November 17, 2012

Мит за охридското илинденско знаме

Повеќе пати Бугари искажувале став дека штом на знамето на охридските востаници за време на Илинденското востание е поставено помало знаме налик она на бугарското значи дека населението во Македонија не се чувствувале како етнички Македонци туку како Бугари

Фотографија долу: Знаме на охридските востаници за време на Илинденското востание од 1903 година.
















Кликнете овде за да видите алтернативна слика на знамето.

Ајде да го споредиме ова тврдење со пример од најновата историја.

На сликата долу е прикажан маршот од 12 септември 2001 година на кој етничките Албанци во Приштина маршираат зад Американското знаме.














На сликата долу лево (REUTERS/Stoyan Nenov - SERBIA) од 17 февруари 2008 година е прикажан етнички Албанец од Косово кој што носи мало американско знаменце.

Според претходно применетата логика на некои Бугари ова би значело дека штом етничките Албанци од Косово држат американско знаме се чувствуваат не како етнички Албанци туку како Американци.

Дали некој верува дека населението на Косово се чувствуваат како етнички Американци?

Се разбира дека не.

Тогаш зошто некој би верувал дека бидејќи населението на Македонија имало знаме на кое е прикажано мало бугарско знаме тие се чувствувале не како етнички Македонци туку како етнички Бугари?

Се поставува прашањето зошто тогаш етничките Албанци од Косово стојат зад знамето на САД? Затоа што преку дипломатија и пропаганда тие подолго време апелираат до САД како најмоќна воена сила во светот да превземе иницијатива за одделување на Косово од Србија и затоа што САД ја предводеше операцијата против Милошевиќ и Србија.

Фотографија долу: комбинирано знаме од знамињата на САД, НАТО и знамето на УЧК (фото BBC):

Со ова знаме УЧК како да сака да ги уплаши противниците да покаже дека зад нив стои воено најмоќната држава во светот САД и воениот сојуз НАТО.

Подоцна, по одделувањето на Косово оваа практика се трансформира во знак на благодарност затоа што токму САД се главната причина поради која Косово се оддели од Србија што може да се види и од сликата долу:

Aмериканско знаме и маичка на која е прикажано и американското знаме и натписот "Thank you USA"

Но ова не е ниту уникатен случај ниту преседан. Во истото време етничките Срби од Косово, Србија и БиХ виорат знамиња на Русија.

На фотографијата долу лево дури и еден млад човек етнички Србин на својата маичка има портрет на Путин. Којзнае доколку изходот во врска со Косово беше поинаков можеби наместо статуа на Клинтон во Косово ќе се поставеше статуа на Путин.














И во овој случај јасно е дека Србите етнички не се чувствуваат како Руси. Руското знаме го вејат како симболичен апел за помош од нивните православно браќа Русите.

Причината поради која Македонците ставиле бугарско знаме* на своето востаничко знаме не е многу поразлична од оние на УЧК (и на Албанците од Косово) со знамето на САД и оние на Србите и знамето на Руската федерација, и секако немаат етнички предзнак.

Веројатно Македонците од тоа време со знамето симболично повикувале кон Бугарија да превземе воена интервенција за ослободување од турскиот јарем на своите браќа по религија во Македонија.

Историски факт е дека Македонците навистина апелирале до Бугарија да помогне за ослободувањето на Македонија. Одредени Илинденци и подржувачи на востанието и навистина верувале дека Бугарија ќе интервенира воено, штом востанието ќе се крене па не е воопшто чудно поставување на мало бело зелено црвено знаме на охридското илинденско востаничко знаме.

Сепак Бугарија не се вклучува воено во ослободување на Македонија, што на крајот на краиштата е посилен доказ во одбрана на македонскиот етнички идентитет одошто негациите на некои Бугари со користењето на ова знаме.

Во врска со масакрот на Македонците во Крушево, на прашањето "Дали Бугарија ќе и помогне или нема да и помогне на Македонија?", премиерот Петров одговара "Бугарија ќе продолжи да дејствува во своите интереси" или со други зборови ќе стои настрана (според Grey River Argus , 30 September 1903).

Доколку бугарската власт вистински мислела и чувствувала дека Македонците се етнички Бугари, немало да седат настрана и да ги остават на цедило своите "сонародници".

И за крај прашање до подржувачите на мислењето дека Македонците за време на Илинденското востание се чувствувале како етнички Бугари базирано на тробојката од ова знаме: дали и Јане Сандански е етнички Турчин затоа што на оваа фотографија (горе лево) е прикажан со турското знаме?

*На помалку од една шеснаесетина од целата површина на само едната (не и на другата) страна од знамето, а и не е целосно идентично со бугарското, односно на нeго е напишан и текстот "Слобода или смрт" којшто не е може да се види на бугарското знаме.

Александар Стеванов

No comments: