Голем е бројот на Македонците кои го дале животот за нашата слобода денес, а ние не им ги знаеме ни имињата. Еден од нив е Лазо Филипов Колевски – Лавски, роден во 1918-та година во селото Мрзен, кавадаречко.
Рано останува без мајка. Тешкиот живот го принудува заедно со татко му да се пресели во Прилеп каде завршува основно образование. Набрзо го напушта Прилеп и еден период живее во Градско (Велес) каде работи во една пекара.
Во Велес доаѓа во контакт со тамошните револуционери и од тој момент започнува неговиот бурен живот. Станува член на работничкиот синдикат кој е предвесник на идното партизанско движење.
Македонија во тоа време била дел од Кралството СХС, подоцна Кралство Југославија (1918-1941), а Македонците не биле признаени како посебен народ и биле подложени на постојана асимилација.
Животот подоцна го носи и во Белград, каде во 1937-ма и 1938-ма работи како надничар. Во тоа време таму студирале многу Македонци. Лавски се запознава со прилепската група, и станува посебно близок со Кузман Јосифовски – Питу, кој бил еден од студентите таму.
Како и сите слободољубиви Македонци во тоа време, станува член на Комунистичката партија затоа што таа се залагала за признавање на Македонците како посебен народ. Но по Втората светска војна таа Комунистичка партија ќе се покаже како погубна за македонските патриоти кои се бореле за обединета Македонија.
По враќањето во Македонија, Лавски учествува во многу протести и демонстрации, меѓу кои и во познатите “Илинденски демонстрации“ во 1940-та, кои биле против српската асимилациона политика во Македонија.
Еден од водачите на “Илинденските демонстрации“ бил Методија Андонов Ченто, кој барал во училиштата во Македонија децата да учат на мајчин македонски јазик, наместо на српски.
Еден месец подоцна полицијата го запленува весникот “Пролетер“ и други партиски материјали. Уапсени се голем број лица меѓу кои и Лазо. Во затвор е држен 15 дена и цело време е тепан, но не признал ништо и не предал никого. Набргу го добива прекарот Лавски, кој подоцна ќе му стане и партизанско име.
Веднаш по доаѓањето на бугарските фашисти во Македонија, Лавски бил задолжен за собирање оружје и подготовки за борба. Едно од складиштата за оружје била неговата куќа. Деноноќно работел на подготовките за отпор против новите окупатори – Бугарите.
Кон крајот на Август 1941-ва, добива задача да испита еден тунел под планината Бабуна, кој требало подоцна да биде миниран. Лавски тргнува заедно со уште тројца партизани, но кај тунелот наидуваат на бугарска стража. Започнува престрелка во која е убиен еден бугарски војник, а Лавски и другарите се повлекуваат.
Во Септември 1941 год. Лавски е дел од Првата партизанска чета на Селечка планина. При крајот на Октомври 1941-ва, со само 23 години станува заменик командант на партизанскиот одред “Гоце Делчев“. На првиот партизански митинг во Македонија, на 7-ми Ноември 1941-ва, држи говор пред селаните.
После растурањето на одредот заминува во илегала, а на почетокот на 1942-ра работи на подготовките за формирање на нов партизански одред. Во Јануари и Фебруари Лавски е постојано во обиколка на околните села и ги организира доброволците за новиот одред.
На 2 Март 1942-ра, движејќи се од Кавадарци кон Прилеп, Борка Талески и Лазо Колевски – Лавски паѓаат во бугарска заседа кај Плетвар. Започнуваат престрелка со Бугарите и тргнуваат да се пробијат низ обрачот, но и двајцата се убиени. Лавски ги остава своите 24 години за слободата на Македонија.
11 години по неговата смрт, на 9-ти Октомври 1953-та, Лавски е прогласен за народен херој на Југославија. Тој е еден од 66-мината Македонци прогласени за народни херои.
За разлика од другите македонски херои по чии имиња ги препознаваме улиците, училиштата и спортските игралишта, ниту една улица или училиште не го носи неговото име. Заслужува барем толку, да не биде заборавен од својот народ.
Извор: Предвесник на бурата

No comments:
Post a Comment