Иван Катарџиев
Кон
крајот на XIX век македонското национално движење навлегува во нова
фаза од својот развиток. До Руско-турската војна во 1878 година периодот
на легалните борби за добивање локална самоуправа главно е завршен.
Општествено-политичкиот развиток на Македонија по оваа војна поставува
нови задачи за решавање пред македонското национално движење. Тоа е
кршењето на постојниот турски општествен систем, борбата за независност и
сопствена државност. Настапува период кој бара, а, и самиот наложува
прегрупирање на националните сили за решавање на економските,
социјалните и политичките задачи на националното движење. Накусо речено, развитокот на националното движење ги исфрлува на преден план задачите, што произлегуваат од интересите на буржоазијата и кои можело да се решат
само со употреба на револуционерни средства. Суштината на тие интереси
пак е промена на земјишните односи, ослободување од стегите на
феудалното производство, создавање економски и политички услови за
развиток на капитализмот, односно овозможување природните богатства да
ги експлоатира сопствената буржоазија , што во крајна линија води и кон
изградба на сопствена државна организација.
Во оваа смисла интересите на македонскиот селанец се совпаѓаат со интересите на малубројната македонсќа буржоазија, а особено со интересите на интелигенцијата која во создавањето автономна македонска држава ја гледа сопствената афирмација како самостојна општествена сила.
Меѓутоа,
истакнувањето и поставувањето на овие задачи, како услов за логично и
успешно државно оформување на Македонија, во случајов не значи и нивно
автоматско решавање.
Од конкретната состојба, од
структурата и распоредот на општествените сили врз чи ја основа поминува
и се развива македонската револуционерна организација и целото
национално — револуционерно движење на македонскиот народ, ќе произлезат
и формулираните цели на револуционерното движење, одразувајќи ја на
таков начин и етапата од развитокот на македонскиот национален процес.
Со јакнењето на водечките сили во револуционерното движење во текот на
неговиот развој поопределено ќе се конкретизираат и непосредните задачи
на националното движење.
Во 90-те години на XIX век, почвата за појавата на организирано револуционерно движење веќе
е сосема подготвена. Тешките социјално — политички услови, што ги
продуцираше феудалниот систем, спонтано поттикнуваат кон создавањето
групи вооружени селани, кои се организираат за самоодбрана против разни
злосторници.
Податоците зборуваат, дека во 90-те години на XIX век скоро во сите делови на Македонија постоеле организирани групи селани за самоодбрана.
Истото
револуционерно расположение се чувствува и во другите општествени
слоеви. Во солунската гимназија, околу 1890 година, се појавув а
револуционерен кружок под раководство на Гоце Делчев. Македонските
студенти на Универзитетот во Софија, исто така, формираат своја
организација: „Македонска студентска дружба“ итн.
Најопшто
речено, веќе се на лице сите услови за појава на
национално-револуционерно движење кое ќе ги обедини расфрланите и
расцепкани сили, кое ќе знае да ги канализира тековите на националната
енергија на македонскиот народ во една моќна револуционерна организација
која од основа ќе ги разниша темелите на Турската империја.
[Конвертирање: Macedonian Documents; скен: Македонска Библиотека]
[Конвертирање: Macedonian Documents; скен: Македонска Библиотека]
No comments:
Post a Comment