Бугарските тврдења за македонскиот јазик немаат никаква логика
Полскиот лингвист Мјечислав Малецки прв во Европа објави книга за посебноста на македонските дијалекти уште во 1932 година, вели познатиот професор од Варшавскиот универзитет Влоѓимјеж Пјанка
Полската наука даде огромен придонес во афирмирањето на македонскиот јазик, вели познатиот лингвист
Љупчо Поповски (Утрински весник):
Полскиот професор Влоѓимјеж Пјанка е автор на десетина авторски книги и околу стотина статии, речиси сите од потесна македонистичка област. Редовен професор е на Варшавскиот универзитет, пред тоа над 20 години на Универзитетот во Виена. Tој е првиот полски лектор на универзитетoт „Св. Кирил и Методиј“. Редовен гостин е на Семинарот за македонски јазик, литература и култура што се одржува во Охрид. Омилен кај студентите, почитуван и ценет кај колегите, секогаш отворен и искрен во разговорите. Вљубеник во македонската народна музика и ора.
Минатонеделната изјава на полскиот претседател Лех Качињски дека Македонија има непоколебливо право за името и дека Полска никогаш нема да ги прифати ставовите на Грција предизвика големо внимание во македонската јавност. Професоре Пjанка, дали тие изјави се дел од постојаната политика на Полска кон Македонија во однос на историјата и посебноста на народот?
- Веќе пет години живеам во Варшава, претходно 22 години живеев во Австрија, но ги следев работите во Полска и знам дека низ еден подолг период Полска го има истиот став спрема Македонија. Кога станува збор за името, никогаш не сум чул изјава дека тоа треба да се менува по барање на Грците. Тој став веќе петнаесет години е ист.
Што се однесува на Македонија, би сакал да кажам нешто за историјата. Во минатото, Македонија беше позната во Полска како земја од Турската Империја. Во полската литература од крајот на романтизмот има романи и за Бугарија и за Македонија, се разбира, внатрешни граници немало во тоа време и тешко можело да се определи за кој народ се зборува таму. Кога зборуваме за политичките работи, често сум имал можност да читам во полскиот печат за Илинденското востание и за тоа како се одвивало. Се пишувало со симпатии, но некогаш и со одредени критики. Меѓутоа, се информираше во 1904/05 година, можеби и понатаму, кога во тие години излегуваше еден неделен весник под наслов „Илустриран неделник“, во тоа време многу важен во интелектуалната средина во Варшава. Но, да се навратиме на времето кога бев во Македонија, на настаните на кои сум очевидец.
Кога бевте во Македонија?
- Во Македонија дојдов во 1959 и останав до 1967 година.
Бевте лектор по полски јазик?
- Да, осум години. Бев во Скопје кога се случи и катастрофалниот земјотрес. Не сакам многу да говорам за тоа, но учествував во спасувањето на Речникот на македонскиот јазик на професорот Блаже Конески. Добив благодарница за тоа и многу ја ценам. Јас бев прв човек, Полјак, кој од Скопје со авион допатува во Полска. Се јавив со извештаи во нашето Министерство за високо образование и по неколку дена бев повикан во Министерството за надворешни работи, бидејќи во Полска не се знаеше каква помош и’ е потребна на Македонија. Разговарав со директорот на одделението за Европа и му укажав на тоа што е во прв ред најважно - испраќање помош која е потребна веднаш, ќебиња и слично, но и монтажни бараки. Една од тие колонии-бараки беше изградена кај каналот во Тафталиџе и постоеше до неодамна. Таа помош беше привремена. Потоа беше испратен инженерот Циборовски, кој беше испратен од ООН, и тој беше координатор во обновата на Скопје. Голема помош, исто така, даде и Јапонија, но и други полски инженери на чело со архитектот на Варшава, инженерот Јанковски. Јас во тоа време, исто така, бев таму.
Врските на Полска со Македонија се долгогодишни, повеќедецениски. Од каде тој интерес во Полска на седум универзитети да се изучува македонскиот јазик?
- Многу е важно тоа што прв лингвист во светот кој собрал материјали од македонски дијалекти првпат во светот беше Мјечислав Малецки, кој објави книга под наслов „Два македонски дијалекта - Сухо и Висока во Солунско“. Тој беше доцент на Јагјелонскиот универзитет од Краков и ги објави двете книшки во 1932 и 1934 година, значи уште пред војната. Го сторил тоа кога други научници во околината и светот сметале дека тоа се дијалекти на бугарскиот јазик, на српскиот јазик, а никој не кажал јасно дека станува збор за посебни, македонски дијалекти. Тој е починат во 1946 година, слушнав дека во првата година по војната држел предавања за македонскиот јазик, но тие биле по дијалектологија, зашто тогаш не бил усвоен ниту правописот, објавен подоцна. Се сеќавам како дете на посетата на Јосип Броз Тито во Полска. Тогаш оттаму пристигнаа некои книги во нашиот Варшавски универзитет. Од 1954 до 1959 година студирав чешки јазик, но и други јазици. Кога имаше прослава на 150 години од постоењето на Варшавскиот универзитет, дојдоа ректори од десетици универзитети во светот, исто така, беше дојден и Блаже Конески. Тоа беше во 1957 година. Наредната година кај нас дојде и тогаш младиот доцент Божидар Видоески. Тој имаше едногодишна стипендија и кога јас бев студент на петта година, во последниот семестар тој ни држеше предавања по современ македонски јазик. Тоа беа први предавања на современ македонски јазик воопшто во Полска и ние, бидејќи знаевме малку српскохрватски јазик, го замоливме последното предавање да ни го одржи на македонски јазик. На тој начин тоа претставуваше прво предавање во Полска одржано на македонски јазик, во 1959 година.
Дали ова што го кажавте за Малецки значи дека установувањето на македонистиката во светот, всушност, била преку полски лингвист?
- Не можеме да оспоруваме и други работи, особено тие пишувани порано од други лингвисти во други земји, како што е Петар Скок и уште други. Тој беше познат лингвист и собрал опширни материјали од дијалектите и топонимијата од Македонија. Тој навел дека се од Македонија, но таму немаше термин македонски дијалект, македонска топо-нимија, така изразито како што беше тоа кај Малецки. Меѓутоа, во Полска првиот човек кој изразито има кажано дека тоа се македонски дијалекти беше токму Малецки. По војната кај нас немаше, всушност, никакви обиди да се смета дека македонскиот дијалект и македонскиот литературен јазик се вештачки творби. Во тоа време имаше обиди да се тврди дека македонскиот литературен јазик, всушност, е македонски дијалект на јазиците на други земји, кои биле во состав на други земји, како што велеа во Бугарија. Не само во Бугарија, бидејќи познатиот белградски професор Фериќ тврдеше дека македонските дијалекти се српски дијалекти. Се’ до својата смрт во 1956 година, тој на Белградскиот универзитет го предаваше тоа, значи во Југославија, кога НР Македонија беше во состав на тогашната југословенска федерација. Тврдењата на Малецки беа општопри-фатени во Полска од сите лингвисти. Во граматиката на мојот професор Зѓислав Штибер - „Споредбена граматика на словенските јазици“, македонскиот јазик го зазема истото место заедно со српскохрватскиот, рускиот, полскиот. Немаше ниту еден полски професор кој би рекол дека македонскиот јазик не постои.
Дали тогаш почнаа предавањата на македонски јазик во Полска?
- Не се предаваше македонски јазик, бидејќи немаше можност. Поради Информбирото се прекинаа односите. Во нашата библиотека имаше околу 50 книги подарени од југословенската амбасада и некои стари кои ги прегледав, не разбирајќи ги сосема, пред да заминам за Скопје. Кога заминав за Скопје, мислев тоа да биде на две години за да го научам јазикот, мислев дека ќе се вратам во Полска, но потоа решив да соберам материјали за мојата докторска дисертација. На неа работев неколку години и таа излезе на 500 печатени страници во 1970 година, под наслов „Топономастиката на охридско-преспанскиот базен“. Во тој труд има 7.500 имиња на 10.000 објекти, бидејќи некои од имињата се повторуваат.
Дали некој друг македонски лингвист го обработил тоа или Вие сте првиот?
- Тоа беше прва книга за македонската ономастика излезена во светот. Во Македонија дотогаш немаше излезено друга таква книга. Пред тоа имаше само една статија од Божидар Видоески за дијалектите и топонимите од тајмишката група во Кичевско. И тоа беше прв обработен материјал од Македонец. Потоа јас се вратив во Полска и тука напишав втора книга која, всушност, беше мојата хабилитација за доцент „Македонските лични имиња од котлината Азот“, од бившата општина Богомила. Собрав околу 13.000 луѓе чии имиња ги испишував од матичните книги, одев од куќа до куќа, исто така сум одел да ги запишам живите луѓе, како се викаат нивните имиња, глаголските форми и презимињата.
Посебно за презимињата напишав 80 страници за едно списание, за тоа како настануваат македонските презимиња и како се преобразувале по Втората светска војна. Можеби помладите луѓе во Македонија не знаат дека македонските презимиња според формата се македонски, но според начинот на употреба турски, бидејќи основното име е по дедото, а тоа не е словенско. Од 1913 година сите имиња што сум ги видел во матичните книги, препишани од црковните книги, сите до едно завршуваат на -овиќ, -евиќ, -иќ во српска форма. Јасно, не било дозволено да се употреби македонска форма. Потоа, доаѓаат Бугарите во Азот и сите презимиња завршуваат на -ов, -ев и нема ништо друго. По 1945 година има презимиња и на -ов и -ев, но огромниот број завршуваат на -овски и -евски, што се гледа од Речникот на македонските презимиња во редакција на Трајко Стаматоски, издаден неодамна во три тома. Сега повторно пишувам за македонските презимиња. Статијата носи наслов „Македонските презимиња како фактор за идентитетот на македонскиот народ“.
Која е спецификата на македонскиот јазик во однос на другите словенски јазици и дали конечно се разбиени сите магли што ги пуштаат Бугарите дека македонскиот јазик не е посебен?
- Има некои чудни луѓе. Во Полска знам само еден човек, автор на еден етимолошки речник, кој настапува со чудни теории и кој и во 2000 година зборуваше за постоење на српскохрватскиот јазик, за него нема српски, хрватски и босански јазик, за него има бугарски и дури македонско-бугарски јазик. Но, излезе тоа што излезе, толку години поминаа и нема ништо ново, бидејќи има општа критика на ставовите на овој човек во Полска. Во Бугарија нешто се менува, сепак. Официјално се потпишуваат документи на двата јазика, иако на почетокот имаше некои спорови околу тоа. Бугарските професори имаат различни мислења. Особено кај постарите има тврдење кое беше единствено можно во Народна Република Бугарија, т.е. дека постои еден бугарски јазик со три варијанти: едната се употребувала во НР Бугарија, втората во СР Македонија, а третата во Романија, каде што живеат 20-30 илјади Бугари. Тој став се менуваше, бидејќи сите Македонци знаат за годините кога беше жив Ѓорѓи Димитров до 1948 година, кога македонскиот јазик се предавал во Пиринска Македонија, па потоа до 1962 година некако можело да се зборува и за македонски јазик во Бугарија. Меѓутоа, запленета била граматиката на бугарскиот јазик на еден професор само затоа што тој напишал таму без наводници македонски јазик. Меѓутоа, и самите Бугари имаат различни мислења. Некои навистина признаваат дека постои македонски јазик. Други, пак, сакаат да бидат политички коректни, можеби мислат, ама не изјавуваат дека има македонски јазик. Но, има и такви професори што велат дека нема никаков македонски јазик. Како лингвисти бараме да ни покажат докази. Тие одговараат, тоа не е важно. А што е важно? Кога зборуваме за јазик, треба да укажеме на структурата на јазикот, дали се разликува или не, дали е ист јазик или не. На моето прашање за посебноста на македонскиот јазик тие ми одговараат: „Ние го чувствуваме духот на јазикот, тоа е истиот дух што го имаат луѓето во Македонија и кај нас“. Со духовите не сакам да се занимавам. Јас сум научник, сакам докази. Јас докажувам дека тоа се два различни јазика.
Која е посебноста на македонскиот јазик?
- Што е тоа што е единствено македонско. Нагласив дека секој јазик има еден фонд на зборови што не се совпаѓаат со друг литературен јазик. Има многу зборови во најблиските јазици, како што се македонскиот и бугарскиот, како што се чешкиот и словачкиот, српскиот и хрватскиот, како и двата лужички јазици. Македонскиот јазик за основа го има централното наречје, а бугарскиот североисточното наречје, а тоа се илјадници километри и различни дијалекти. Говорот на Софија и говорот на Скопје се поблиски од литературните јазици, говорот на Ниш, исто така. Но, друго е разговорната, дијалектната форма, а друго се литературните јазици. Што е она што е типично македонско, бидејќи јас се занимавам со споредбена граматика на словенските јазици. Тројниот член што го има во македонскиот јазик никаде го нема, само во еден дел од родопските говори и тоа во друга форма. Второ, удвоениот објект во некои бугарски дијалекти може да се слушне, но, сепак, тоа е одлика на македонскиот литературен јазик. И трето, минатите времиња со глаголската форма „има“. Тие, исто така, дијалектно можат да се слушнат во Бугарија, но во цела Македонија тие се нашироко познати, како и во повеќето македонски дијалекти. Тие се трите главни одлики на македонскиот јазик. И сите тие се среќаваат единствено во македонскиот јазик, ниту во еден друг словенски јазик ги нема.

No comments:
Post a Comment