ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - Ванѓа Чашуле
Но во јануари 1903 година, наоѓајќи се во Heврокопско, Гоце ја дознава веста дека во Солун е донесено решение во мај да се дигне востание. Тој знае кој е Гарванов, самонаречениот претседател на ЦК, кого никој не го избрал на тоа место. Но како можеле другите другари да се согласат на тоа, уште повеќе што во Солун се наоѓаше Даме Груев, неговиот верен другар и едномисленик, кој штотуку беше вратен од заточение. Тој ќе отиде во Солун, надевајќи се дека заедно со Дамета Груев ќе успее да го направи последниот обид да се одбегне катастрофата. Но пред да замине на таа средба, како да ја претчувствува скорешната смрт, тој одлага разделбата со четата, продолжувајќи ја работата во Серскиот револуционарен округ. Ги збира сите чети од округот, одржува советување со војводите од неврокопската, демирхисарската, мелничката и серската чета, заедно дискутираат за решението во Солун. Од поднесените извештаи јасно се гледа дека округот нема достатно оружје и ако се крене востание при таквата состојба, тоа е осудено однапред на пораз. На сите им е јасно дека решението во Солун е избрзано, предвремено и го отфрлуваат.
Дискусиите и решенијата остануваат во кругот на војводиге. Тој знае што би станало од Организацијата ако се разруши нејзиното единство и затоа сака решението да биде изменето од самиот Централен комитег. По извршните акции иа железничката линија кај Ангиста (разурнувањето на мостот и тунелот), Гоце за последен пат наминува во својот роден Кукуш и како да зема прочка од свojaтa веќе остарена и со побелени коси мајка, ја бакнува нејзината збрчкана рака и на неколку дена пред велигденските празници, преоблечен како селанец со кошница полна црвени јајца, влегува илегално во Солун.
Неколку дена тој води разговори со Дамета, но попусто. Единствено што успева е да се одложи донесеното решение до август. Се враќа назад и во селото Баница, Серско, опкружен од турски аскер загинува.
Димо Хаџидимов, кој се наоѓа во Гоцевата чета, за загинувањето на Гоцета пишува: „Речиси цел ден и цела ноќ ние скршени го гледавме својот водач, легнат како жив, со глава наведната кон земјата. Тој небаре плачеше над својата судбина, над судбината на сите паднати како него, над судбината на цела Македонија. И кога настапи часот и за нас да умираме или да излеземе од огнениот обрач, ние во мислите се простивме за момент со него и го оставивме... да плаче. За нас што го оставивме, тој и сега е таму на истото место, во истата положба, тој и денес плаче вад своето кобно место каде што го оставивме...“ „Петнаесет часа Турците не смееја да им се доближат на нашите убиени. Петнаесет часа ние го гледавме мртвиот Гоце, наведнат небаре над гробот на Македонија. И петнаесет часа ни се кинеа срцата... Зашто, осиромашуваше цел еден народ“.
Co смртта на Гоце го снема гранитниот бедем што со својата џиновска сила ќе го запре трагичниот тек на настаните. Предвременото и исфорсирано востание се збидна и донесе само нови опустошувања и пепелишта. Македонија заличи на она од што се плашеше Гоце и од кое сакаше да ја спаси.
Девет години Гоце работеше за Македонија. Временски мошне малку, но по големината на она што ѝ го даде, е достатно да стане нејзиниот сакан и најголем водач. Ниеден од македонските револуционери, кои по своите заслуги не заостануваат зад Гоцета, ја немаа таа популарност, општопризнатост како што ја има тој. Неговото име е поистоветено со името на Организацијата. Илјадници нејзини членови се сметаа и умираа како членови на Делчевата организација. Тој стана симболот на борбата и слободата на цел еден народ.
И кога подоцна, скоро по четириесет години од неговата смрт, неговиот народ одново ќе се дигне на востание, тој ќе смета дека го продолжува и остварува заветот што му го остави ГОЦЕ — создавање слободна македонска држава, држава на свесни, рамноправни граѓани.
Крај
[Конвертирање: Macedonian Documents; скен: Македонска Библиотека]
Биографијава на Гоце Делчев (на авторот Ванѓа Чашуле) е работена според следниве трудови:

- Проф. Т. Влахов, В`зраждането в г. Кукуш, Исторически преглед, бр. в, год. XVI, 1980, Софија;
- Блаже Конески, Кон македонската преродба — македонските учебници од XIX век, Институт за национална историја, Скопје, 1959 год.;
- Крум Христов, Гоце Делчев, Политички и литературни изданија, 1959 година;
- Спомени на Ѓорче Петров, Институт за национална историја, Скопје, 1950 година;
- Туше Влахов, В`рховизмот и неговата ролја в време на војните, Исторически преглед, год. УП, 1951, кн. 4—5, Софија;
- П. К. Јаворов, С`чиненија, ПБ, хн. 3, Софија, 1965;
- Хр. Андонов-Полјански, Гоце Делчев во спомените на современиците, Култура, Скопје, 1963.
No comments:
Post a Comment