August 14, 2012

Грчкиот зет проговоре за големите грчки лаги

Пред неколку месеци забележав дека на сајтот www.holidaystogreekislands.com чија што цел, како што кажува името, е промоција на туристичкиот потенцијал на Грција (односно грчките острови), се линкувани статиите „Големите грчки лаги“ на Ристо Стефов кои што на овој блог се поставени со дозвола.

Авторот на www.holidaystogreekislands.com напишал дека сајтот е место каде што ќе најдете приказни за убавата земја Грција, но тоа не му пречело да ја прикаже и не толку убавата вистина во врска со лагите кои Грција ги пласира за нашата земја и нашиот народ.

"This is where you’ll find tales of the beautiful country that is Greece"

Авторот дури е оженет за Гркинка, но сепак за работите да ги прикаже балансирано и објективно тој ги линкува статиите од серијалот „Големите грчки лаги“ кои што ги нашол на овој блог.

Потегот на авторот на www.holidaystogreekislands.com заслужува аплаус. Да се надеваме дека што повеќе Грци и дека што повеќе прогрчки расположени странци ќе чујат и ќе ја поддржат и македонската вистина.

No comments: