January 11, 2013

Непријатели на нашиот народ

ТИЕ ШТО СЕ ПРОТИВ СЛОБОДАТА И НАЦИОНАЛНИТЕ ПРАВА НА МАЛЦИНСТВАТА СЕ НЕПРИЈАТЕЛИ НА НАШИОТ НАРОД

Лазар Колишевски

По повод нашите односи спрема соседните балкански земји и во врска со најновите политички настани, овдека би се осврнал најпрво на Грција, каде што станаа такви работи кои не говорат дека таму се изменила положбата на поарно од времето на фашистичката окупација до денес, ами напротив, оди се кон полошо. Во Грција по ослободувањето власта ја узурпираа монархофатистички елементи од бившите фашистички режими и слуги на германскиот окупатор, кои уште од порано беа компромитирани како народни потисници. Најарен доказ за тоа се делата на тие монархофашисти во Грција. Удирањето и разоружувањето на ЕАМ на сите нив им беше нужно и добро им дојде за да можат без пречки да управуваат со помошта на меѓународната реакција и да го потискаат грчкиот и македонскиот народ. Ние сме сведоци на такви ѕверства над нашиот незаштитен народ во Егејска Македонија, кои се споредуваат со најкрвавите во нашата историја, а понекаде и ги надминуваат. Но не се само во тоа гревовите на грчките монархофашисти. Во Грција денес се спроведуваат типични фашистички методи придружени со пропаганда управена против соседните балкански земји. Грчките монархофашистички кругови, не уживајќи поддршка кај народните маси, освен сред довчерашните хитлеровски агенти, настојуваат да создадат некаква позиција одвраќајќи го вниманието на јавноста од вистинскиот виновник за бесправјето, гладот и бедата.


Јасно е дека таквата политика не е во прилог на мирот и општата безбедност на Балканот и мора да наидува на негативен одѕив не само кај нашите, туку и кај сите други балкански и сите слободољубиви народи.

...

Следејќи го нашиот печат за настаните во Трст и Јулиска Краина ние со радост гледаме дека нашите сонародници во тие краишта заедно со италијанските антифашисти не престануваат да се борат за заштита на своите национални и демократски права здобиени низ Народноослободителната борба. Тоа и спремноста на сите наши народи да достојат на своите праведни барања нас ни дава верба за правилно решавање на тоа прашање.

...

Нашиот став, ставот на нашето движење спрема Отечественофронтовска Бугарија е јасен од сета наша досегашна политика. Ние се радуваме на успесите на Отечественофронтовска Бугарија и секогаш сме правеле разлика меѓу неа и братскиот бугарски народ, од една страна, и спроводниците на големобугарскиот шовинизам, од друга страна. Спроводниците на големобугарскиот шовинизам во Бугарија, па и кај нас, трудејќи се да направат јаз меѓу Демократска Федеративна Југославија и Отечественофронтовска Бугарија, говорат дека кај нас во слободна Федерална Македонија се водела бугарофопска политика, што е не само невистинито, ами и многу плитко. Позната е политиката, пак, на Демократска Федеративна Југославија спрема Бугарија и братскиот бугарски народ која е јасно формулирана во сите изјави на маршал Тито, во многубројните општонародни манифестации итн. Во секој случај знаеме дека сите оние што правеле од македонското прашање јаболко на раздорот денеска најмалку можат да бидат задоволни со оваа положба и тие ќе продолжат со оваа работа, макар и под таков начин, што зборуваат по софиските кафеани дека, ете, денес во Македонија се спроведувала бугарофопска политика. Но секој обид за создавање јаз помеѓу Демократска Југославија и Отечественофронтовска Бугарија е бесплоден. Зближувањето меѓу нас станува се поцврсто. Тоа ја изразува обостраната волја на југословенските народи и бугарскиот народ кои биле со векови разделувани и закарувани, благодарејќи на противнародните властодршци.

Нас нè врзуваат силни пријателски врски со сите слободољубиви земји, со сето напредно човештво. Нашата земја не само што претставува столб на демократијата на Балканот, туку можеме да речеме и во Европа. Затоа и односот спрема нас на која било земја, на кои било светски кругови, е мерило за нивната прогресивност и нивната верност кон принципите на големата антифашистичка војна.

...

Ако зборуваме за нашиот внатрешен политички живот, треба да ја подвлечеме таа среќна околност, дека е ЕНОФ во Македонија единствен. Јасно е зошто е таква положбата кај нас во Македонија. Ние во минатото, со исклучок на Комунистичката партија, никогаш не сме имале вистинска народна партија, партија која би ги штитела интересите на македонскиот народ. Јас морам да го подвлечам тој факт за да се разбере и да се види улогата на бившите партии и нивната работа конкретно во Македонија, и да се види: зошто македонскиот народ, како и другите народи на Југославија, на повик на Комунистичката партија во 1941 година се дигна на вооружена борба против окупаторот и зошто главниот столб и на нашиот Единствен фронт беше и е Комунистичката партија.

Во Македонија беа натурени граѓанските партии со цел да се одржат тука позициите на големосрпскиот хегемонизам. Ниедна од тие партии не стоеше на позиции за признавање на рамноправноста и националните права на македонскиот народ. Македонскиот народ е свесен за тој факт. Денес, како што може да се види, тој наполно е сплотен во ЕНОФ. Нашата главна задача беше не да ги сплотуваме разните припадници на ненародните партии во минатото, туку да го сплотиме нашиот народ, кого што непријателските сили со децении го разделуваа за да го ослабат и подложат на најбезочна денационализација; да ги сплотуваме нашите малцинства, да го градиме братството и единството меѓу македонскиот народ и малцинствата и да го изградиме и зацврстиме ЕНОФ.

Сите припадници на бившите партии во Југославија што не го потпомагаа окупаторот се наоѓаат во Фронтот. Никој од нив досега не направил обид за создавање на некоја партија. Нo мене ми се чини одвај и би успеал. Зошто фронтовската организација, како политичка организација на Македонија, навистина ги изразува сите интереси и желби на македонскиот народ и доста е широка за да ги опфати и ги опфаќа сите слоеви на македонскиот народ, кои вистински и искрено стојат на позициите на слободата и рамноправноста на сите народи на Југославија и кои не сакаат да им служат на туѓите интереси. Таков е денес односот на силите во Македонија. Фактички ЕНОФ е еден фронт кој и одговара на вистинската положба на Македонија, што нема изгледи за никакво раздвојување на народот и за промена на положбата. Тоа говори за единството на нашиот народ, за довербата што ја имаат нашите широки народни маси во нашата народна власт.

Кај нас, како и во другите краишта на Југославија, најглавната опасност денес во периодот на мирната изградба, во периодот на новиот живот, е шовинизмот. Шовинизмот може да го попречи нормалното развивање на нашата земја, да го попречи уште потесното сплотување на редовите на нашиот Фронт во Македонија и изградувањето на братството и единството на народите на Југославија. Денес главните носители на шовинизмот се истите оние елементи што и служеа на владеачката клика на бивша Југославија; тоа се истите оние елементи што го помагаа окупаторот и му беа верни слуги на Хитлера. Има и такви македонски „патриоти“ кои се бунат против тоа што народната власт им ги дава сите национални и демократски права на нашите малцинства. Таквите Македонци што се борат против слободата и националните права на тие малцинства — Турци и Албанци — се непријатели на нашиот народ, тие се агенти на туѓиот империјализам.

Ние решително ќе се бориме против секташките сфаќања и пароли дека; само оние што учествувале во Народноослободителната борба треба да бидат во органите на власта. Ако дел од албанското малцинство од Гостиварско, Тетовско и друтите краишта беше заблуден од окупаторот и се вклучи во квислишшште формации во борбата против НО движење, ние не можеме да игнорираме дека денес, кога минуваме во време на нормални прилики, Албанците и другите национални малцинства исцело се предаваат на обновата и изградбата на нашата татковина. Затоа апсолутно не може да биде минатото мерило за вклучување на албанското и турското малцинство во изградбата на нашата нова власт и за нивно непосредно учествување во органите на народната власт. Таквото сфаќање никогаш не било наше, тоа е туѓо и никогаш не било усвоено од нашиот ЕНОФ. Секаков вид шовинизам на Македонците, Албанците и Турците е опасен. Но ако сакаме сериозно да ја ликвидираме таа опасност за единството на нашиот народ, за единството на народите на Југославија, ние мораме пред се тука внатре во нашата земја решително да се бориме против тие фашистички останки, кои денеска под фирмата на „демократи“ или не знам какви „македонски патриоти“, а всушност шовинисти и сепаратисти, сакаат да го раецепат нашиот народ. Ние мораме внатре во самата Македонија да водиме борба против шовинизмот, а не да ги бараме причините за шовинизмот надвор од Македонија, во Србија, т .е. да го гледаме српскиот шовинизам, а да не го гледаме шовинизмот тука, кај нас во Македонија.

Методите на тие разбивачи на единството на нашиот народ и на братството на народите на Југославија се доста еластични. Тие сакаат националните чувства на македонскиот народ, вековно потиснат и поробен, а сега веќе слободен, да ги шовинизираат и да ги изродат во сепаратистички застранувања. Неодамна откриената неприј ателска група јасно зборува за тоа дека има опасност од разбивање на нашето единство, зашто се уште има реакционерни елементи на Балканот како и во светот кои се непријателски расположени спрема слободата на македонскиот народ. Исто Такви потпирачи на тој шовинизам се сите оние што ја превидуваат таа опасност и кои се „неутрални“ во однос на истата. Ако исцело не и се предадеме на таа борба — да го искорениме тој шовинизам, ние навистина ќе имаме огромни последици од тоа. Задача на Фронтот е меѓу другото и борба против тие агенти на фашизмот. Неодамна се фрлија дури и пароли дека нашата влада била „србоманска“, дека божем ,Да дојдат колонистите“, дека „Србите се враќаат“ итн. Тоа се обиди едно болезнено прашање за нашето селанство, да се постави на чисто шовинистичка основа, на таква основа која навистина би предизвикала реакција и во Србија. Тоа се усилби натиите селани да бидат оттргнати од борбата против реакцијата и за добивање на земја. Овие пароли подмолно се уфрлуваат со цел да се разбие братството и единството меѓу македонскиот, српскиот и другите југословенски народи. Притоа потпирачите на шовинизмот злонамерно ги премолчуваат основнмте придобивки и интереси на народите во Демократска Федеративна Југославија, во која секој Македонец, како и припадниците на кој било од другите наши народи, може да живее слободно и во Македонија, и во Србија, и во Хрватска, и во другите федерални единици на Јутославија.

Денес околу триесет илјади Македонци живеат во Србија, само во Белград, и јасно е дека ние најмалку можеме да спроведуваме националистичка политика и да поставаме кинески ѕид меѓу македонскиот и српскиот народ. Ако го Правиме тоа значи да ја заборавиме помошта што ни ја укажаа југословенските народи во борбата против окупаторог. Најголем доказ за тоа братство и единство меѓу народите на Југославија од најблиското минато се дејствата на нашиот XV Корпус, кој зеде активно учество со другите единици на нашата Југословенска армија во борбата против окупаторот. Шовинистите кај нас исфрлија парола зошто тргнале Македонците да се борат за ослободување на Срем, на Хрватска и Словенија, а не останале во Македонија. Но нашите борци тргнаа на фронтот и не обрнаа внимание на таквите провокаторски пароли од непријателските елементи и странските агенти. И денес нашите борци, кои не го послушаа гласот на реакцијата радосно се враќаат горди и со дигнато чело, а целиот македонски народ ги пречекува со радост, бидејќи тие навистина се гордост на нашиот народ. Може да се каже дека тргнувањето на нашите дивизии на Сремскиот фронт да се борат за доослободувањето на нашата општа татковина Јутославија е меѓу најзначајните настани во историјата на македонскиот народ. На борбата на нашата дивизија и оддава признание целиот братски хрватски народ, и целото население, каде што минаа борците на нашата армија во својот поход против фашизмот, и приредуваше величествени пречеци. Денес во Винковци централната улица енаречена „Македонска“ . Со најголемо уважување се однесуваат сите наши народи кон жртвите што ги даде нашиот корпус во борбата за Винковци, Загреб и другите градови на Југославија. Затоа во нашата армија, во XV Корпус, се гледа овоплотување на тоа братство и единство мету народите на Југославија. А ние и потаму уште повеќе ќе го крепнеме и зацврстуваме братството и единството меѓу македонскиот народ и другите народи на Југославија.

Реферат на Земската конференцпја на ЕНОФ на Македонија, одржана на 1 јули 1945 година во Скопје.

[Конвертирање: Macedonian Documents; скен: Македонска библиотека]

No comments: