1919, март, 9, Софија
Апел на претставниците на бившата ВМРО до македонскиот народ и до македонската емиграција во Бугарија, настанат по постигнатата спогодба на Серскиот револуционерен округ и претставннците на бившата ВМРО. Изнесена е политичката програма за обединувањето на македонското револуционерно народноослободително движење и барање за територијална целост на Македонија.
1. Македонското население, без разлика на народност и вера, по сè што проживеа има цврста и свесна желба неговата земја да се запази цела и неразделена како самостојна политичка единица на Балканот, во нејзините природни балкански граници врз базата: Солун како општ центар, вардарската долина, Скопје и Битола со нивната стопанска и економска заднина. Овој свој стремеж да заживее мирно и слободно македонското население е готово да го подвлече и отворено преку еден плебисцит кога ќе се отстранат заинтересираните администрации.
2. На вака создадената држава да ѝ се даде самоуправа со полна рамноправност и еднакви права на сите народи без разлика на бројност и при отсуство на секакви духовни или политички установи, кои би ѝ дале предност на која и да било од нив или би побудиле сомневање или страв од зародување на сепаратистички стремежи и аспирации.
3. Додека се организира и зацврсти внатрешно и до целосно изживување на тукушто стивнатите расправии и страсти меѓу разните народности, кои ги имаат сите природни услови да заживеат во мир и братство само да се ослободат од надворешното влијание, идната самостојна Македонија да добие солидни меѓународни гаранции за својата постојана неутралност и да биде под меѓународна заштита против секаквите завојувачки стремежи однадвор, за да може при така гарантирано постоење да го заземе своето скромно место, штом ѝ биде такво определено во идното семејство на народите.
4. Поддржувајќи ги горните барања, македонското население не се раководи од чувството на непријателство, туку од желбата за живот и мир. Кристализирани одамна во својата национална физиономија, никоја од народностите во Македонија не сака туѓо политичко господство ниту раскинување на една земја која, по одделувањето на соседните балкански држави од Турција, издигна внатрешни трговски центри како Скопје и Битола коишто заостануваа само зад нивните престолнини. Притоа македонското население во својата целост стана жртва на една балканска политика која надворешно имаше извесна национална оправданост, но која фактички, поради географската положба на Македонија којашто ѝ даваше цена само како на цела, се изрази во стремежи за насилни завојувања кои го фрлија целото население заедно со неговите балкански браќа во катастрофално самоистребување и тоа сега, искрвавено, разорено и откако ги преживеало на два пати ужасите на таква бесплодна политика, е исправено пред неопходноста да раскрсти еднаш засекогаш со таа политика и да живее самостојно, само за себеси и во братски односи со сродните балкански народи, доколку нивните влади ќе ја почитуваат Македонија како постојан и рамноправен фактор на Балканот.
Ако овие барања се навистина барања на нашите сонародници таму и овде, ако тие се идеалите како на населението во Македонија така и на емиграцијата во Бугарија и ако ние, потписниците на овој апел, подавајќи си ја братски раката од името на еден народен идеал и решени да врвиме заедно до крај, ги имаме квалитетите да ја претставуваме бившата Револуционерна организација и да ѝ служиме верно, дајте ни ја довербата, дајте ни ја поткрепата. Ние ќе се помачиме оваа организација со сите нејзини зачувани сили да застане повторно на своите нозе. Помогнете и бидете готови да ја поткрепите секој момент, особено кога ќе ѝ се наложи да даде соодветна форма на нерасипаните народни сили за да ги упати кон задачите и потребите на иднината, каква и да биде таа
9 март 1919 година.
Потпишале: Ѓ. Петров, П. Ацев, Т. Делииванов, М. Ив. Герџиков, Таско Спасов Серски, А. Лозанчев, Д. X. Димов, Д. Икономов, Хр. Јанков, Кр. Љондев, Н. Пушкаров, Протојереј Томо Николов, Чуд. Кантарџиев, Р. Ризов, Г. Скрижевски, П.П. Арсов, Пав. Христов, Лука Церов, М. Шкартов, Ар. Ма-ев, Ст.- В. и др.
Архив Војноисторијског института ЈНА (Београд), Операцијски дневник онеративног одељења Врховне команде., кут. 27, бр. 2, кн. 40, 1919, 596.

АПЕЛ ДО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И ДО ЕМИГРАЦИЈАТА ВО БУГАРИЈА

No comments:
Post a Comment