September 21, 2012

Александар Велики - Индија

Инвазијата врз Индија

Во раното лето во 327 година пне, Александар ја напуштил Бактрија и со засилена армија се упатил кон Индија. Тие поминале низ Хинду Куш, а потоа дел од неговата армија командувана од Пердика и Хефестион поминала низ преминот Кубер, а Александар се упатил кон северните планини. Тој брзо напредувал и откако го освоил Аорнос тргнал кон Сват и Кандахара кои што исто така за кратко време ги освоил.

Во пролетта 326 година пне влегле во Таксилија и се соочиле со нејзиниот владетел Таксил. Место војска таму ги пречекал кралот лично и откако се поздравил со Александар му рекол дека нема потреба да се бори со него затоа што ако има повеќе леб ќе го подели со него, а ако не нема да се срами да прими. Кога го слушнал ова Александар се изненадил и му рекол дека и покрај мудрите зборови тој сепак нема да помине без битка, туку ќе мора се натпреварува со него во правење добри дела и му подарил 100 000 таланти со што ја добил битката.

По ова Александар се соочил со многу повоинствениот владетел Пор. Бидејки непријателската армија била на спротивната страна на реката Хидасп, Александар зел дел од својата пешадија и најдобрата коњаница и тргнал по течението на реката. Ноќното небо било многу облачно, почнало да врне и да трештат молњи, па преминувањето на Хидасп не било лесно, а некои војници дури и загинале од молњите. Откако ја преминале реката, Александар со својата коњаница се оддалечил дваесетина километри од пешадијата, а кога слушнал за ова Пор веднаш го нападнал. Битката траела десет часа, но на крајот Александар сепак победил. Непријателот ја имал таа предност што кога ќе почувствувал опасност можел да се скрие на средината на слонот, а Поровиот слон бил толку умен што и тоj самиот се борел против Македонците.

















La Bataille de Porus (ou Poros, roi du Panjab); Le Brun Charles (1619-1690); Paris, musée du Louvre, D.A.G.















Alexandre et Porus ou La Défaite de Porus; Le Brun Charles (1619-1690); Paris, musée du Louvre, D.A.G.










Alexandre et Porus; Le Brun Charles (1619-1690); Paris, musée du Louvre

















Александар го победува кралот Пор (Alexander defeats King Porus in single combat) West Flanders; c. 1325-1335

Откако го заробил Пор, Александар го поставил за негов сатрап на земјата со која владеел, а згора на тоа под негова власт му се доделиле и уште неколку градови. На другите места за сатрап бил поставен Филип. Во Индија, македонската војска претрпела големи загуби. За разлика од Персија каде што угнетените луѓе го дочекале Александар како ослободител, во Индија слободољубивиот народ дал силен отпор.

Во јуни истата година Александар ја извојувал својата последна голема победа на левиот брег на реката Хидасп. Таму му умрел коњот Букефал, кој што бил стар 30 години. Набргу потоа Александар изградил град и во негова чест го нарекол Букефалија. Подоцна кога му пцовисало кучето Перита изградил град и во негова чест, а за да ја означи оваа победа го изградил градот Никеја.

No comments: