November 24, 2012

Создавање и активноста на ВМРО до Илинденското востание 7. дел

Иван Катарџиев


Затоа не е воопшто чудно што по Солунскиот конгрес започнува процесот на брзо и масовно ширење на Револуционерната организација. Но ширењето на револуционерното движење во исто време исфрли и многубројни проблеми. Со сета острина се наложи прашањето за задоволуваље на финансиските потреби на движењето, потоа вооружувањето на револудионизираниот народ, создавањето оружена сила на Организацијата, развивањето револуционерна пропаганда, изградбата на револуционерна власт итн.


Еден од трајните проблеми, пред кој беше исправена револуционерната организација и кој имаше крупно значење за нејзиниот раст, за реализирање на нејзините основни цели, беше задоволувањето на финансиските потреби на движењето.Во почетниот пероиод тоа прашање немаше скоро никакво зиачење. Потребите на Организацијата се задоволуваа од личните средства на нејзините основачи и од членскиот внос. Меѓутоа, со растежот и развојот на револуционерното движење растеа и потребите за пари. Во 1895 година започнаа да се собираат доброволни прилози од побогатите граѓани. Граѓаните на Кукуш собраа меѓу себе 320 турски лири кои како помош ги внесоа во касата на ЦК.

Меѓутоа, во условите на масовно ширење на револуционерното движење, доброволните давачки не беа сигурен извор. Покрај членскиот внос, се помина кон воведување вонредни давачки за побогатите симпатизери. Но, ни тоа не беше доволно. Купувањето оружје бараше сè поголеми средства. Тоа принуди да се пристапи кон грабнувањето богати поединци, а особено странски поданици и Турци з а преку нивниот откуп да се дојде до средства. Нема револуционерен округ, во кој не беа преземани такви акции и кои често имаа кобни последици. Самиот Гоце Делчев реализира две такви грабнувања во 1897 и 1898 година, иако не успеа докрај да го исползува тоа.

Од сите обиди преку грабнување богати поединци да се дојде до пари, единствено успешно беше изведен планот со грабнувањето на американската мисионерка Мис Стон.

Во летото на 1901 година во Разлошко, во пиринскиот дел на Македонија, дојде до посетата на американската мисионерка мис Елен Стон. Сандански, кој веќе планирал да го домами во Пирин протестантскиот мисионер д-р Хаус, заедно со Чернопеев изврши брзи подготовки за акција и на 21 август 1901 година, кај „Потпрената скала“ на патот Банско — Горна Џумаја со својата чета ги грабна Американката мис Стон и нејзината другарка Цилка.

Заробувањето на американската мисионерка мис Елен Стон од Јане Сандански и неговите другари беше од вонредно значење за Организацијата. Во прашање не беше само материјалнага страна, туку и одредени политички последици важни за Организацијата. Тоа беше шанса да се слушне вистината за положбата во Македонија и за борбата на македонскиот народ за слобода која со сите средства се прикриваше од соседните балкански држави.

Сето тоа придонесе ситуацијата да се искомплицира вонредно многу. Турската власт настојуваше што поскоро да го ликвидира целиот случај. Истите цели, но од свои причини, ги гонеше и Бугарија. Освен потерите, што ги организираше на своја територија. таа ги покрена во Македонија врховистичките банди со задача да се грабне Мис Стон од Сандански. Дури во еден момент, врховистичкиот војвода Дончо успеа кај селото Тројско, Џумајско, да ја открие малата чета на Јане со заробеничките. Со 78 души четници врховистите напаѓаа 10 часа безрезултатно врз Јаневата чета.

И покрај сите пречки, оваа акци ја успешно беше завршена. Организацијата доби 14.000 турски лири, а жените беа ослободени. И не само тоа. Организацијата во морален и политички поглед доби вонредно многу. Стана јасно дека во Македонија постои масовна народна организација, без чија помош Јане не би можел успешно да ја изврши целата акција. Тоа му донесе нови симпатии на револуционерното движење.

[Конвертирање: Macedonian Documents; скен: Македонска Библиотека]   

No comments:

Post a Comment