Спомени за татко ми - Густав Влахов
ДИМИТАР ВЛАХОВ
Во септември 1925 година во Виена по подолги подготовки, доаѓа до одржување на Првата конференција на претставниците на разните револуционерни движења од сите краишта на Македонија. На таа конференција претседаваше Д. Влахов. На конференцијата беше избран Централен комитет на ВМРО (об) во состав: Ранко Брашнаров, Христо Јанков, Димитар Влахов, Георги Цанков и Димитар Арнаудов, а за кандидат ка ЦК — Ризо Ризов, Павел Шатев и Владимир Поп- Томов. Во тоа време (Се однесува на 1926 година и натаму) ние веќе имавме значителни успеси во Вардарска Македонија, каде што Ранко Брашнаров и други наши другари таму успеаја да организираат групи во разни градови на Македонија, како што се: Велес, Скопје, Куманово, Штип, Радовиш, Кавадарци и други места. Овие групи при немање солидни комунистички групи во тие места му укажуваа суштествена помош на самото комунистичко движење во Македонија со распространување разни апели на ПК на КПЈ, предавање писма, востановување врски и др. (Од уште необјавените Мемоари на Д. Влахов, том II стр. 23).
Слични групи, со вкупно околу 700 членови, беа создадени во Егејска Македонија — главно во Леринско и Костурско, додека претставници на ВМРО (об) за тој дел беа Неделко Поп Неделков и Андреј Чипев.
Во Пиринска Македонија постоеја 14 групи, а на чело на Обласниот комитет на ВМРО (об) се наоѓаше многу познатиот и смел борец Симеон Кавракиров.
Во тој момент беше потребно што повеќе да се сврти вниманието на светското јавно мнение за положбата на Македонците, а исто така и за положбата на другите народи на Балканот, зашто насекаде беснееше теророт познат под името „бел терор“. Задачата на таа акција беше исто така осветлување на положбата на македонскиот народ во сите три дела и добивање поткрепа за делото на Македонската револуционерна организација.
Иницијативата и извршувањето на оваа задача се сврзани со Д. Влахов кој го спроведе тоа со помош на списанието „Балканска федерација“.
За таа цел најпрвин беа напишани околу 200 писма што беа испратени до голем број познати јавни работници во Европа. За ова многу добро се сеќавам, зашто учествував во преведувањето некои од тие писма на германски јазик. Одговори пристигнаа од околу сто и педесет јавни работници, кои беа печатени во списанието „Балканска федерација“. Меѓу оние, што одговорија, се наоѓаа и такви имиња како што се Анри Барбис, голем француски писател и јавен работник, потоа Даниел Рену, Габриел Пери, Рене Аркос, Панајот Истрати, Марсел Вилард, Фердинанд Буисон, Алберт Ајнштајн, Шарл Рапопорт, Жан Лонге, проф. Неједли, д-р Еленбоген, Леон Никол и уште многу други. Од Југославија одговори познатиот политички и јавен работник Филип Филиповиќ, а од бугарска страна — Васил Коларов и Георги Бакадов.
Како резултат на разгранетата активност во почетокот на 1927 година доаѓа до создавање Комитет за соработка на националните и национал – револудионерните движења на Балканот. Како претставник на ВМРО (об) во тој комитет беше делегиран Д. Влахов, кој беше избран и за секретар на Комитетот. Во комитетот влегоа претставници на Албанската организација за национално ослободување, чиј водач беше познатиот албански јавен работник Фан Ноли, потоа претставници на Косовскиот комитет, на Добруџанската револуционерна организација и на Тракискиот комитет.
Комитетот за соработка и ВМРО (об) беа официјално поканети да испратат делегација на прославата на десетгодишнината на Октомвриската револуција, што се одржа во 1927 година во Москва. Од страна на ВМРО (об) во делегацијата беа Димитар Влахов, Георги Цанков и Павел Шатев. Од другите организации учествуваа Фан Ноли, Бошнак, Бедри Пеани, Ибраим Гакова и Врбан Петров.
По доаѓањето на Хитлер на власт во текот на март 1933 година Д. Влахов беше принуден да го напушти Берлин и да се префли во Париз. Бидејќи бев доста активен во студентското комунистичко движење, морав и јас да отпатувам за Виена, а мајка ми, заедно со внука си Невена Влахова, која живееше и студираше кај нас, останаа да завршат некои работи. Се сметаше дека ним како на жени ништо сериозно не може да им се случи.
Но германските власти ги уапсија и по доста силен притисок, главно од страна на француските јавни работници, беа пуштени од затвор дури по три месеци.
Bo тоа време веќе ce прочу дека Георги Димитров заедно со Попов и Танев се уапсени и дека германските фашисти сакаат да ги обвинат за потпалувањето на Рајхстагот. На Хитлер, Гебелс и Геринг им беше потребна една ваква провокација за да можат да се пресметаат со левицата во Германија, која на последните избори сè уште имаше преку 12 милиони гласови, а особено против Комунистичката партија на Германија која со околу 5 милиони гласови претставуваше доста силен фактор.
Но како што е познато, оваа провокација германските фашисти не само што не можеа да ја искористат туку тоа и многу скапо го платија, зашто меѓународното јавно мнение мошне компактно и борбено се сврте против нив, а и многу цврстиот став на Советскиот Сојуз и притисокот што го вршеше тој, доведе до тоа фашистите да бидат принудени по прочуениот Лајпцишки процес да го пуштат Димитров со другите, кои отпатуваа за СССР.
Но овој потег, оваа провокација, им даде на Германските фашисти доста голема слобода на внатрешен план. Тие го заплашија германскиот народ, ги уапсија сите што можеа активно да се спротивстават, беше обезглавена работничката класа и со тоа ширум отворена вратата за непречено спроведување на најсуровиот и најѕверски терор што дотогаш го познаваше човештвото, a се отвори и вратата за се побрзо подготвување верижни агресии што доведоа до Втората светска војна.
Bo борбата за собирање на сите прогресивни сили за ослободување на Г. Димитров, за жигосување на германскиот фашизам, определено место му припаѓа и на Димитар Влахов.
Кога се слушна за апсењето на Г. Димитров и дека обвинението е во врска со палењето на Рајхстагот, Д. Влахов со својот другар Дикран Завену го посети најпрвин Марсел Кашен, директор на весникот „Иманите“ и му даде исцрпен материјал за да може тој самиот да напише неколку статии.
Го посетија исто така, Секретаријатот на ЦК на КПФ, како и одделни членови на ЦК со кои Д. Влахов имаше личен контакт. Меѓу другите, тоа беа Марсел Кашен, Габриел Пери, Даниел Реиу, Жак Дикло и други.
Д. Влахов подготви материјал во врска со првата седница на Политбирото на КПФ, на која се донесе решение за започнување кампања за ослободување на Димитров и другарите. За таа цел беше основан и специјален комитет (Комитетот ја објави и книгата „Кафена книга“ (Das Braunbuch) во која Д. Влахов го напиша делот што се однесува на бугарските комунисти), во кој влегоа мошне угледни имиња како што се Брантинг од Шведска, адвокатот Розекберг, Вили Минценберг и др.
Продолжува
[Конвертирање: Macedonian Documents; скен: Македонска Библиотека]
Обработка Дукадин и А.С.

No comments:
Post a Comment