Драмата на Егејците (13)
Комунистите помогнаа да го истребат македонскиот народ
Виктор Цветаноски (Утрински Весник)
Александар Поповски од Долно Котур во Граѓанската војна во Грција се вклучил со сиот младешки жар, зашто верувал дека така Македонците ќе се изборат за своите права. „Уште како дете бев воспитан од мојот дедо да ја сакам Македонија. Тој имаше четворица браќа и сите беа комити, а еден војвода”, вели Поповски, кој во партизани заминал на 17 години. Беше во составот на младинска елитна чета и учествуваше во сите поголеми битки.
„Грчките власти го уапсија татко ми во 1946 година и сакаа да го стрелаат. Избега од затвор и пребегна преку граница во Југославија. Поради тоа се нафрлија врз мене и мајка ми. Ме уапсија, ме врзаа и три дена ме мачеа за да им кажам дали имал скриено пушки. Ми се закануваа дека ќе ме стрелаат или ќе ме фрлат низ прзорец, а имав само 14 години. Во 1947 година најпрво им бев курир на партизаните, а од март 1948 година се борев со пушка в рака“, додава тој.
Учествувал и во епопејската битка на Грамос, која започнала на 17 јуни, а завршила на 21 август. „Тука, многу крв се пролеа. Имаше случаи едно исто ритче да го заземаме по пет пати. Од триесетина души на младинската чета останавме само четворица. Сите бевме Македончиња, само офицерите беа Грци. Тоа беше елитна младинска единица, која на 21 август, кога бевме заобиколени од сите страни на Грамос, го изврши пробивот преку едно ритче. Така ДАГ се повлече на планината Вич по 74-дневна борба”, раскажува тој.
На 24 септември младиот Александар бил тешко ранет. Последиците ги чувствува и денес, не слуша добро и со едното око не гледа. По лекувањето во Албанија, се вратил повторно назад и се борел во четата на Ѓорѓи Пејков, легендарен македонски борец, кој не можел да добие повисок чин од капетан затоа што бил Македонец. „Ние- Македонците имавме само ниски чинови, а високите командни места ги држеа Грците. Иако се боревме заедно со нив, тие кон нас имаа потценувачки однос. За да не' навредат често ни се обраќаа: ’Еј, вие Вулгари‘, што имаше погрдно значење.
Поповски раскажува за битката за Лерин во која доживеале голема катастрофа, бидејќи некој ги предал. Непосредно пред нападот сите позиции во градот ги зазела грчката армија, така што дале околу 700 жртви. „Ние бевме 5.000, а во заседа не' пречекаа 20.000 грчки војници. Се сеќавам тој ден беше мојот 17 роденден. Ние-Македонците покажавме големи херојства. Се боревме со душа и со срце. Тогаш беше фрлена парола од генералниот секретар на КПГ, Нико Захаријадис: „На Македонците не само што ќе им дадеме автономија туку и право на самоопределување”. Сега сфаќам дека со тоа сакаа македонскиот народ да го истребат. Таа парола не' запали, сите јуришавме на непријателските позиции и гиневме”, се сеќава Поповски.
Тој ни ја раскажува и случката како бил прогласен за мртов. За него често пишувале весниците на левицата, а некои луѓе кои биле во грчката армија по секоја цена сакале да го фатат. Не можејќи да му се одмаздат, ја уапсиле мајка му и ја осудиле на 17 години затвор. Меѓутоа, по една борба во рацете на грчката војска паднала нивната документација. Негов втор братучед, кој се борел на спротивната страна, бил убеден дека Александар е убиен и со документите отишол во затворот за да ги убеди во тоа. И така мајка му била ослободена. „И таа поверувала дека сум мртов. Шест месеци давала задушница за мене. Кога се вратив од Русија по девет години не веруваше дека пред неа стои нејзиниот син. Не ме позна ни татко ми. Тогаш таа му рече дека и' пратиле некое друго дете”, раскажува Поповски.
Тој е уверен дека грчките комунисти спрема Македонците и македонската борба не биле искрени. „Додека се боревме, а и подоцна јас им верував. Но, во 1988 година кога генералниот секретар на КПГ, Флоракис, во Солун јавно изјави дека за нив македонско прашање не постои и дека тој што ќе го постави тоа прашање е непријател на грчкиот народ, дефинитивно сфатив дека ние сме биле жртвувани за други цели”.
А Александар Поповски неколку години во Ташкент со пушка в рака ги чувал првите луѓе на КПГ и генералите што се повлекле по поразот. „Таму сите бевме вооружени. Нивната парола беше: „Со пушка на готовс кога ќе не' повика татковината повторно да се бориме”, раскажува Поповски, кој во Ташкент останал 9 години, каде што се школувал во тамошната воена академија.
„Моето семејство беше растурено во четири држави. Мајка ми со едната сестра остана во Грција. Другата по војната ја зеде стрико ми во Австралија. Тогаш Грците на сите Македонци што сакаа да се иселат им даваа документи под услов да се потпишат дека нема да се врат. Татко ми со најмалата сестра беше во Лесковац. Подоцна мајка ми и татко ми се пронајдоа и во 1954 година дојдоа во Македонија и се населија во Бистрица. Едната сестра живее во Белград. Подоцна и помалата сестра замина во Австралија. Јас по 40 години, во 1988 година, се сретнав со најстарата Катерина. Ме покани на свадба. Таа средба колку што беше радосна, толку беше тажна. Тогаш стиснав срце, не заплакав, но кога дома ја гледав лентата од средбата, плачев како дете“, со нескриени емоции се сеќава Поповски, кој долги години беше на чело на Здружението на Егејците во Битола и ги организираше познатите средби во Трново.
И Василка, неговата сопруга, била партизанка и верувала во борбата што ја воделе. Тешко и' е да зборува за тие години, зашто при секој разговор вели како да фрла сол врз отворена рана. „Бев партизанка на 16 години, два пати ме ранија. Јас сум од Граче, Костурско. И татко ми, и брат ми, и чичко ми беа партизани. Бевме две сестра и тројца браќа. Двајцата помали браќа и сестра ми ги одведоа преку граница заедно со сите деца. Дома останавме само јас и мајка ми. Подоцна не' префрлија во Албанија во еден логор. Тогаш дојдоа комунистите и ни предложија да одиме во партизани. Сите што имавме 16 години се пријавивме доброволно. Јас немав ни толку, но се пријавив. Мајка ми ме запираше, но не ја послушав. Сите учествувавме во борбите на Грамос. Херојски се боревме со денови, ни јадени ни пиени, но издржувавме се' зашто верувавме во победата“, раскажува Василка, која двапати била ранета и лекувана во Албанија.
По последното ранување во болницата во Елбасан ја испратиле да се школува во СССР. „Така и се случи, на 15 октомври 1949 година со товарни бродови илегално заминавме за Советскиот Сојуз. Ни бевме сместени на долните катови, а горе имаше натоварено пченица и пченка. Тоа беше многу мачно патување. Во Црно Море фати големо невреме, многумина се разболеа од морска болест. Во Батуми не' пречекаа со казани со храна. Тогаш се избањавме и пресоблековме. Не' однесоа и во кино“, се сеќава Василка.
Откако се одмориле, ги качиле на воз и низ неколку пустини ги однеле во Средна Азија. Оттаму преку Касписко Море стасале на последната станица, Бековац, во Узбекистан. „Продолживме да живееме војнички. Јас не знаев каде се моите најблиски, ниту пак тие знаеја за мене. Единствено знаев дека татко ми е во Југославија. Дури во 1953 година го добив неговото прво писмо. Подоцна преку Црвен крст разбрав дека двајцата браќа и сестра ми се во дом во Чехословачка, а мајка ми и стрина ми во Унгарија. Најстариот брат Ѓорѓи, кого го видов само еднаш, загинал. Гробот не му го знаеме. Со години не бевме сигурни дека е мртов, зашто никој не ни даде некаков документ за неговата смрт. Долго време се надевавме дека е жив. Растурени по светот, се собравме по 10 години во Македонија“, раскажува Василка.
Ја прашуваме дали со Александар се засакале додека биле партизани. „Не, вели, тогаш бевме деца“. Нивната љубов се родила во Бековац. Не се согласувала да се омажи, зашто сакала да учи. Се запишала на Музичка академија, ама Александар бил упорен. Таму им се родила и ќерката, ја крстиле Мирка, по името на народната херојка Мирка Гинова.
(Продолжува)

No comments:
Post a Comment