J.F.Lazenby "Macedonia and the Coming of Rome" [Документи за македонската историја]
„Во 1968 година јас со жена ми возев кон Грција, низ Југославија. После ужасите на 'автопатот' помеѓу Загреб и Белград, ние конечно стигнавме до величествената планинска земја, особено јужно од Скопје, и иако бевме сè уште далеку од модерна Грција, се сеќавам дека дојде еден момент кога наеднаш помислив дека сме веќе во југословенската Македонија. Оваа мисла кај некој што одамна е запознаен со малиот обем на античките државички на јужна и централна Грција, беше живописно потсетување за големината на античка Македонија во споредба со нив.
На патот, сè уште далеку на север од грчката граница, паркиравме на едно место за одмор, и кратко потоа на истото место застана и еден камион. Неговиот возач излезе од камионот држејќи голема лубеница, ни пријде и ни побара нож. Јас му дадов нож и тој ја пресече лубеницата и ни даде една од половините. Дури откако возачот се врати назад кон неговата кабина сфативме дека тој е најголемиот човек што сме го виделе откако ја напуштивме Англија. И повторно се сеќавам дека помислив - со потсетување на 5 и пол метарските македонски копја, без двоумење - дека ако оваа величина била типична за Александровите Македонци, не е ни чудо дека тие ги преплашиле Грците и стигнале дури до Индија.“
No comments:
Post a Comment