November 24, 2012

Востанието на Петар Делјан (1040-1041), 2. дел

Востанието на Петар Делјан (1040-1041)

Извадок од третиот том на капиталното дело „Средновековна Македонија“ (стр. 51-60) од авторот проф. д-р Бранко Панов.

ВОСТАНИЈАТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ВО ХI ВЕК

1. ВОСТАНИЕТО НА ПЕТАР ДЕЛЈАН (1040—1041)

Водачот на востанието Пeтар Делјан потекнувал од царски род. Тој бил сиn на Гаврило Радомир од нeговата прва жeна. ќeрка на унгарскиот крал, која, како што известува Михаило Деволски, бремена ја избркал за да се ожени со Ирина, убавата робинка од Лариса.

Неслучајно на чело на востанието застанал Петар Делјан. Се уште биле свежи традициите за македонската држава, па затоа народот барал, како што известува Псел, предводници од „царски род". Со оглед на тоа што другите претставници на Самуиловиот царски род биле одведсни далеку во малоазиските поседи на Византија, а Делјан бил најблизу, решението паднало тој да ги предводи. Иако за некои од современите византиски автори Делјан важел како „незаконороден“, бидeјки се родил по разводот на Гаврило Радомир со унгарската принцеза, тоа не пречело народот да го издигне на штит и да му ја довери „власта“.
Востаниците си обезбедиле и извесна надворешна поддршка, во лицето на унгарскиот крал. Фактот дека востанието започнало во моравско-белградските области гранични со Унгарија, јасно покажува дска во него бил вмешан и унгарскиот владетел. Според Псел, Делјан бил доста „опитен во военото дело“, што најверојатно го изучил на унгарскиот двор.

Петар Делјан, откако бил признат „за цар“ од многубројната востаничка војска која се насобрала околу Белград, тргнал — известува Скилица — кон Ниш и Скопје. Насекаде каде што поминувала војската на Делјана била својски пречекувана и зголeмувана.

Кога се кренало востанието, византискиот император Михаило IV се наоѓал на лекување во Солун, па не можел благовремено да интервенира. Тој дури и не мислел дека опасноста е толку голема. Бил изненаден и управникот на Скопје. Со помошта од месното население, востаниците бргу го освоиле Скопје. Дури тогаш, со паѓањето на овој важен стратегиско-управен центар. Византијците му обрнале поголемо внимание на Делјановото востание.

Стратегот на Драчкага тема Василиј Синадии, ставајќи се на чело на „месните војски“, побрзал — известува Скилица — „да излезе против Делјан, пред злото да се зголеми и да залали пожар“. Но кога стигнал до Дебар, тој се споречкал со еден од потстратезите, Михаило Дермокаит, и бил наклеветсн пред царот дека замислува преврат. Веднаш бил отстранет од службата и затворен во солунската темница. Неговото место го зазел Михаило Дермокаит, кој ја „извршувал неопитно и лошо должноста и за кратко време сè обрнал наопаку“. Неговите потчинети, измамувани и ограбувани лично од него, не му укажале послушност. Војниците дигнале дури и бунт против него. Исплашен и оставен без поддршка. Дермокаит избегал. Побунетите војници — известува Скилица — „од страв пред императорот“ дигнале востание и прогласиле за цар еден војник „од својата средина, по име Тихомир, познат по својата храброст и разум“.
Новите настани се заканувале востанието да биде расцепено, зашто се создале два востанички центра, од кои едниот — известува Скилица — го признавал за цар Делјана, а другиот Тихомира. Но откако биле убедени и војниците на Тихомира дека единствено Петар Делјан го води своето „потекло од Самуил“, Тихомил бил убиен и на овој начин „целата власт минала во рацете на Делјана“.

Обединувајќи ги востаничките сили под единствена команда, царот Петар ги проширил своите акции. Со цел да се обезбеди откај Драч, каде што византиската флота можела во секој момент да истовари нова војска, Делјан таму испратил еден дел од својата војска. Поддржувана од населението, испратената војска успеала да ја потчини Драчката тема. На овој начин слободната востаничка територија значително била зголемена.

No comments:

Post a Comment