April 17, 2012

Црн Петок, Велигден, Јајца и Локуми

Автор: Ѓорѓи МАРКОВ

Што да се напише во ваков момент? Мозоците на многу луѓе сè уште не можат да сфатат, поради едноставна причина: нашиот мозок одбива да прифати дека постојат (не)луѓе кои можат така ладно да егзекутираат 4 деца и сведок на егзекуцијата. Тешко е да се „преработи“, но и овај немил настан, и многу поранешни зло-дела покажуваат дека има не-луѓе спремни на разни работи кои нормален човек не може ни да ги замисли.

За оваа прилика, не би пишувал за манифестациите на човечкото лудило изразено во масовните форми на уништување, како геноциди, војни, туку за нешто друго, за измами кои довеле до големи уништувања и несреќи. Ќе пишувам за измами како државниот удар во Иран во 1953та, за инцидентот во заливот Тонкин, и за палењето на „Рајхстагот“ (германскиот парламент).


Државниот Удар / Пучот во Иран во 1953та, е во режија на тајни служби на Обединетото Кралство и САД. Против легалната и демократски избрана Влада на Мосадек. Тоа денес е општо-познат и прифатен факт.

The 1953 Iranian coup d'etat:

"The 1953 Iranian coup d'état (known in Iran as the 28 Mordad coup) was the overthrow of the democratically elected government of Iranian Prime Minister Mohammad Mosaddegh on 19 August 1953, orchestrated by the intelligence agencies of the United Kingdom and the United States"

Инцидентот во заливот Тонкин е измама извршена од страна на група политичари и раководни лица на Воената Индустрија и Морнарицата на САД, со цел да се предизвика војната во Виетнам.

Gulf of Tonkin incident:

„The Gulf of Tonkin Incident, or the USS Maddox Incident, are the names given to two separate confrontations, one actual and one now recognized as non-existent, involving North Vietnam and the United States in the waters of the Gulf of Tonkin.“

Палењето на германскиот „Рајхстаг“ (парламент) беше измама со цел да се елиминира единствената посериозна конкуренција на Хитлер и Фашистите во Германија (Комунистичката партија).

Reichstag fire:


"The Nazis alleged that Van der Lubbe was part of the Communist conspiracy to burn down the Reichstag and seize power, while the Communists alleged that Van der Lubbe was part of the Nazi conspiracy to blame the crime on them."

Значи, сите три инциденти се денес општо-познати факти, никакви теории на заговор. И сите имале катастрофални последици. Поради тоа што Поединци и Народи замешани во тие инциденти, не покажале доволно стрпливост и мудрост, не биле способни да се однесуваат како разумни суштества, туку подпаднале под лагите / манипулациите.

Државниот Удар од 53та во Иран, е директна и индиректна причина за многу подоцнежни конфликти. (војната меѓу Иран и Ирак, и нападите врз Ирак во 1991ва и 2003та, како дел од тие конфликти).

Бројот на жртвите во тие конфликти е огромен.

Непостоечкит втор инцидент во заливот Тонкин, беше директен иницијатор на Виетнамската војна, како и на неколку други конфликти во регионот.

Бројот на Жртвите во тие конфликти е огромен.

Палењето на Рајхстагот доведе до Втората Светска Војна.

За да не пишува или кажува некој мој внук или правнук, кога ќе ги знае ФАКТИТЕ за убиството, колку сум бил нестрплив и глупав (што сум дозволил некои нискофреквентни не-луѓе да ме изманипулираат), ќе размислувам и ќе се однесувам трезно и одговорно.

Како родител на дете на иста возраст со убиените.

Ќе почекам институциите да си ја завршат работата, а доколку истите затаат, има демократски начини на искажување незадоволство, и притисок врз истите.

И ќе упатам порака и молба до сите вас вознемирени, гневни, уплашени, загрижени и секакви, наместо да повикувате на „конечни пресметки“, „чистење“ и некакви други форми на вашата лудост, обидете се со следниот рецепт:

„Локум со Комшиите Албанци / Муслимани“

- Купете Локуми. Локумите ги сакаат многумина, и млади и стари, и Христијани, и Муслимани, и Атеисти.
- Доколку можете да си дозволите, купете едно пакетче Кафе, и еден Сок. (Со се пакетчето Локуми, тамам 3, по Рисјански)
- Во зависност од тоа во какви односи сте со некој комшија етнички Албанец, најавете се, договорете посета, речете му „комши, сакам да поминам, ако сакате, на кафе, тро муабет“. Или ненајавени, едноставно отидете.
- Со Тага во Срцето, но Сонце во Мислите. Со Добра Мисла.
- Каснете некој Локум заедно, напијте се кафе, сокче, за душа на убиените.
- Разговарајте со комшиите, околу ситуацијата, околу други работи.
- На пример, прашајте ги за улогата на Светата Девица Марија во Исламот.
- За улогата на Исус во Исламот. (Се прашувам, колкумина од вас кога ќе го прочитаат ова, ќе си помислат „што ли пишува овој“...)

За овај рецепт се потребни малку пари, малку добра воља, и комшија не-Македонец, по можност етнички Албанец / Муслиман.

Доколку го пробате рецептот, можеби ќе научите дека не можеш да си Муслиман, доколку не веруваш во Исус.
Доколку го пробате рецептот, можеби ќе научите дека не можиш да си Муслиман, доколку не веруваш во Светата Девица Марија, и Исусовото безгрешно зачнување.
Доколку го пробате рецептот, можеби полека ќе почнеме да ги согледуваме сличностите и работите кои не поврзуваат, а не само разликите и работите кои не делат.

Во секој случај, претпоставувам ќе делува како мелем на раните.

Децата ги убија. Ристо(с) Воскресна.

За Многу Години, и паметењето на овие деца, кои како маченици отидоа под налетот на нечие лудило, и За Многу Години Велигден.

Време е за залечување на раните, а не предизвикување нови.

No comments: