November 22, 2012

Создавање и активноста на ВМРО до Илинденското востание 5. дел

Иван Катарџиев


СОЛУНСКИОТ КОНГРЕС ВО 1896 ГОДИНА

Здобиеното искуство говореше дека патот за натамошниот успешен развиток на револуционерното движење, за запазување на неговата самостојност и самобитност наложува сосема јасна политичка и идеолошка ориентација во која ќе дојдат до израз стремежите на широките селански маси и ослободувањето од тесноградниот национализам, кој не им е туѓ на нејзините основачи.За да се решат овие ни најмалку лесни задачи, во летниот период на 1896 година во Солун беше свикан конгрес на Организацијата. На конгресот присуствуваа 15—16 души што значи дека немало претставници од сите градови. Меѓутоа, карактеристично е дека овде за првпат се собира најрепрезентативниот кадар на Организацијата. Покрај другите, присуствуваа Пере Тошев, Даме Груев, Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Христо Татарчев, Христо Матов, Петар Поп Арсов, Иван X. Николов и други.


Конгресот изврши анализа на дотогашната работа на Организацијата и врз основа на постигнатото, решително застанувајќи против сиот баласт, против сето она што го сопираше масовизирањето на делото, прецизно ги одреди неговите програмски принципи. Потоа, врз основа на прифатените принципи, Гоце Делчев и Ѓорче Петров беа задолжени да ги изработат проектите на Уставот и Правилникот.

Еден од основните принциии, усвоен на Конгресот, беше дека Организацијата ќе се бори и ќе ги штити интересите на сите угнетени народи во Македонија без разлика на верата и народноста. Тоа треба д а произлегува од нив и да се потпира на нивниот стремеж за слобода и рамноправност.

Прокламирањето на принципот, дека Организацијата е „внатрешна“, македонска организација во условите кога во Софија веќе беше создаден Врховниот комитет, со претензии да биде единствен раководител и претстваник на ослободителното дело во Македонија, всушност значеше издигнување на правото на Организацијата на полна самостојност и независност, особено во границите на внатрешноста на Македонија.

На тој начин овој принцип, изградуван низ револуционернага практика, се издигна до степен на идеологија з а самостојност и сувернитет на Организацијата. Во духот на ова идеологија, беше изменето и името на Организацијата. Тоа беше наречена „Тајна македонско-одринска револуционерна организација“ (ТМОРО).

Издигајќи го принципот на сувереноста и компетентноста на Организацијата по сите проблеми што се однесуваа за Македонија, таа всушност ги одреди и средствата со кои мислеше да ја постигне основната цел: полна политичка автономија на Македонија и Одринско, или уште поточно речено, таа настојуваше да ги обедини во едно цело сите недоволни елементи во Македонија и Одринско, без разлика на народноста, за извојување политичка автономија преку револуција . . (чл. 1 од Уставот).

[Конвертирање: Macedonian Documents; скен: Македонска Библиотека]   

No comments: