..Тоа, внуче мое, што ти кажував понапре, со Илинденот бидна што бидна, а сетне годините си врвеа. Јас станав силно момче,имав 20 години. Во Прилеп пазарен ден е сабота и татко ми Петре два пати во месецот ме праќаше да одам во Прилеп да купам: шекер, кафе, сол, газија и друго. Така една сабота јас и братучедине Бозоски уште од рано, рано сабајле (кај еден саатот ноќта) тргнавме пешки да одиме за Прилеп. Кај Алило, Јонѕа свика - Енего вампиро, натемаго. Арно ама за среќа тогај пропеаја првите петли и сеништето се стори невиден бист и така слободно си го продолживме патот. Абре-дебре, абре-дебре, кај попат, кај прекутрупа, и кога не’ раздени, веќе бевме стасани во Прилеп.
До десет саатот сè испазаривме. Потоа седнавме во слаткарницата „Роза“ малку да се одмориме, да се напиеме боза и да поткасниме леб и алва. Тогаш од некои луѓе слушнавме дека кај женскиот пазар имало панаѓур и отидовме да видиме што е работата. За бељата таму имаше некои Ѓупци од Кичево, кои имаа една мечка и се кладеа кој ќе ја кутни ќе му дадат пет грошеви. Ако падни човекот тој дава пет грошеви на Ѓупците. Братучедине знаеја дека сум силен, ме тераа да се борам со мечката. Јас навистина немав страв оти сум слушал од стари, прастари дека на мечката слаба точка и е папокот. Иако мечката беше голема, еве на чоечка висина, јас решив да се борам. Со левата рака ја фатив мечката за гуша, а со десната од недопица, наврапито, силно ја стегнав за папокот. Мечката се стресе, рикна и јас ја потиснав на земја. Ѓуптинот се лутеше ама мораше да ми даде пет грошеви, кладба си е кладба.
-Бравос бе момче, алав да и е на таа мајка што те родила, ми рече градоначалникот на Прилеп Рампо Ачкоски и за спомен ми подари еден позлатен револвер, кој сетне во партизанското ми го зедоја комунистите. Така тој ден во Прилеп се прославив со тоа што ја кутнав мечката. После на селски сведени, многу години луѓето ме викаа да ме почестат вино или ракија чунки и селото Загорани сум го прославил... Иначе јас како млад бев пољак, многу години ги бранев нивјето загоречки да не влези некој нешто да укради или да ја напасува стоката во необрано и неожнато. Еднаш бев накај Галичко и кога, еве ти го Недана од Кадино село да ги напасува бравојте во нивјето наши, загоречки... Јас многупати му велев пред тоа - Недан не пуштај ја стоката ќе се караат селаните и пак тој не ме послуша. Јас се подзатскрив зад една грмушка и со пушката пукнав и му отепав два брава. Недан ме даде на давија во Тополчани и кмето ме повика ама јас му раскажав како што беше и дека морам како пољак да ги чувам нивјето, оти за тоа сум платен. Оди, бркај си ја работата, правилно си постапил, ич да немаш гајле - ми рече кмето, а со Недана не знам шо напраја дали го искараа или не, ама од тој ден не пуште појќе стока во загоречко... Тоа беше во второто српско, а уште пред тоа, се отвори силен џенг (војна).
Од една страна Србија, Русија, Франција и Англија, а од друга Бугарија и Австро-Унгарија. Во 1914 година некои млади Срби го отепале царот Фердинанд и така почна војната. Тоа време по патиштата наши вриеше од војски, како мравки, иље-миље. Туку еден ден Бугарите нè мобилизираа мене и Недана братучедон, син на Ордан Јонов Бозоски. Ние сме се бореле со Французите. Фронтот беше долу кај битолскине села Добромири, Паралово, Кукуречани. Војната беше да ти била лоша работа, едвам извадовме жива глава, а не оти знаевме за што се бориме, чунки и жална Македонија од бугарска управа по војната дојде под српска управа и пак си остана под туѓа власт. Ама сме биле млади, силни, здрави и од ништо не сме се плашеле и то нè крепело во живото. После, во српското не беше ништо поарно. Во 1929 година крало Караѓорѓевиќ пушти многу погани закони. Така еднаш мене ми се случи да одам за Тополчани и сретнав двајца џандари кои ми ја побараа табакерата да видат дали пушам качак кој беше забранет, беше дозволено само шиени цигари. Најдоја само две ронки тутун и си платив глоба...
Ете така дете мое сме го тргале веков, сенки некој убањи сме виделе, ама пак сполај му на Бога, не успеале да нè сотрат и еве денеска Македонија слободно живеј. А сетне кога дојдоа комунистите ич не мислеа за народот и за селата, пак беше тешко... Со баба ти Ѓела имавме шест деца: Крстана, Василка, Мара, Љубика, Цена и Даница. Почнаа да ми се мажат една по една и ми беше многу тешко бидејќи немав луѓе за работа, а имав многу земја. И така и реков на ќерка ми Цена со зетот Христо ако сакаат нека си дојдат тука од Ерековци, да живеат и да работат. Така и бидна. Ни тргна многу за напред, направивме нова куќа, се родија две машки деца, Гоце и Цане и јас бев многу среќен. Така годините си врвеа и јас остарев, дочекав да се стави струја во Загорани, купивме радио. Многу сакав да ја слушам и да ја пеам песната „Пијан идам од града Велико моме сен-ѓузел“. Ќе си легнев така во огратчено наше во пролетно време и ќе си пеев. Тогаш ќе дојдеше внучето Цане и ќе ме тераше да му раскажувам за куметите...
А сега сум многу уморен, еве ако сака баба ти Ѓела нека продолжи да ти раскажува. Ај стара кажи му нешто на детево, гледаш уште од прво одделение колку се интересира за старите времиња.
Ами,што да кажам а душко, не оти сум излегла од дома да видам нешто па да ти кажам. Јас сум родена во 1890година во село Лознани, во фамилија Дренковци. Се засакавме со Анѓелета и се зедовме. Госпо нè благослови со многу деца... Сум ја крепела куќата колку сум можела, дочекав внуци и паравнуци и сега душата полна ми е со радост...

Цане Николовски, објавено во Македонска Ризница, бр. 2
No comments:
Post a Comment