот крал - з.н.) го преминал Јадран и ја зазел Македонија".
А византискиот писател Ефрем ќе лелека: "Леле, леле, заземен е оној град Солун, велам, метрополата на Македонците".
Во 1096 година учесниците во Првиот крстоносен поход кон Ерусалим ќе минат низ Македонија. "Крстоносците, најпосле, ќе напише монахот Роберт, влегоа во една област (областа на Драч - з.н.), многу богата со секакви блага, па поминувајќи од село во село, од тврдина до тврдина, од град во град, дојдоа до Касторија (Костур - з.н.) и таму торжествено го прославија Господовото раѓање, па повеќе дни се одмораа. Но, кога од жителите побараа пазар за продавање, не можеа да го постигнат тоа, зашто сите им бегаа од пред очи, мислејќи дека нашите се дојдени за грабеж и пустошење на целата земја. Затоа нашите, поради недостиг на храна, беа принудени да ограбуваат, да пленат овци, свињи и се што можеше да се употреби за храна...
Излегоа од Касторија и дојдоа во Пелагонија, во која се наоѓаше некаква тврдина од еретици, па од секаде ја нападнаа... Додека трештеа трубите и летаа копја и стрели веднаш ја ограбија и сите нејзини богатства ги изгореа, заедно со самите жители...".
Да, станува збор за повторен процут на богомилството во Македонија за време на династијата на Комнени (1081-1185). Очигледно: уништената тврдина во Пелагонија била богомилска а жртвуваните жители - богомили.
И Теофилахт Охридски, само десетина години по овој настан, ќе му напише на Јован Комнен, син на постариот брат на императорот: "Некој си од монасите и свештениците (станува збор за богомилскиот водач попот Василиј -з.н.), кој за моја несреќа го презре Бога и се оддаде на бесрамност, отфрлајќи го човечкиот срам, па зеде лик на блудница, го отфрли светиот лик и стана месојадец наместо посник, развратник наместо воздржан... Затоа, нареди таа заразна и општа болест да се истера од овие места. Ако пак јас го фатам, тој ќе умре во кулата како општествено и државно зло".
Богомилското и павликијанското движење особено се засилиле по смртта на Алексиј Први Комнен (1118), за време на неговите наследници. Очигледно, ликвидирањето на попот Василиј и неговите истомисленици во 1111 година во Цариград, не влијаело на ширењето на богомилството. Во животописот на епископот Иларион Мегленски стои дека и самиот император Мануил Први Комнен (1143-1180) "за малку" ќе се подал на влијанието на овој ерес. И Иларион, како, впрочем, и Теофилакт Охридски, добиле вонредни овластувања од Цариград за акциите што треба да ги преземат за ликвидирање на богомилското учење. Колку движењето на богомилите се проширило и се зацврстило на македонскиот простор зборува и податокот дека во 1140, 1143 и 1156/57 година во византиската престолнина биле свикувани црковни собири, исклучително посветени на прашањата: како да се уништи богомилството!
Кон крајот на 12. век богомилството ја опфатило цела Македонија. Тоа не било тешко, зашто, во основа, богомилството било антифеудално движење. Неговото учење проповеда демократизам во сиромаштијата, скромен и едноставен живот, непослушност кон власта. А сето тоа било блиску до основните егзистенцијални норми на Македонецот. Затоа тој така широкоградо и го прифатил овој нов ерес.
На крајот на 12. век и на почетокот на 13. век, Византија попаднала во економска, социјална и политичка криза. Под притисок на Норманите, во поголем дел од Македонија се распаднала византиската управа. Биле разнишани и византиските придобивки во северозападниот дел на Балканот. Новонараснатите феудални сили во Србија и Бугарија се утврдиле како нов, сериозен политички фактор. Тоа влијаело и на ситуацијата во Македонија: феудалците од словенско потекло почнале да ги зголемуваат своите имоти, своето богатство, па и своите политички права. Еден од оние што раскинале со византискиот двор бил и Добромир Хрс, кој во тоа време располагал со 500 вооружени луѓе и бил управник на Струмица. По Струмица, откако се кренал против Цариград, тој го освоил градот Просек, кој лежел на влезот на Вардар во Демиркаписката Клисура. Тоа се случило во 1185 година.
Хрс во Просек го преместил и седиштето на својата територија, која во текот на наредните години ја проширил до Прилеп и на дел од Пелагонија, како и во некои делови на Тесалија.Во 1201 година византиската војска ги вратила Струмица, Прилеп и Пелагонија, а потоа тргнала на Просек. Во исто време и бугарските воени сили биле ставени во акција. Тие во 1203 година, една година по паѓањето на Просек повторно под византиска власт, влегле во градот, освојувајќи го и на тој начин уништувајќи ја самостојноста на Хрс.
Во 1204 година крстоносците го нападнале Цариград. Неговите вооружени сили не можеле да им се спротивстават ниту ним, ниту на поморските сили на Венеција. Византиската држава се распаднала. Крстоносците еден дел од Македонија вклучиле во штотуку формираното Солунско царство. Во некои македонски градови сместиле воени единици составени од западноевропски рицари. Некои македонски градови, како Скопје, Охрид и Бер, во меѓувреме, потпаднале под бугарска власт.
По смртта на бугарскиот цар Калојан, во Македонија својата власт ја зацврстил кнезот Стрез, кој, иако потекнувал од бугарска царска лоза, помогнат од Србите, го проширил владеењето по долината на Вардар до Солун, а на запад до Охрид. По неговата смрт, во 1214 година, Македонија потпаднала, заедно со Скопје и Охрид, под епирска власт. Десет години подоцна Епирците го зазеле Солун. По нивниот пораз од Бугарите кај Клокотница во 1230 година, Македонија, Тракија и дел од Албанија биле вклучени во границите на Бугарското царство. Наместо Грци, сега по епархиите, како и во администрацијата, дошле Бугари. Охридската архиепископија, која и по хиерархискиот состав и по функција била грчка, сега уште повеќе изгубила од своето значење. Во 1241 година, Македонија потпаднала под никејска власт. Пет години подоцна Никејците го зазеле и Солун. Во 1261 година било обновено Византиското царство. Завршил еден период од 50 години од историјата на македонскиот народ, исполнет со многу политички промени и со лесно менување на господарите. Византија владеела спокојно во Македонија само во наредните 20 години. Во 1282 година кралот Милутин, со својата феудална војска, навлегол во Македонија. Стефан Душан во 1345 година, заземајќи го Сер, ја освоил Македонија. Меѓутоа, Солун останал византиска енклава.
Дефинитивното распаѓање на Византиското царство го означи крајот на византиското владеење со Македонија. Тоа, владеењето, со разни прекини, се протегна нешто повеќе од 4,5 века. Кога Словените се населија на Балканот, Византија беше високо цивилизирана империја, значаен фактор во формирањето и разрешувањето на европските политички и духовни збиднувања. Словените, вклучително и Македонските Словени, за европската велесила, за Византија, беа варвари. Па, сепак, не може да се рече дека таа само давала, а Словените само примале. Користењето, секојдневното користење, на физичката сила на македонскиот селанец, неговото вклучување во византиската воена сила, поначесто во нејзиниот елитен дел, е онаа активна творечка улога што како свој забележителен прилог го вложувале Македонските Словени во византиското секојдневие. Освен тоа, "свежата творечка сила на македонскиот словенски народ органски се пробивала во сите сфери на државниот и културниот живот на Византија".
И не само тоа. Кога Словените го освојуваа Балканот, византиската уметност почнуваше да го доживува својот процут. Веќе тогаш во неа беа создадени дела кои го потврдуваа тоа. На пример, Света Софија и Света Ирина во Цариград, Свети Аполинари Нови во Равена, базиликата во Пореч и други. Она што Словените го имаа тогаш, тоа претставува "понизок уметнички степен на развиток". Во средновековна Македонија историјата на уметноста претставува историја на црковната уметност (архитектура, животопис, декоративна пластика). Македонската уметност, како самостојна и оригинална, почнува да се развива со доаѓањето на Климент Охридски во Македонија. Со подигањето на неговиот манастир во Охрид (893), како што ќе рече Димче Коцо , Македонските Словени добиле "не само прв голем и од епохално значење религиозно-просветен центар, туку и услови за пресврт во обликувањето на своите естетски чувства, зашто со овој манастир тие ги прифатиле и продолжиле уметничките форми што се создавале и се развивале на територијата на Македонија пред нивното доаѓање". Додека архитектурата во Македонија има провинциски карактер, животописот е на нивото на она што е врв во Византија. Фреските од 9. и 10. век во Света Софија во Охрид, фреските од Велјуса и Водоча, го потврдуваат тоа.
Српскиот владетел Стефан Душан ја претворил Србија во балканска велесила. Тој, освојувајќи голем дел од западните провинции на византиската империја,с во 1345 година се прогласил за цар на Србите и Грците. Српската архиепископија била подигната во ранг на патријаршија. Некои значајни настани од феудална Србија се врзани и за Македонија. Еден од нив е, на пример, крунисувањето на Душан за цар на 16 април 1346 година во Скопје во присуство, меѓу другите, и на охридскиот архиепископ. Три години потоа, Душан, исто така, во Скопје, го донел и Законикот, кој нешто подоцна бил дополнет во Сер.
Она што обично се случува со големите држави по смртта на силниот владетел, се случи и со Србија: по смртта на цар Душан во 1355 година, авторитетот на централната власт брзо опаднал, а наместо него се проширила непослушноста на крупните феудалци и нивната желба за самостојност. Српското царство се распаднало на ситни делови, од кои најголемиот дел се наоѓале на територијата на Македонија: Елена, жената на Душан, управувала со Сер и околните области: Кесарот Војихна владеел со Драма; со Бер и Воден управувал Хлапен, тестот на Марко; деспот бил господар на територијата по средниот тек на Брегалница со Злетово; браќата Константин и Јован Драгаш ја држеле територијата од Жеглигово до Беласица и Мелник; Гргур владеел со Охридско; Волкашин Мрњавчевиќ бил жупан во Прилепско (во 1365 година се прогласил за крал) и неговата територијата се протегала преку Скопје до Призрен, а брат му Углеша, околу шест години владеел со Струма. Се почестите напади на помали турски единици го принудиле Углеша потесно да се поврзе со Византија, која, по обновувањето, повторно почнала да покажува знаци на слабост. Турците - Османлии навлегувале на нејзината територија без поголем отпор: во 1354 година тие го зазеле Галипол, а осум години потоа и Едрене. Во овој град била сместена централната турска власт - патот на Турците за завладување на Балканот бил отворен.
На 26 септември (стар стил) 1371 година, кај местото Черномен, на реката Марица, се сретнала турската воена сила со здружените војски на Волкашин и Углеша. Српската војска била тешко поразена. Двајцата браќа останале мртви на бојното поле, а патот на напредување на Турците на Балканскиот Полуостров - слободен. По поразот на браќата Мрњавчевиќ, Манојло Палеолог ја зазел серската област со Халкидик. Синот на Волкашин, Марко, ја признал турската власт и станал турски вазал. Македонија била оставена на милост и немилост на новиот освојувач. Тој, во прво време, се задоволувал со грабежи и водење на населението во ропство. Потоа, постапно одземал од неа парче по парче: во 1383 година Османлиите го освоиле Сер, четири години подоцна Штип, Велес, Прилеп и Битола. Во Солун Турците влегле во 1387 година, а пет години подоцна, во 1392 година, тие завладеале и со Скопје. Во 1395 година во битката кај Ровин загинал, како турски вазал, и Марко Крале, борејќи се на страната на Турците против Власите. Кон крајот на 14. век веќе цела Македонија била турска територија. Започнуваше петвековното турскоосманлиско владеење со неа.
Извор: Македонско братство

No comments:
Post a Comment