Познатиот византиски историчар Никита Хонијат спаѓа во редот на сестрано
образованите луѓе во своето време, од периодот на втората половина на
12-ти век и првите децении на 13-ти век. Се родил околу средината на
12-ти век, во местото Хон, во областа Фригија, а умрел во Никеја меѓу
првата и втората деценија од тринаесеттиот век. Своето образование го
стекнал во Цариград, а напишал историја во која опфатил периодот од
владеењето на династијата Комнини и Ангели од 1118-та до 1204-та година.
Неговото сфаќање на името Македонија и Македонци е двојно. Под поимот
Македонија тој вообичаено ја подразбира областа околу Андријанополис, но
не и околу Филипополис, што претставува избледето сфаќање за
некогашната византиска тема Македонија во Тракија, која во негово време
повеќе не постоеле туку била само спомен на некое минато време. Во
своето дело тој на неколку места ги користи термините Тракијци,
Македонци и Тесалци, а притоа ги подразбира жителите на истоимените
историско-географски области во почетокот на 13-ти век.
Опишувајќи ја битката кај Димитрица од 7 ноември 1185-та година помеѓу норманската и византиската војска, Зонара за заробениот нормански војсководач Балдиун ќе запише дека „бил многу горд од претходните победи над Ромеите и се споредувал со Александар Македонски и сметал дека извршил поголеми дела од него за кусо време, без да пролее крв“.
Византискиот историчар Јован Киним, роден околу 1143-та а живеел до 1230-та година, потекнува од видно семејство и се стекнал со солидно образование во византиската престолнина. Овој историчар бил доверлив пријател на византискиот цар Манојло Први Комнин. За походот против Србите во 1162-та година, Кинам подвлекува дека „царот тргна на македонската земја, во градот Филип, (мисли на градот Филипи во Македонија), за да ги среди состојбите во Србија“.
Ова е единственото спомнување на Македонија до страна на Јован Кинам, па според тоа тешко е со поголема сигурност да се согледа неговото сфаќање на овој историско-географски поим. Повеќето византски автори од 12-ти и првите децении на 13-ти век, како и во наредните векови, поимот Македонија сè поретко го подразбираат како некогашната византиска тема Македонија во западна Тракија а сè почесто под тој поим ја имале предвид Македонија во нејзините античко историско-географско значење.
Така, византискиот историчар и дипломат од 13-ти век, Георги Акрополит, кој студирал во Никеја а подоцна извршувал доверливи дипломатски должности на дворот на никејскиот цар Јован Трети Ватац, има напишано историско дело кое почнува од 1203-та а завршува со 1261-та годфина, а неговото сфаќање за поимот Македонија и исто така многу интересно. За него Македонија е машави на византиската воено-административна единица со истото име проширена со областите околу Филипополис, која во негово време не постоела, но истовремено го означувала и источниот дел на Македонија во нејзиното историско-географско значење.
Само во еден случај Ватац Македонија ја подразбира во нејзиното проширено историско-географско значење, кога како македонски ги означува областите помеѓу градовите Серес и Скопје. Во редицата византиски автори, кои го користат името Македонија и Македонци за словенското население кое го населило овој историско-географски простор на Македонија, е и учениот византиец Ефраим, кој во 1313-та година напишал хроника која за навлегувањето на Норманите во 1185-та година ќе констатира дека го „зазеле градот Солун, метрополата на Македонците“. Значи, метропола на Македонците, а не Грците, а притоа станува збор за почетокот на 13-ти век, кога во Солун веќе живееле Македонските Словени“.
Меѓу византиските историчари кои го користат името Македонија и Македонци е и познатиот Никофор Григора, кој е роден кон крајот на 13-ти век, а живеел до 1360-та година.
Неговото разбирање на имињата Македонија и Македонци покажува дијаметрално спротивни гледишта од авторите од претходните векови и е карактеристично, не само за 14-ти век, туку и за следните векови. Имено, Григора го напушта старото сфаќање за Македонија како византиска воено-административна единица под името Бугарија, како анахронизам за своето време, а таков став има и за надживеаната и веќе непостоечка тема Македонија во западна Тракија.
Притоа настојува да најде објаснување зошто територијата на Македонија била нарекувана со името Бугарија. Практично тој Македонија ја подразбира во нејзините етничко-географски граници, а сосема во ретки случаи поимот Македонија го толкува во неговиот стеснет антички обем, како дел од византиската Солунска област, некогашната тема Тесалоники, која го зафаќала главно просторот помеѓу реките Струма и Вардар.

Солун во 13-ти век е метропола на Македонците!

Според Никифор Григора, кој бил ученик на Јован Глика и Теодор Метохит, но и со големи познавања од класичната историја, „Македонија се наоѓа на крајните граници на ромејското подрачје“ на Балканот, односно јужно од границите на Српското кралство во 14-от век, а градот „Солун е главен град, кој е прв во земјата на Македонците“. Имено, тој отворено ги именува Македонците како Македонци во средината на 14-ти век, што значи дека го признава континуитетот на македонскиот народ на просторот на Македонија.
Од друга страна факт е дека во своите дела Македонците никогаш не ги наведува како Бугари. За да нема забуни што всушност сфаќал под поимот Македонија, тој ги набројува македонските градови Солун, Девол, Берат, Дебар и Касандрија, но ги спомнува и македонските градови потчинети од Трибалите, односно Србите. Тоа се градовите Скопје, Велес, Штип, Прилеп, Битола и Струмица, што сосема јасно ја оцртува границата на Македонија.
Според моите истражувања, вели д-р Бошкоски, поимот Македонија кај Григора, во неговото историско-географско значење, се сретнува точно 26 пати. Интересно е исто така тоа што за Никофор Григора нема дилеми дека Бугарија не е Македонија, па на едно место подвлекува дека бугарскиот цар Калојан во 1205-та година лесно ги „преминал сите места до Солун и Македонија и ги претворил сите села, градови-тврдини во скитска пустина“. За освојувањето на Солун од страна на српскиот деспот Теодор Ангел во 1224-та година, Никофор Григора категорично подвлекува дека тој „најпосле го покорил и главниот град Солун, кој е прв во земјата на Македонците“.
Според тоа, сосема е јасно дека Солун, како прв град во земјата на Македонците е спомнат, не само во неговото античко, туку и во современото значење за 14-ти век. Последното спомнување на името Македонија во неговото пошироко историско-географско значење, од страна на византискиот историчар Никифор Григора е поврзано со освојувањата на српскиот крал Стефан Душан во јужна Македонија во текот на 1345-та година, како и за време на влегувањето на Јован Кантакузин во Цариград и неговото прогласување за цар. Сведоштвото на овој историчар пренесува дека по влегувањето на цар Душан „во Македонија со другите градови“, а тоа се градовите Скопје, Дебар, Кичево, Охрид, Воден, Прилеп, Штип, Струмица, Кожле, Велес и Просек, кои од 1282-та до 1345-та година српските владетели успеале да ги освојат од Византија – „и Бер му стана набрзо подложен, не можејќи без помош да и оддолева на варварската упорна сила, откако оттаму во меѓувреме побегнал управникот, синот на Манојло“.
Што се однесува пак до спомнатиот Јован Кантакузин, кој е роден 1295-та година, а византиски цар бил од 1347-та до 1354-та година, треба да се каже дека, освен што бил талентиран војсководец и извонреден државник, тој исто така е и најистакнат византиски писател од 14-от век. И тој во своите дела мошне конкретно и прецизно ги користи поимите Македонија и Македонец. Така, зборувајќи за настаните во Византија од 1230-та до 1321-та година, Кантакузин меѓудругото известува дека протостраторот Теодор Синадин бил „намесник во Прилеп и околните гратчиња и тамошните предели на Македонија“, а во „Струмица бил намесник синот на великиот логотет Димитриј Ангел, додека другиот син Михаил Ласкарис бил намесник во Мелник, двата града во Македонија“.
Според Кантакузин, царот Андроник Трети кон крајот на 1327-та година, заедно со него како доместик, „откако го зеде преостанатиот дел од војската (дел оставил во Тракија) се упати кон Македонија за да се бори таму со војсководачите на стариот цар од западните области“, но набрзо бил известен дека војските на стариот цар Андроник Втори и сојузничката војска на Србите „се улогорила кај македонските градови Филипи и Драма“. Кон крајот на 1344-та година, како и следните 1345-та и 1346-та година, српскиот крал, а од 16-ти април 1346 година, по крунисувањето во Скопје и цар Стефан Душан, ја освоил речиси цела Македонија и оттаму негодувањето на државникот и писател Јован Кантакузин за изгубените териториии на Ромеите во Македонија.
Во есента 1344-та година Јован Канатакузин ги примал пратениците од Цариград во Димотика и, според сопственото подоцна запишано кажување, им рекол: „Гледате ли колку страдања им донесе војната на Ромеите. Трибалите веќе ги потчинија кон себе си сите западни градови. Се плашам дека ако тоа продолжи сосема ќе ја завладеат Македонија“. Подоцна, кога се зацврстил на престолот, Јован Кантакузин нудејќи му сојуз и пријателство на српскиот владетел Стефан Душан ќе рече: „Ако сега, се разбира, сакаш праведно да постапиш, а порано тоа не го сакаше, и да ја вратиш Акарнанија и Тесалија и другите градови во Македонија кои ги држиш, јас ќе ја заборавам поранешната неправда, возвраќајќи ти за пријателството и честа која си ми ја укажал кога беше потребно, и обновувајќи ги старите договори и заклетви, повторно ќе те сметам за пријател и сојузник и ќе се обидам повторно да се направам достоен на твојата почест и грижа“.
Македонија и Македонците од 14-ти век до денес!
Според проф. д-р Милан Бошкоски од Институтот за национална историја во
Скопје, имињата Македонија, Македонци, македонски постепено се
наметнувале како единствени имиња за народот, територијата и јазикот што
се зборувал на територијата на класична Македонија.
Постепено низ Средниот век територијата на која живееле македонските Словени, како доминантно население, од страна на другите, но и од самите жителите била именувана како Македонија, а луѓето што живееле на тој простор, особено од 14-ти век наваму, веќе и самите себеси се именуваат како Македонци. Во визатниските извори од 14-ти век областите во Македонија редовно се именувани со името Македонија или биле користени термините македонски области и македонски градови. „Дури и српскиот цар Душан, според Душановиот законик од 1349-та година, вели д-р Бошкоски, се потпишал под законот како 'Закон на багочестивиот, верен и христољубив македонски цар Душан'.“
И византискиот историчар Халкокондил, кој е роден во Атина во 1425 година, а е автор на десеттомниот историски спис „Прикази од историјата“, сосема јасно го употребува терминот Македонија и Македонци, за да ги означи териториите кои ги освоил српскиот цар Душан. Според него, Солун, кој го нарекува Терма е чисто 'македонски град', а кога турскиот султан Бајазит Први го освоил Скопје, склучил мир со 'кнезовите на Македонија'. Меѓу македонските градови кои ги освоиле Турците кон крајот на 14-ти век, покрај Солун и Скопје, ги набројува и Охрид, Прилеп, Бер, Серес и други.
Интересно е што, пишувајќи за одделни делови на Македонија, ги употребува термините Вистинска Македонија, Голема Македонија, Горна Македонија и Средоземна или Внатрешна Македонија. Неговото сфаќање на Македонија не е само во нејзиното античко значење, од времето на Филип Втори или, пак, од времето на римската провинција Македонија, туку повеќе од тоа. Со осовременувањето и проширувањето на границите на Македонија во 14-ти и 15-ти век, терминот веќе се однесува не само како за жители на Македонија туку и како термин со етничко значење.
Со вакви и слични гледишта за употребата на името Македонија и Македонци во пишаните извори од 15-от век се јавуваат многу автори, а карактеристичен пример е примерот со бургундскиот витез Бертранд де ла Брокиер, кој е роден кон крајот на 14-ти, а починал во втората половина на 15-ти век, кој во своето дело 'Патувањето преку морето', напишано во 1457-та година, дава свои впечатоци за земјите низ кои поминал.
Така, според него, Македонија се простира на исток до реката Марица со градот Андријанополис, односно некогашната византиска тема Македонија, додека другиот дел на Македонија, според него, е областа помеѓу Рашка и Грција. Жителите кои ја населуваат земјата Македонија ги нарекува Македонци. Меѓу другото пишува дека од Андријанополис се упатил по долината на реката Марица, и откако јавал еден ден по убав шумски пат, најнапред поминал „низ Грција, а потоа влеговме во Македонија“. Или, како што запишал, „стигнав во Филипопол, кој е главен град на Македонија“.
Се разбира дека има уште многу изворни документи кои го потврдуваат континуитетот на името и народот што живееле во Македонија од антиката, преку средновековието, до денес. Сето тоа го потврдува македонското античко историско, културно и етничко наследство во одонос на континуитетот на имињата Македонија и Македонци. Спорд д-р Бошкоски, тој континуитет е неспорно сублимиран во нашето средновековно културно, историско и етничко право на тоа име, како име на нашиот народ и на нашата земја.
Блаже Миневски за МИА (извор: МИА)
Верзија на англиски: Facts about Macedonia - its ancient heritage is undeniable
Види и: Македонското античко наследство не е спорно (Вечер)
Верзија на англиски: Facts about Macedonia - its ancient heritage is undeniable
Види и: Македонското античко наследство не е спорно (Вечер)
No comments:
Post a Comment