Тодор Швракиќ (Todor Švrakić), роден во 1882 во Приедор (Prijedor)[1], е босанскохерцеговачки сликар и еден од најдобрите балкански акварелисти на почетокот од XX век. Швракиќ кој што спаѓа меѓу првите академски сликари и пионери на
модерното босанскохерцеговачко сликарство, своето ликовно образование го стекнува прво во Белград, а подоцна и на академијата во Прага.
Тој заедно со Перо Поповиќ и Бранко Радуловиќ, во 1907 година во Сараево ја
организираат првата ликовна изложба во историјата на босанскохерцеговачкото
сликарство, а својата втора изложба по три години Швракиќ ја приредува во родниот град. По повод стогодишнината од овој настан, во 2010 година во Приедор е одржана изложбата „Тодор Швракиќ - сто години подоцна“.[2]
Во овој напис ви претставуваме едно негово дело со мотив од Македонија. Се работи за акварел од овој познат босанскохерцеговачки уметник на којшто е прикажан скопскиот Куршумли Ан.
А.С.
[1] „Bosansko Hercegovački umjetnici - Todor Švrakić (1882-1931)“, klub-enns.at[2] „Todor Švrakić – stotinu godina poslije“, gradprijedor.com, 21 јуни 2010
No comments:
Post a Comment