Уште од 1937 год., како што може да се види и од наведената библиографија, Хаџиманов почна да објавува и да снима на плочи наши народни песни со македонско национално обележје. Такви и ги пееше по радиостаниците и на разните концерти.
He е излишно да се спомене дека меѓу првите записи на фолии во Белград беа токму македонските народни песни интерпретирани од него и од неговата фолклорна група од Кавадарци. Исто така е значајно дека овој Тиквешки фолклорен ансамбал што го водеше Васил Хаџиманов, со своите играчи, пејачи и свирачи, трипати успеа да застане на челното место на Југословенскиот фестивал за народни песни и ора во Белград, а во 1939 год., како најдобра фолклорна група и Хаџиманов како најдобар интерпретатор, беа избрани да ја репрезентираат Југославија на Интернационалната изложба во Њујорк, но почнувањето на Втората светска војна го осуети патувањето.
Вo рамките на бугарско-југословенската размена, во 1939 год. Хаџиманов пее македонски народни песни во Софија, кои тамошниот печат ги означи како бугарски, додека во 1942 год., кога почна да исполнува самостојна емисија од истите тие македонски народни песни преку тогашното Радио Скопје, уште при втората песна емисијата беше прекината, зашто цензорите установиле дека пеел „посрбени“ песни! Дури по 9 септември 1944 год., како член на партизанскиот одред „Јане Сандански“ Васил Хаџиманов бива поканет во Софија и преку бугарското радио првпат непречено исполни цела емисија од истите македонски народни песни што ги пееше порано по Југославија. А во 1947 год., како шеф на Редакцијата за народна музика на Радио Скопје, доживеа слободно не само да ја собира и да ја проучува, ами и да ја обработува и да му ја враќа на народот народната песна што претставува овиден дел од македонската национална култура.
Во целиот повоен развој Васил Хаџиманов е в првите редови на фронтот за собирање и проучување на македонското музичко народно творештво. Неговата збирка македонски народни песни и ора ја надминува бројката од 8.000. Скоро 5.000 се средени во ракописни зборници. Меѓу другото, на магнетофонска лента се забележани и околу 700 албански народни песни и ора и близу 500 тажалки од земјотресот во Скопје што предизвикаа посебен интерес во светската фолклористичка јавност. И од сите тие досега собрани материјали се објавени само околу 800 народни песни.
Освен собирачката активпост, Васил Хаџиманов се афирмира и како трудољубив истражувач на нашиот фолклор. Има настапено на 7 конгреси на Соузот на фолклористите на Југославија и на исто толку конгреси на Интернационалнот здружение на музичките фоклористи (ИФМЦ), како и на VII меѓународен конгрес на антрополозите и етнографите во Москва (1964), на меѓународниот симпозиум во Велење (1965), на симпозиумот на Рациновите средби во Велес (1966) и на Симпозиумот за македонскиот револуционерен фолклор од епохата на Илинден во Крушево (1968). Покрај овие, Васил Хаџиманов има одржано и над 30 предавања во разни народни и работнички универзитети и училишта во Македонија и има изработено стотици музичко-говорни емисии преку Радио Скопје. Меѓу другото, тој е член на Друштвото на композиторите на Македонија, на Друштвот на фолклористите на Македонија, на Интернационалнот здружение на музичките фолклористи во Лондон и на Здружението на етномузиколозите во Њујорк. Оваа активност му овозможи широки контакти со специјалисти од разни земји во светот, па истовремено и да биде во тек со најновите научни постигања во етномузикологијата.
Покрај оваа стручна и истражувачка дејност, Васил Хаџиманов активно учествува и во општествено-политичкиот живот на Републиката.
По повод неговиот јубилеј Книгоиздателството „Македонска книга“ му објави зборник од 196 „Македонски народни песни“ под наслов „Моми тиквешанки“ што всушност претставува избор од веќе објавените народни песни, претежно од Тиквешијата и главно запишувани пред Втората светска војна.

No comments:
Post a Comment