Влоѓимјеж ПЈАНКА (Виена)
Секој успешен обид за создавање на еден литературен јазик треба да исполнува повеќе услови, од кои најважни се: 1. опфаќање со литeратурниот јазик, по можност, целата етничко-дијалектна територија или најмалку поголемиот дел од неа, 2. создавањс на таков јазичен систем кој - близок до народниот говор - може да биде разбирлив и прифатлив од страна на етничката група или народот (нацијата), 3. избор на релативно широка основна дијалектна база за литературниот јазик, 4. подбор на јазичнигe обележја кои можат во доволна и изразита мера да го издиференцираат од веќе изградените соседни литературни јазици. Но предуслов за тоа е постоење потреба од создавањe на еден нов кодифициран литературен јазик. Во земјите, каде се употребуваше црковнословенскиот јазик како државен и/или јазик на црквата, таква потреба, општо зeмено, се јавила подоцна оtколку кај Словените кои го употребуваат латинскиот јазик во таа функција, поради релативната разбирливост на првиот кај населението.
Првите локални црти кои се јавуваат во црковнословенскиот јазик, иако се сведоштво за локалните варијанти, не можат да се третираат како обиди да се пишува на народен јазик, бидејќи тие биле несвесни и произлегувале од влијанието на јазикот на пишувачот врз јазикот на текстот. Но веќе од XVI век се појавуваат, прво во световните текстови, а подоцна и во религиозната литература, свесни обиди да се пишува на еден јазик што е разбирлив за народот, т.е. на еден јазик со црковнословенска основа и со елементи на народниот јазик. Такви обиди има во сите земји каде се употребува црковнословенскиот јазик. Тоа е на пр. т.н. „проста мова“ (прост говор) кај Украинците од XVI век, а кај Македонците текстовите од XVI—XVIII в. кои содржат сè повеќе елементи од народниот јазик, како Тиквешкиот зборник или Трескавечкиот кодик.
Постепено народните елементи преовладуваат во пишуваниот јазик, а писателите, освен елементите од својот роден говор, внесуваат и други црти, пренесени од други јазични подрачја. На македонската почва такви обиди почнуваат со творештвото на Ј. Крчовски и К. Пејчиновиќ, а се шират низ целиот XIX в. Подоцна нараснува сознанието дека, пишувајќи на народниот јазик, треба да се пишува на таков јазик, чија дијалектна основа ќе биде поширока во своите најосновни црти, а тие се главно од фонетско-фонолошки карактер и се содржани во основниот лексички фонд. Откога се беше формирал соседниот литературен бугарски јазик, за кој конечно - поради потеклото на најголемиот број на писателите и другите творци на националната култура - како основа беше примено источнобугарското наречје, стана сосем природно и разбирливо, дека пишуваниот јазик во Македонија треба да се потпира врз македонските дијалекти. Уделот на градските центри: Битола, Охрид, Прилеп и Велес, покрај другите средишта на македонската културна дејност, го определи дијалектно развојот на македонскиот јазик, што доведе до природното сознание дека тој треба да се развива врз основа на западномакедонското наречје и да е одделен од бугарскиот. Најсвесно и најопределено се изјасни за тоа К. П. Мисирков. Во XX век, освен фолклорните творби и текстовите пишувани свесно на други литературни јазици (1), пишуваниот јазик базира веќе токму на западномакедонското наречје, што го наоѓа својот најголем израз во творештвото на Рацин и во текстовите настанати во времето на НОБ.
ПРАШАЊЕТО НА ФОНЕТСКО-ФОНОЛОШКАТА КОДИФИКАЦИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК
„Педесет години на Македонската наука за јазикот“, Прилози од Научниот собир одржан од 30 ноември до 2 декември 1995 во Скопје, Македонска Академија на Науки и Уметности, Скопје 1997 година.Секој успешен обид за создавање на еден литературен јазик треба да исполнува повеќе услови, од кои најважни се: 1. опфаќање со литeратурниот јазик, по можност, целата етничко-дијалектна територија или најмалку поголемиот дел од неа, 2. создавањс на таков јазичен систем кој - близок до народниот говор - може да биде разбирлив и прифатлив од страна на етничката група или народот (нацијата), 3. избор на релативно широка основна дијалектна база за литературниот јазик, 4. подбор на јазичнигe обележја кои можат во доволна и изразита мера да го издиференцираат од веќе изградените соседни литературни јазици. Но предуслов за тоа е постоење потреба од создавањe на еден нов кодифициран литературен јазик. Во земјите, каде се употребуваше црковнословенскиот јазик како државен и/или јазик на црквата, таква потреба, општо зeмено, се јавила подоцна оtколку кај Словените кои го употребуваат латинскиот јазик во таа функција, поради релативната разбирливост на првиот кај населението.
Првите локални црти кои се јавуваат во црковнословенскиот јазик, иако се сведоштво за локалните варијанти, не можат да се третираат како обиди да се пишува на народен јазик, бидејќи тие биле несвесни и произлегувале од влијанието на јазикот на пишувачот врз јазикот на текстот. Но веќе од XVI век се појавуваат, прво во световните текстови, а подоцна и во религиозната литература, свесни обиди да се пишува на еден јазик што е разбирлив за народот, т.е. на еден јазик со црковнословенска основа и со елементи на народниот јазик. Такви обиди има во сите земји каде се употребува црковнословенскиот јазик. Тоа е на пр. т.н. „проста мова“ (прост говор) кај Украинците од XVI век, а кај Македонците текстовите од XVI—XVIII в. кои содржат сè повеќе елементи од народниот јазик, како Тиквешкиот зборник или Трескавечкиот кодик.
Постепено народните елементи преовладуваат во пишуваниот јазик, а писателите, освен елементите од својот роден говор, внесуваат и други црти, пренесени од други јазични подрачја. На македонската почва такви обиди почнуваат со творештвото на Ј. Крчовски и К. Пејчиновиќ, а се шират низ целиот XIX в. Подоцна нараснува сознанието дека, пишувајќи на народниот јазик, треба да се пишува на таков јазик, чија дијалектна основа ќе биде поширока во своите најосновни црти, а тие се главно од фонетско-фонолошки карактер и се содржани во основниот лексички фонд. Откога се беше формирал соседниот литературен бугарски јазик, за кој конечно - поради потеклото на најголемиот број на писателите и другите творци на националната култура - како основа беше примено источнобугарското наречје, стана сосем природно и разбирливо, дека пишуваниот јазик во Македонија треба да се потпира врз македонските дијалекти. Уделот на градските центри: Битола, Охрид, Прилеп и Велес, покрај другите средишта на македонската културна дејност, го определи дијалектно развојот на македонскиот јазик, што доведе до природното сознание дека тој треба да се развива врз основа на западномакедонското наречје и да е одделен од бугарскиот. Најсвесно и најопределено се изјасни за тоа К. П. Мисирков. Во XX век, освен фолклорните творби и текстовите пишувани свесно на други литературни јазици (1), пишуваниот јазик базира веќе токму на западномакедонското наречје, што го наоѓа својот најголем израз во творештвото на Рацин и во текстовите настанати во времето на НОБ.
Продолжува
1. Како на пр. Н. Вапцаров и многу подоцна В. Марковски.
No comments:
Post a Comment