Марки од серијата познати кај филателистите како "Македонки
44". Се работи за натпечатка на бугарски марки, со
текстот "Македония 8.IX.1944" и новата номинална вредност во лева.
Марките се издадени по капитулацијата на Бугарија во Втората светска војна, од заостанатата бугарска окупациска администрација во Македонија (Независна Држава Македонија), поддржана од Германија.
Во оптег се пуштени на 28 октомври 1944 година, и се употребувани краток период, а со
повлекувањето на германските војски кон север дел од марките се
пренесени во Германија
Благојче Андонов и А.С.
No comments:
Post a Comment