Спомен од Илинденското востание во костурско
Битката беше изгубена. Востаниците кои што без никаков ред отстапуваа, изморени, гладни и жедни, бавно слегуваа по северните стрмнини на „Црн врв“, за да ги заземат височините на Вич. Турските куршуми, кои просвируваа над нивните глави, не ги загрижуваа.
Последни одеа двајца. Тие со наведнати глави се симнуваа по гребенот, се престигнуваа и повторно одминуваа без да си речат ниту збор. Ниту свирежот на турските куршуми не ги загрижуваше. Тие одеа бавно и беа под страшниот впечаток на штотуку преживеаното – вечната разделба со многу свои другари, кои ги оставија како храна на орлите.
Кога стигнаа над селото, на височината „кулата“, тие инстинктивно запреа и се свртеа наоколу. Во нивните глави веднаш се појави необичната слика од трагедијата, која што неминовно ќе се случеше со селското население, кое сѐ уште не беше успеало да се повлече во планините.
- Аскерот е близу и многуброен. Уште малку и селото заедно со луѓето ќе биде унишено – рече едниот.
- Испразнувењето е задоцнето. Да направиме нешто додека се оддалечат жените – надополни другиот. Добро, уловувајќи го мигот, тие веднаш залегнаа и ги свртеа своите пушки кон аскерот, кој надоаѓаше од „кајнако.“
Наскоро височината се покри со чад. Аскерот запре. Се слушна воената труба. Еден одред тргна кон височината и град од куршуми се истури на „кулата.“
Додека аскерот ја заземаше височината, населението тргна по стрмните падини на Вич, а веќе празното село остана да ги чека своите разрушители.
Не по долго, голем столб од црн чад се вивна кон небото. Целото село гореше во пламен.
Така, по чудо, благодарение на херојството на двајцата, од срам и погубување беше избавено населението на селото Черешница на 27. август 1903 година.
А.Д.
превод: А.С.
Извор: Илустрација Илинден (Македонска ризница, број 1, 4 август, 2012 година).

No comments:
Post a Comment