October 7, 2012

Прва македонска егејска бригада 5

Првата народноослободителна ударна бригада на HOB и ПОМ од Егејска Македонија

Благоја Талески

Во времето по неуспехот во преговорите со владата во бегство и со граѓанските партии во август 1943 година во Каиро за постигнување политичко единство, грчкото раководство на движењето на отпорот, реши да задоволи некои од барањата на Македонците. Без да се менува фундаменталната линија и платформа, под притисок на околностите, допушти да се направат некои позитивни чекори.

Имено, на 1 септември 1943 година, во Корештата, Костурско, беше формиран македонскиот партизански одред „Лазо Трповски", со командир Наум Пејов и комесар Мичо Шишковски. Одредот бешв составен од Македонци. За разлика од другите единици на ЕЛАС, борците на овој одред на своите партизански капи ставија петокраки ѕвезди. Како македонски партизански одред во составот на ЕЛАС, тој дејствуваше девет месеци, кога беше расформиран а борците припоени на ВИЧ.

Вториот позитивен чекор претставува формирањето на Славјаномакедонски народноослободителен фронт (СНОФ) во октомври 1943 година, како организација на македонскиот народ во Костурско и Леринско, со свои окружни раководства, со раководства и организации во градовите и селата, со перспектива такви да се формираат во цела Егејска Македонија и на тоа ниво да се конституира раководство кое ќе делегира свои претставници во раководството на ЕАМ на Грција. Но тоа не се реализира. Основа на тоа македонско движење претставуваат токму борците на расформираниот партизански одред "Лазо Трповски" и нивната општествена база, населението во Западна Македонија.

Дотогаш скоро во истиот временски период, во Воденско беа присутни подруги тенденции, сеедно што борбата беше во подем, со бројни диверзангски групи кои прераснаа во партизански одреди, односно во 30—полк на ЕЛАС лоциран на Пајак, а вториот баталјон на Кајмакчзлан; што, раководните јадра и составот на КПГ, на ЕАМ, на МАО и на другите организации, како и на партизанските единици на EЛAC, беа претежно од Македонци, кои беа носечки организатори и раководители на севкупната антифашистичка активност. Но наспроти тоа, Покраинскиот комитет на КПГ, започна да изразува недоверба кон бројни македонеки комунисти израснати и потврдени во редовите на КПГ, низ борбата против националистичките и фашистички грчки влади и против окупаторите, со притисок за измени во раководниот кадар. На одделни партиски функции Македонците комунисти беа заменувани со комунисти од грчка припадност. Наскоро потоа во октомври 1943 година Окружниот комитет на КПГ донесе решение за расформирање на МАО, со објаснение дека таа попречува грчките патриоти да се вклучуваат во редовите на НОБ; кадровите на МАО да се стават на располагање на ОК КПГ, а членството да се распореди во антифашистичките организации раководени од КПГ. (Вајановски. исто стр. 98 -99).

ВО 1943 ГОДИНА СЕ УНАПРЕДИ и дотогаш живата соработка помеѓу пограничните организации на КПЈ и КПГ.


















Врз основа на иницијативите на КП на Југославија, во 1943 година се прошири и зајакна обострано корисната соработка со народно- ослободителните движења на соседните балкански земји. Движењата на Југославија и Албанија веќе имаа постигнато завидни резултати и ослободено големи територии. Тоа ја даде и извонредната можност за запознавање со резултатите на народноослободителната борба на Југославија, да се слушнат и да се видат Титовите партизани и да се почувствува нивниот дух и идеи, што оставаше силни впечатоци и кај борците и кај народот во Егејска Македонија. Особено силно влијание имаа решенијата на Антифашистичко веќе на народното ослободување на Југославија и Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија.

Андреас Џимас, еден од врвните раководители на Комунистичката партија на Грција во годините на војната мошне позитивно ги оценуваше односите и заемно корисната соработка меѓу народноослободителните движења на Грција и Југославија, посебно соработката меѓу партизанските единици, во врска со што, покрај другото, вели:

"... еден од факторите што придонесе да ги привлече Славомакедонците решително во борба против окупаторите, покрај поврзаноста што ја имаа во грчкото демократско движење, беше и влијанието што го извршија Македонците — партизани на Југословенска Македонија. При нивното минување во Леринско, Костурско и Воденско ги скршија и последните остатоци на контрачетништвото и создадоа ново раздвижување и дух во борбата на нашите Македонци против окупаторите. Во македонските баталјони или во редовите на EЛAC, Македонците застанаа на страната на грчкиот народ во тешката и сурова борба против окупаторите...". (AM, фонд Андреас Џимас).

He е случајно, се вели во еден друг документ дека „таму каде што престојуваа и дејствуваа политички работници и партизански одреди од Вардарска Македонија, како што беа тие со Коле Канински, Киро Крстевски — Платник, Тодор Ангеловски — Строгов, браќата Анести и Гавро Пановски и други, непријателот, односно бугарскиот окупатор и покрај неговите настојувања не успеа да ги заведе Македонците и да ги вооружи. Тоа, пред се, се должи на правилната политичка ориентација што ја добиле Македонците од спомнатите политички работници и партизани од Вардарска Македонија", се констатира во документот.

No comments: