July 12, 2012

Александар Велики - Мала Азија

Освојувањата во Мала Азија

Во зимата 334-333 година пне, Александар го продолжил освојувањето на јужниот дел од Мала Азија, освојувајќи ги градовите Ликија и Писидија. Во пролетта 333 година пне, го продолжил походот кон исток, движејќи се по патот за Перга и минувајки преку планината Климакс. Тој бил решен да го покори целото Малоазиско крајбрежје сè до Киликија, да се префрли на источниот дел од Арапскиот полуостров и да ја освои Феникија. Неговото преминување и освојување на Памфилија, многу историчари го искористиле за вметнување на фантастични приказни.

Од Памфилија, Александар со својата војска тргнал кон север, каде што ја освоил Фригија, а потоа и градот Гордион. Овој град, според легендите бил престолнина на кралот Мида кој што сè што ќе допрел го претворал во злато. Во тоа време Гордион бил најпознат по Гордиевиот јазол. Еден ден додека Александар се одмарал во својот шатор, дошол гласник и му кажал дека во градот постои јазол кој што досега никој не го одврзал, а според верувањата, оној кој што тоа ќе го стори - ќе го освои светот. Александар, израдуван од можноста која што му се нуди, веднаш отишол на тоа место. Откако добро го разгледал јазолот, го извлекол мечот и отсекол еден дел од него при што се појавиле повеќе краеви. Убеден во вистинитоста пророштвото Александар решил да го продолжи походот.

Во тоа време на Александар му стигнал абер дека умрел Мемнон, храбар командант на елинските платеници во морнарицата на Дариј. Од Гордион, Александар и македонската армија походот го продолжиле кон Анкира (денешна Анкара), потоа ја покориле Пафлагонија и Кападокија и тргнале кон југ и ја освоиле и Килилија.


















Alexandre le Grand sauvé de la rivière Cydne; Testa Pietro (1611-1650), il Lucchesino (dit); Etats-Unis, New-York, The Metropolitan Museum of Art

Alexandre Le Grand retiré des eaux du Cydnus; Leyniers Jan (17e siècle); Roumanie, Bucarest, musée national d'Art

Болест го задржала Александар во Киликија подолго време. Болеста веројатно била причинета од големиот замор или пак од настинка, бидејки се капел во студените води на реката Кидно. Ниеден лекар не се осудил да го лекува, плашејќи се од судбината што може да го снајде ако не успее да го излечи. Подоцна некој лекар на име Филип му подготвил лек од кој Александар за кратко време оздравел и го продолжил походот.

No comments: