Поради саможртвата на спасителот Исус Христос, кој што со тој чин го избавил светот од гревовите, во христијанското учење, меѓу другото, крстот станува симбол и на спасението. Во Македонија, која повеќе пати е спомената во Библијата, улогата на крстот за време на петвековниот османлиски период е многу повеќе од само симболична.
Во американскиот весник The St. Louis Republic, во статија од 5 април 1903 година, за крстот како спасител на македонските жени пишува:
„Тетовираниот крст ги штити жените. Жените христијанки од Македонија, означени со крст меѓу очите.“
Според истата статија крстот бил тетовиран на „сите девојчиња кога ќе покажеле знаци на полова зрелост или пак на исклучителна убавина, за да се спречи нивното грабање од страна на Турците.“
Причините поради кои оваа практика била спроведувана се опишани и во статијата со наслов „Македонски бегалци“ (Macedonian refugees), од илустрираниот додаток на американскиот весник New-York tribune, од 5 април 1903 година:
„Било вообичаено во една провинција да се крадат млади христијански девојчиња за харемите на турските управители и другите претставници. Штом женските деца ќе почнеле да се развиваат во жени, мал крст бил тетовиран помеѓу нивните очи. Крстот ги спасувал овие девојчиња од харемите. На многу жени од војниците им биле одземени женските деца и тоа пред нивните очи, а ако мажите се противеле биле стрелани на лице место.“
Па така, иронично, убавината на Македонката, наместо предност и повод за гордост на нејзините родители, како што е во нормалниот свет, се претворила во огромна маана.
Случаите на грабнувања на македонски жени од страна на турските војници се спомнати и во францускиот весник La Vie Populaire, во статијата од 24 февруари 1903 година, насловена како „Злосторствата во Македонија“:
„Ниту жените не се заштитени од насилствата и во повеќе села се пријавени случаи на грабнувања.“
Во илустрираниот додаток на весникот New York Tribune од 26 април 1903 година, ваквата практика на тетовирање на младите Македонки, со цел да се спасат од грабање, повторно е спомената:
„Селски жени нагрдени со неизбришлив крст меѓу очите. Кога беа мали тие покажаа знаци на убавина и нивните родители ги означија (со крст) за да ги спречат Турците да ги грабнат за харемите.“
За тоа како крстот ги спасувал Македонките од грабнување во истиот весник кратко, но доволно јасно пишува:
„На Турците им се гади од крстот.“
Но Македонките освен што барале заштита и спас од крстот исто така и тие самите го заштитувале христијанството и одбивале да се потурчат. Можеби најпознат ваков пример е историјата на Света великомаченичка Злата Мегленска која и покрај најсуровите измачувања и заканата за смрт одбила да се откаже од христијанството и да се потурчи.
Македонскиот народ случаите на грабања на убавите македонски моми и за нивниот отпор против потурчувањето ги преточил во песните „Ајде слушај, калеш бре Анѓо“, „Мома уф зандана“, „Се свалила Митра долу во градина“, „За Фросина, “Марие млада невесто“ и др.
Александар Стеванов, објавено во Нова Зора (на грчки јазик) и во Македонска Нација

No comments:
Post a Comment