March 31, 2012

Античко минато - предмет на исмевање

На бугарскиот Интернет портал Dveri.bg на 31 август 2011 година беше објавено (Новината за беатификация на Александър Македонски се оказа блъф) дека наводната канонизација на Александар III Македонски од страна на МПЦ е само шпекулација:

През последните седмици гръцките и македонски медии влязоха в ожесточена полемика по повод предстояща канонизация на Александър Македонски от страна на Македонската православна църква. Според македонските СМИ гърците били разпространили новината за уж предстояща канонизация на Александър Македонски. Според гръцкия вестник "Прото тема" пък слухът бил разпространен от български новинарски портал. Според тиражираната информация главата на... Македонска православна църква архиеп. Стефан възнамерявал да пристъпи към официалната канонизация на Александър Македонски, чиято национална идентичност гърци и македонци яростно оспорват вече дълги години. Архиепископ Стефан дал съгласие за изработването на икона на Александър Македонски... като за пример се дават две църкви... Първата църква е "Св. Троица" в Радовиш, където е изографисан Александър Македонски...






"Во последните недели грчките и македонските медиуми влегоа во жестока полемика по повод божемната канонизација на Александар Македонски од страна на Македонската православна црква. Според македонските средства за масовно информирање, Грците шират вест за божем претстојнaта канонизација на Александар Македонски. Според грчкиот весник "Прото тема", пак, слухот бил распространет од бугарски новинарски портал. Според тиражираната информација главата на... Македонската православна црква – архиепископот г. г. Стефан има намера да пристапи кон официјалната канонизација на Александар Македонски, чиј национален идентитет Грците и Македонците жестоко го оспоруваат веќе долги години. Архиепископот Стефан дал согласност за изработка на икона на Александар Македонски... како пример се даваат две цркви... Првата црква е "Св. Троица" во Радовиш, каде што е изографен Александар Македонски..."

Ние го поставуваме прашањето - штом Грците од весникот "Прото тема" (и Бугарите од споменатиот бугарски портал) врз база на присуство на фреска на Александар III Македонски во македонски храм заклучуваат дека тоа ќе значи канонизација на овој славен македонски крал и војсководач од страна на МПЦ, дали тогаш оваа фреска на Александар во манастир во Метеора, Грција, значи дека тој веќе бил канонизиран од грчката православна црква?





Saint Sisoes and the Bones of Alexander. Fresco: Meteora (Greece), Varlaam Monastery

Понатаму во истата статија на Dveri.bg пишува:

Според македонските медии обаче това е изкуствено създаден скандал и въпросът за канонизация на Александър Македонски никога не е бил поставян...Практиката да се изографисват езически философи и исторически личности в православни храмове има традиции в поствизантийския гръко-славянски свят, както и в Румъния. Тяхното изографисване като предтечи на християнството или спомогнали за подготовката на тогавашната цивилизация за неговото приемане става масово през 16-17 век, но се появяват още преди падането на Византия.

"Според македонските медиуми, сепак, тоа е вештачки создаден скандал и прашањето за канонизација на Александар Македонски никогаш не било поставено... Практиката да се изобразуваат пагански философи и историски личности во православни храмови има традиција во поствизантискиот грчко-словенски свет, како и во Романија."

Иако претходно споменатиот бугарски портал во август минатата година потврди дека изобразувањето на пагански личности, како претечи на христијанството не е ништо ново, сепак друг бугарски Интернет портал Actualno.com, со исмејувачки тон кон Македонија, во статија од 23.12.2011 (неколку месеци потоа), коментира и ги извртува фактите во врска со присуството на фреска на Александар III Македонски во македонскиот православен храм во Радовиш:

В Македония изографисаха Александър като християнски светец.

Александър Македонски, изобразен като християнски светец, близо 300 години преди появата на християнството, е изографисан в новия храм на Радовиш – „Света Троица”, съобщиха македонски медии. Идеята е на ктитора на храма – Ристо Гуштеров, бизнесмен от САЩ, който е решил, че сред християнските светци трябва да постави освен Александър, и неговият баща – Филип Втори Македонски.





"Во Македонија го изографија Александар како христијански светец.

Александар Македонски, прикажан како христијански светец, околу 300 години пред појавата на христијанството, е изографен во новиот храм во Радовиш - "Света Троица", соопштија македонски медиуми. Идејата е на ктитора на храмот - Ристо Гуштеров, бизнисмен од САД, кој решил дека меѓу христијанските светци треба да го постави освен Александар и неговиот татко - Филип Втори Македонски."

Оваа статија не е ништо друго туку намерно ширење на лаги. Како прво присуството на овие фрески е стара новост, а како второ ниту Александар, ниту неговиот татко Филип не се претставени како светци (немаат ореол како светците ниту пак пред нивните имиња стои Св.).

Практиката да се изографуваат пагански личности како претечи на христијанството како што претходно беше спомнато, не е ниту нешто ново ниту пак појава екслузивна за Македонија. Погледнете ги овие фотографии на кои се гледаат детали со Александар III Македонски од западноевропски катедрали:








Alexander the Great (356-323 BC) on a throne borne by griffins. Cathedral, Trani, Italy











Alexander the Great (356-323 BCE) on a throne supported by griffins. From the mosaic floor of the cathedral of Otranto, southern Italy.

Ваквата пропагаторска активност во последно време станува главна карактеристика на одредени бугарски центри кои преку исмејувања се обидуваат да ги принудат Македонците да подлегнат под притисокот и сами да се лишат од своето античко наследство. Главната цел на овие центри е да ги претстават Македонците како етнички Бугари.

Тие активно манипулираат и со етничката припадност на македонските Илинденци, претставувајќи ги како етнички Бугари. Преку тоа се трудат да го наметнат ставот дека Македонците и Бугарите се еден народ.

Но се поголемата свесност на се поголем број Македонци, дека македонската историја не е лоцирана само за време на Илинден туку и многу пред тоа, во времето на антиката, ги принудува овие центри својата пропагаторска активност да ја прошират и свртат и во друга насока. Знаејќи дека Македонците и Бугарите не може да се еден народ ако Македонците денес се потомци на античките Македонци, а Бугарите не се, тие преку вакви и слични статии се трудат да го исмеат и претстават како лажно античкото минато на Македонија, а со тоа се надеваат барем дел од Македонците под ваквиот притискок да прифатат дека античкото минато на Македонците е заблуда. Дополнително олеснување им е тоа што ваквите тврдења се на иста линија со грчките кои исто така сакаат да им го одземат правото на Македонците да се гордеат со своето античко минато, како би си го приграбале само за себе.

За среќа оваа нивна пропаганда тешко им успева не само во Македонија туку и во самата Бугарија. При ваквите битки за нашиот идентитет не смееме да заборавиме дека постојат огромен број на Бугари кои ни ја признаваат нашата античка историја. Имено при посета на Бугарија пред неколку години, при запознанство со еден Бугарин, откако го слушна моето име - Александар, на него веднаш му ја накалеми придавката "Македонски", каков што е случајот со најславниот македонски антички крал Александар III Македонски.

Автор Александар Стеванов

No comments: