Ванчо ЃОРЃИЕВ
СОЛУНСКИТЕ АТЕНТАТИ
3. Кон крајот на 1899 година, Б. Сарафов, со значајна финансиска помош ги ангажирал С. Мерџанов, П. Манџуков и П. Соколов. Тие заминале за Цариград со намера да го убијат султанот Абдул Хамид II, додека оди на молитва. По проучување на околностите се покажало дека планот бил неостварлив. Тогаш, кај Мерџанов се раѓа идејата за кревање во воздух на Отоманската банка со поставување на експлозив под нејзините темели. Со посредство на Димитар Љапов и Симеон Трајчев биле придобиени Нанчо и Калчо Стојанови од Ресен. Калчо, изнајмил магацински простор спроти Банката, од каде што требало да почне прокопувањето на подземниот тунел. Истовремено, Мерџанов во договор со Б. Сарафов, подготвил сличен план за филијалата на Отоманската банка во Солун. За таа цел, Мерџанов го повикал во Цариград Јордан П. Јорданов и го запознал со планот.
По враќањето во Солун, Орцето ги повикал другарите од Велес: К. Кирков, И. Трчков, В. Пингов и Т. Органџиев. Нешто подоцна кон нив бил привлечен Димитар Коштанов од Г. Џумаја, кој дотогаш бил на располагање на ЦК како терорист и Павел Шатев од Кратово. Спроти зградата на Отоманската банка во Солун, била изнајмена берберница. Оттаму започнало копањето на подземниот канал до темелите на Банката. Улогата на „бербери“ ја играле В. Пингов и И. Трчков. На тој начин кртовите ја почнуват подземната работа во Солун и Цариград. Вообичаено копаат по двајца во смена. За осветлување, најчесто се користат свеќи. Потребниот кислород во каналите се обезбедува со ковачки мевови. Ископаната земја се изнесува внимателно во торби.
Б. Сарафов, кој бил во контакт со гемиџиите, тајната за нивната работа ја чува за себе. На 16.05.1900 год., тој го информирал Врховниот комитет (ВК) за разговорите со С. Мерџанов. Комитетот го одобрил планот и одлучил да се извести ЦК во Солун. Во јуни, ВК го потпрашал ЦК на ТМОРО дали е согласен за поткопување и минирање на некои владини институции во поголемите градови како Цариград, Солун, Скопје и други. Првите сведенија за поткопувањето на Отоманската банка во Солун, ЦК ги добил во октомври 1900 година. Тајната била разоткриена со посредство на Александар Кипров. Тој бил задолжен од Б. Сарафов да влезе во контакт со ЦК и гемиџиите, но да не открива веднаш за копањето на каналот. Подоцна, Орцето и Кипров тајната ја откриле пред Пере Тошев и Христо Матов.
Копањето на каналот во Солун, одело побрзо. Во Цариград, наишле на карпа и едвај напредувале од 12 до 15 сантиметри дневно. Поради тоа цариградските копачи им советувале на солунските да не брзаат многу. По барање од Цариград, таму бил испратен П. Шатев. За возврат во Солун бил испратен Ерменецот Кристи. Набрзо по барање на цариградската група, копањето во Солун било прекинато времено, за да не се изложат на ризик додека приврши цариградскиот канал. Копањето било запрено кај т.н. „Термопили“, каде што наишле на подземни остатоци од антички градби. Еден дел од гемиџиите останале во Солун, а другите заминале дома.
Во септември 1900 год., била осуетена акцијата во Цариград. Власта го арестувала доставувачот на динамит Ерменецот, Козаков. Како руски поданик. тој бил екстерниран за Русија, каде бил осуден. Набрзо биле уапсени: С. Мерџанов, П. Соколов, П. Шатев и П. Манџуков. Најжестоко бил мачен Мерџанов, поради едно шифрирано писмо од ЦК во Солун. Сепак копачите останале докрај конспиратори. Подземниот канал не бил откриен. Власта ги третирала како обични комитаџии. По интервенција на бугарскиот дипломатски претставник И. С. Гешов, тие биле ослободени и протерани од Цариград.
На нивно место во Цариград, ЦК ги испратил Александар Кипров и Димитар Коштанов. За состојбата на цариградскиот канал, Кипров испратил шифриран извештај до X. Матов во Солун. Овој извештај паднал во рацете на власта за време на Солунската афера. Co тоа дефинитивно бил осуетен планот во Цариград. Кипров, побегнал навреме, но настрадале изнајмувачите на магациниот Нанчо и Калчо Стојанови. Тие биле осудени на 101 година заточение. Поради таквиот развој на настаните, гемиџиите во Солун, ја напуштиле берберницата и го маскирале каналот со намера работата да ја продолжат откако ќе обезбедат динамит.

Продолжува
No comments:
Post a Comment