July 5, 2012

„Поглед врз европска Турција“ 1828 година 2. дел

Романија или Тракија, во поранешните времиња, составувале многу држави, кои веројатно не биле необразовани, за што древните Грци им должат за некои податоци во убавите уметности и особено во земјоделството. Овие држави, соединети за време на римското владеење биле подложени на отоманското ропство истовремено со Андријанопол.

Просторната Тракиска долина се формира со р. Марица и притоките што се влеваат во неа. Оваа река, бидејќи е одделена од Црно и Мраморно Море со планини, ги влева своите води во Архипелагот. Сета Тракија, почнувајќи од Север кон Балканите, а од исток и запад опкружена со огранци на целиот гребен, непрестајно снижувајќи се онака како што се оддалечува од главниот венец — има незабележлив пад кои архипелашкото море и составува рамница малку испресечена. Житни растенија и ситe животни продукти на Европа, се раѓаат во неа во изобилство. Но свиларството и памукот, кои бараат подобра клима, тука донесуваат високо богатство. Маслинка расте само во местата закриени од североисточните ветрови.

Волна, биволска кожа (често сиромашна), многу зајачки кожи и неголемо количество груба памучна ткаенина и свила од низок , ружи од сите бои, жито и малку восок - составуваат главни предмети на надворешната трговија на сета провинција.

Доволно е да се споменат заливите Енос, Константинопол, Босфор и Хелеспонт, за да се знае дека Тракија, сега бедна и ненаселена, може по плодородноста и својата положба, да се претвори во една од поблагословените земји во светот.

Турците ја разделиле Тракија на три санџака: 1. Визе, на исток, наречен по името на престолнината на древните цареви на Тракија (во неа се вклучува Константинопол, завојуван по оваа поделба; 2. Кирк Еглези, или 40 цркви, што се простира на запад; и 3. Галиполи, што зафаќа дел од сета провинција од блиските Пангејски Планини до Кавала.

Константинопол, под името Византија, грчки град, независен од царевите тракиски, кој ја зачува независноста и името на нов Рим, околу сто години откако е покорен Андријанопол од турскиог султан, претставува сосем посебна земја, уште повеќе што планините, кои се протегаат по должината на Прононтиди и Црно Море, го одделуваат исто така и крајбрежниот дел од тие мориња, од главната романска долина.

Македонија, ограничена од север со високи планини од централниот венец од исток — со планините Пангејски, паралелни со Родопите од запад — со поголем венец на Мезов или древниот Пинд на југ со планината Олимп и Тесалија, се состои од многу широки, просторни и затворени долини, чија источна страна е попогодна за земјоделство и производство на секакви растенија отколку западната. Стримон или Бгрису, Аксиј или Вардар, Бистрица или Еригон, Платамон или Алијахмон — образуваат величествени, вонредно плодни рамници, кои произведуваат одличен квалитетен памук, свила грозје, маслинки и жито.

Заливите: Салоникски (Sinus Thermanus), Касандриски Афопски Гори и Контески (Sinus Stiimonikus), далеку засекувајќи во копното и затворени од бурни северни и североисточни ветрови, како да се предзначени од самата природа за раширување на надворешната трговија на Македонија.

Македоњаните што живеат во земјата, чија положба е планинска и налегната кон исток, според мислењето на Ипокрит многу поволна за развој на човечките способности, земајќи просветување од Грците, — брзо избиле со посебен блесок на политичката сцена. Посилни бројно, со природни способности, со телесни квалитети и знаења добиени со образование — тие вчас ја поробиле Грција и за не многу години го рашириле своето владеење сè до границите на Хиндустан.

Продолжува

No comments: