April 23, 2013

Кратки биографски податоци за Јане Сандански

1. КРАТКИ БИОГРАФСКИ ПОДАТОЦИ ЗА ЈАНЕ САНДАНСКИ*

ПИРИНСКИОТ ЦАР, така го викаа Македонците и Бугарите револуционерот Јане Сандански, кој најдоследно по смртта на Делчев, во текот на триесет години се бореше со оружје в рака за ослободувањето на Македонија и за федерација и мир на балканските народи. Уште од малечок, тој пројавуваше стремеж кон познавања. Со занес слушаше да му раскажуваат за Кресненското и Разлошкото востание, кога неговите родители избегале и го напуштиле своето родно село Влахи,[61] поради страв од турскиот аскер, кој колел и ограбувал. Многу го интересирале подвизите на арамиите што се наоѓале низ македонските планини. Тој мечтаел за нивниот ајдучки живот и сакал да влезе во составот на некоја ајдучка чета, да влезе во борба со турскиот аскер, за да се одмазди поради тоа што ги набркале од дома неговите родители.

Откако завршува основно училиште, во 1892 година Јане се пријавува војник во 13. пешачхи полк во градот Ќустендил. Кога ја завршува воената служба, во 1894 година, како што самиот раскажува во своите спомени, се враќа во гр. Дупница, кај своето семејство, и заработува како помошник-молбописец кај вујко си Спас Харизанов, а по извесно стажирање станува самостоен молбописец.

Но во текот на целата своја воена служба, и како војник и како молбописец, тој не си го губи времето напразно, туку го користи во читање книги, какви што ќе му се најдат под рака. [<стр. 259]

Во 1895 година, по границата меѓу Бугарија и Турција. на бугарска територија, се дига едно четничко движење, чиишто војводи се сè стари ветерани-ајдуци. На Јане му се вдаде да стане четник во една од четите на тие ветерани, за да се бие со турските поробувачи на неговата татковина. Тоа движење беше организирано по наредба од бугарскиот дворец, за напад внатре во Македонкја. И до тој напад дојде. Тој беше диверзиски, со цел да се бламира султанот пред надворешкиот свет во еден момент кога тој најмногу имаше потреба од внатрешно спокојство.

Со тоа движење и со извршениот напад, Фердинанд[62] имаше цел да да ја отфрли процедурата — султанот да му го потврдува кнезувањето за секој период од три години. во согласност со статутот од решенијата на Берлинскиот конгрес. Фердинанд бараше начин да се ослободи од таа проклета процедура, која ја накрнуваше неговата дворска честољубивост, а исто така да извлече од султанот економски и политички привилегии за водената од него бугарска буржоазија.

Во тоа време бугарскиот дворец знаеше за постоењето на Тајната Внатрешна македонска револуционерна организација. Но таа беше внатрешна, македонска и дворецот не можеше да се послужи со неа за своите дворечки и буржоаски бугарски цели. Затоа се послужи со македонската емиграција што се наоѓаше во пределите на Бугарија и, во лицето на Трајко Китанчев [63], ја најде првата искупувачка жртва. Трајко Китанчев, верувајќи дека се работи за ослободување на Македонија, ја прими задачата наложена од Фердинанд и организира четири борбени дружини составени од Македонци, кои, на чело на војводи-арамии, во пролетта 1895 година ја преминаа границата и влегоа во Турција, на македонска земја. Четата водена од Стојо војвода, во која беше се придружил Јане Сандански, го нападна с. Доспат и го изгоре. Таа чета го нападна и градот Мелник, ја запали и околиската управа и се врати во Бугарија. Во 1897 година, Сандански одново поминува во Македонија со четата на некојси Крсто Захариев. Меѓутоа, [<стр. 260] во една средба со аскер, при с. Лопово, се заврза борба и таму Сандански беше ранет во левата рака, по што се врати во Дупница каде што се задржа на лекување.[64] Тоа беше првото бојно крштевање на Сандански, првото негово искушение во борбата за отстојување пред четничките и револуционерни стремежи. Оттука почнува да расте и неговата слава. Во целиот град се зборува за него. По своето оздравување, тој се впушти во граѓаноките борби во Бугарија. Но тоа беа борби од партиски и локалеи карактер, кои не го задоволија, не распламтуваа во него оган присушт за неговиот карактер и природа. Попусто Сандански бараше во тие внатрешни бугарски борби некаков општонародносен идеал кон кој да го тегне срцето. И поради тоа се почувствува туѓ за тие внатрешни бугарски борби. Сандански беше Македонец, уште од рано се чувствуваше таков. Го привлекуваше борбата за ослободување на Македонија. Меѓутоа, не веруваше во политиката на бугарските влади, се одвраќаше од бугарската круна, која се служеше со Македонците како свои династички цели. Сандански сакаше да се бори за конкретни работи, кои би му биле јасно определени. Тој слушаше како се зборува многу за македонското дело, и самиот тој сметаше дека беше војувал и беше ранет за тоа дело. Но тој гледаше дека не се определени ниту борбата ниту целите на тоа дело. Во своите спомени, Јане сам ќе изјави: „Откако се вратив на работа кај вујко ми во Дупница, оттогаш повеќе се заинтересирав да внимавам за делото, но беше тешко, не сфаќав ништо определено. Допрва, во 1896 година, разбрав дека внатре, во Македонија, има револуционерна организација".[65]

Очигледно, до 1890 година, Јане не е уште оформен со идејно-политички мироглед за претстојната борба во Македонија, тој воопшто нема уште зацврстен политички мироглед. Но на помош му доаѓа една важна околност и тој веќе почнува трезно да ги гледа работите. Следната година група интелектуалци организираат просветно друштво „Младост“ во гр. Дупница. Во тоа друштво Јане станува библиотекар, а наредната година и негов претседател. [<стр. 261]

Друштвото има цел да војува за саморазвивање на младината и граѓаните. Тука се изнесуваат научни предавања од револуционерна, економска и политичка природа. Тука, во тоа читалиште, членува и Димо Хаџи Димов, кој со своите реферати за македонското прашање се истакнува како македонски идеолог. Друштвото е речиси македонизирано, завладеани се душите на дупничкото граѓанство, кое е готово на сите жртви во корист на македонската револуционерна организација. Тоа се должи на големото морално и политичко влијание на самата организација над тоа дупничко граѓанство. Во гр. Дупница често отседнувашо Делчев — водачот на новооснованата Внатрешна македонска револуционерна организација. Дупница беше важен пункт за Организацијата. Тука играше важна улога пунктовиот началник на Организацијата, Никола Малешевски. Не помала беше и улогата на Димо Хаџи Димов во тоа време. Тука дојде до запознавање на Сандански со Делчев. На Делчев му беа потребни такви луѓе како Сандански, кои можат да носат рани и да не губат дух. Делчев откри во Јане иден голем македонски револуционер. По средбата на Јане со Делчев, беше задоволено и неговото љубопитсгво. Од Делчев Јане научи не само дека внатре во Македонија има тајна, внатрешна македонска револуционерна организација, туку и тоа како таа работи, какви се нејзините методи на дејствување, нејзините задачи и цели. Делчев подробно ќе му раскаже на Сандански за состојбата на организацијата и што е потребно таа да се заздрави внатрешно и да застане на своја, независна нога. Во Дупница Делчев задругарува со Јане. Тоа беше задоволување и на Јаневиот необуздан стремеж, на неговиот природен нагон да се оддаде искрено на борбата за ослободување на Македонија, за која се раскажуваа толку многу чудни работи. Од Делчев Јане се ориентира како треба да се работи правилно. „Ние организираме револуција, а не бунт заради ефект, му зборуваше Делчев на Јане. Нам ни требаат луѓе да ја понесат тежината на сите испитувања на нашата борба, која ќе биде долготрајна и тешка. Ние треба да подготвиме кадар за нејзиното спроведување“.[66]

За да биде успешно спроведена една револуција, треба да биде добро проагитирана и организирана. И Делчев се раководеше од таа права мисла и затоа тој беше се [<стр. 262] зафатил и организирал просветни друштва, како тоа во Дупница и др. По идеја дадена од Делчев, беа организирани друштва истовремено во Бугарија и Србија. Раководител на друштвата во Србија беше Гока Герџиков, поручник од српската кралска армија. Но тие друштва таму, во Србија, не останаа за долго. Српската власт се покажа повеќе претпазлива и го пронајде и прогони иницијаторот Герџиков а друштвата беа своевремено растурени. Сандански ни раскажува во своите „Спомени“ дека такви друштва, организирани од него или по негова идеја, дејствувале во Софија, Ќустендил, Самоков, Дупница и др.[67] И тие друштва ги потковуваа идејно македонските младинци, кои заминуваа како апостоли и со оружје в рака, како борци, меѓу народот внатре во Македонија.

Ете, во такво друштво идејно се поткова и Јане Сандански одделно од лекциите што ги прими тој од Гоце Делчев.


* Овој свој ракопис Динев почнал да го подготвува уште додека бил во Бугарија во 1947, а го довршил во Скопје, во крајот на 1948 година.
61 Јане Сандански е роден на 18. V 1872 г., во с. Влахи, Светиврачко, денес Сандански, Пиринска Македонија.
62 Бугарски цар од 1887 до 1918 г.
63 Претседател на Македонскиот комитет во Софија, орган што имал задача да ги раководи македонските друштва во Бугарија.
64 Според Спомените на Јане Сандански, Скопје, 1951, стр. 13—14.
65 Цит. спомени, стр. 14.
66 Пейо Яворов, Гоце Делчев, София, 1917, стр. 25.
67 Цит. Спомени на Јане Сандански, стр. 17.

No comments: