May 9, 2013

Македонија во делата на Вилијам Томас Вуд

Познат првенствено како сликар на пејсажи и цвеќе, Вилијам Томас Вуд е роден во Ипсвич, Сафолк во 1877 г. Своето формално уметничко образование го добива во Политехничкото училиште во Риџент Стрит како и во Италија.

Во 1900 г., на 23-годишна возраст, живеел во Патни и го изложил своето прво дело во Кралската Академија под наслов „Летна Жештина”. Од 1900 до 1947 г. изложил повеќе од 55 дела во Кралската Академија вклучувајќи ги „Февруарски цвеќиња” (1925), „Замокот Корфе” (1930), „Снежни Сенки” (1930), „Цвеќиња во градина” (1933) и „Утринско светло” (1947). Во 1918 г. Вуд бил назначен за официјален британски воен уметник за Балканот.

Поголемиот дел од животот Вуд го поминал во Лондон, каде што често изложувал. Неговите дела биле мошне познати за време на неговиот живот и тој имал повеќе самостојни изложби во галериите во Лестер а добил и девет официјални јавни откупувања. Бил избран за соработник на Кралското Друштво за уметност со Водени Бои (К.Д.В.Б.) во 1913, а станал негов полноправен член во 1918 г. Во најголема мера заради неговото воено искуство А.Џ. Ман го најмил Вуд во 1920 г. да го илустрира Солунскиот Фронт. Вуд служел како заменик претседател на К.Д.В.Б. од 1923 до 1926 г., и станал член на Кралскиот Институт за Сликари со Маслени Бои во 1927 г.

Починал на 2 јуни 1958 г. Делата на Вилијам Т. Вуд може да се видат во Викторија и Алберт Музејот, како и во музеите во Хал, Лидс, Манчестер и Перт.

The Great Fire: Salonica
Dojran
Painting from “The Salinika front” 1920.
Salonika Front
Salonika Front
Благојче Андонов [објавено во Македонска Ризница, бр. 10]

No comments: