April 1, 2012

Битката за Скопје 2

Завршните операции на Н.О.В. за ослободувањето на Македонија, Михаило Апостолски

БИТКАТА ЗА СКОПЈЕ

Планот на битката

За ослободувањето на Скопје, кое беше солидно организирано и брането со сили од околу една дивизија, можеа да се заангажираат само 42. НО и 50. НО дивизија, и XVI бригада од Кумановската дивизија. 41. НО дивизија доби задача држејќи ги комуникациите во реонот на Градско, Криволак, Кавадарци, Плетвар, да ја затвори до лината на Вардар и со тоа да ги заштити од дејстиото на Германците по тој правец операциите на 49. НО дивизија во правецот на Битола, како и операциите на 42. и 50. НО дивизија во битката за Скопје, и најпосле ла послужи како резерва на Главниот штаб на HOB и ПО на Македонија. Оттука 41. НО дивизија можеше да се употреби, за 2-3 дневен марш, спрема Битола, како подршка на 49. дивизија спрема Кичево, за да го осигура евентуално бокот во време на нападот на Cкопјe од дејството на балистите од Западна Македонија (на овој правец подоцна беше и употребена), како и спрема Скопје за експлоатација успехот на 42. и 50. НО дивизија.


За да можат да се соединат 42. и 50. НО дивизија, неопходно беше, прво, да се заземе Штип и Велес и дури потоа да се овозможи настапувањето кон Скопје на 42. и 50. НО дивизија.

Замислата за проведување на битката беше: од југ, исток и север концентрично, со содејство на ударните групи од градот, да се нападнат германските сили во Скопје, да се обиколат и потоа со брз продор во градот да се изолираат одделни групи и уништат.

Планот за напад и заземање на Скопје беше следниот:

— 42. НО дивизија со две бригади (III и XII ударна македонска бригада) да напаѓа од југ преку Карлијак, со задача по заземањето на надворешната одбрана на Скопје со главните сили да се пробие до мостовите на реката Вардар и по секоја цена да му оневозможи на непријателот да ги урне, a со дел од силите да дејствува спрема Ханриево.

— 50. НО дивизија и VIII бригада од 42. НО дивизија да настапуваат по левиот брег по долината на Вардар, со задача да нападнат од источната страна на Скопје, потоа, во содејство на XVI македонска ударна бригада да го заземат северниот дел на градот и со тоа да го затворат обрачот околу Скопје, а потоа со дел од силите да и' содејствуваат на 42. дивизија при заземањето на мостовите на Вардар и уништувањето на германските сили во Скопје, на десниот брег на Вардар. Co дел од силите да се обезбеди спрема Куманово, (кое до 11 ноември беше во рацете на Германците).



— XVI македонска бригада од Кумановската дивизија, која дотогаш дејствуваше на комуникацијата: Скопје — Качаник, доби задача од Скопска Црна Гора да нападне на северниот дел од градот, да ги заземе касарните (к. 307) и да и' содејствува на 50. НО дивизија, таа со тоа да овозможи потполно опколување на германскиот гарнизон во Скопје.

— Ударните групи, формирани од страна на партиската организација во градот од работници и младинци од градот, имаа задача, во моментот на навлегувањето на нашите единици во градот, да нападнат на одделни германски посади, нарочно на мостовите на Вардар и со тоа да го помогнат дејството на нашите единици; потоа да им послужат на нашите единици и како водачи во уличните борби.

— Нападот да се подготви и проведува така што да се предизвика полно изненадување — оти единиците немаа доволно артилерија за артилериска подготовка (50. дивизија имаше еден дивизион артилерија, а артилеријата на 42. дивизија остана во Велес, бидејќи не можеше да се префрли преку Вардар, a по дивизијата не можеше да се движи низ планините).

[Конвертирање: Macedonian Documents; скен: Македонска Библиотека]

No comments: