По ликвидирањето на востанието на Петар Делјан голем број на Македонци бегаат на Сицилија [Документи за македонската историја]
Вo 1041 година во т.н. „Барски анали“ е забележано:
„Тука во Ломбардија дојде од Сицилија протоспатарот и капетанот Михаил. На 17 март се заврза битка меѓу Норманите и Грците. Потоа на 4 мај сите Грци се собраа на едно место на Монс Мајор крај реката Ауфид, започна битка во која загинаа особено многу Анатолијци и Обсеквиани, Руси, Тракијци, Калабројци, Лангобарди, Катипанити. Норманите беа не повеќе од две илјади души, а Грците, без да се смета прислугата, осумдесет илјади. Кога Михаил се врати оттаму, исплашен, со малцина останати полуживи од страв пред жестоките Нормани, тој беше пишал во Сицилија и оттаму пристигнаа несреќните Македонци, павликијани (богомили) и Калабријци. Тогаш, откако тие се присоединија со другите во мочурливите пасишта под Монс Пилозус, Михаил по наредба на императорот се врати во Сицилија, од каде што дојде. “
G. H. Pertz, Annales Barenses - Monumenta Germaniae historica, Scriptores V, p.53
No comments:
Post a Comment